Во град сме каде што нема никаков сируп. Сега во Ск ќе одиме. Најдов сличен на овој и никаков нема за уринарна инфекција.
Kesicki utimanoza, vo 50ml voda i navecer se pie. Dofurin tabletki dozata e individualna moeto pisese 3x1/2 izgmecena vo lazica mleko. Od ova mu projde.
Уриројал кесички, ако е дете над 1 год., тоа е пробиотик во комбинација со д маноза, добро е за инфекции. Ако е за антибиотик, лекар да потврди што да земете, за да не го пие за џабе
Искуство со дтпа скен на нуклеарна медицина. Ни рекоа да испитаме и чекаме да се јават кога да идиме. Се работи за 3 год дете. Испитавме вур ви плодност и се е во ред. Но на контролата после 6 месеца испадна дека е зголемен застојот во левиот бубрег. Беше 1-2 степен сега е 2 степен. Дали сте имале случаеви така да се зголеми застојот и што натаму.
Искуства со рефлукс од 4-5 степен ? Дали има шанса да се намали и дали сте има некоја мајка искуство сп операција , каде и дали била класична или има можност за лапароскопски?
Дали правевте скен? Кај нас се зголеми од раѓање од 1 степен, после 3м беше од 2-3 степен, сега уште е толку, ќе правиме контрола скоро во плодност. На нуклеарна медицина правевме скен и функционалноста беше ок и покрај зголемен рефлукс, ќе чекаме натаму што ќе се деси само со контроли и профилакса до тогаш. Моето на едниот бубрег има рефлукс, а на другиот хидронефроза исто 2-3 степен. Не знам дали те интересира уште прашањево, моето и а од 2-3 степен, ако не е зголемен сега, ќе правиме контрола во Плодност скоро чекаме да се собере група. До сега операција не сме дискутирале оти ни рекоа да чекаме барем до 3 год ако нема проблеми со инфекции(а нема). На внуката беше од 4ти степен и чести инфекции, ја оперираа на 3 год, во Белгија беше зафатот, брз зафат со брзо закрепнување, немаше никакви последици, сега е супер и на контрола е констатирано неколку пати дека се е во ред. Само Дафинка Кузмановска во Ремедика, одлична.
Ние откривме рефлукс на 2,5 год 2-3 степен. На профилакса по една година, сеуште 3 степен, уште една година на профилакса и исчезна пред да наполни 5 години. Испитувања правевме во Плодност кај Дафина Кузмановска.
Ќерка ми е веќе 10 години и фала богу нема веќе рефлукс.Го откривме на 2,5 години кај Дафина Кузмановска.Степенот беше 2-3 и цела година бевме на Пиолосептил.Цистографија правевме во Плодност.Правевме скен тогаш во Систина зашто неможевме да најдеме термин и среќа немаше оштетувања.После на 5,5 години и се повлече и сега за сега немала никаков проблем. За докторката само пофални зборови имам.
И ние сме со искуство кај Дафинка. На 8 месеци дијагностициран 2-3 степен поради инфекции 3 пати до 8миот месец. На профилакса една цела година и потоа се беше чисто. Потоа и ренген правевме дали дотогашните инфекции направиле некое оштетување на бубрезите, се беше ччисто. За ова искрено ја препорачувам Дафинка и Плодност со нивната апаратура (не знам дали во Скопје донесоа таков апарат без зрачење да е, нашето искуство е пред 7 години). Оттогаш наваму ниту еднаш не фати инфекција. Не подлегнувајте одма за операција.
Не се согласувам со тоа дека одлуката за операција треба да е наша, сметам дека ако специјалист каже дека е неизбежна тогаш треба да го послушаме, мислам не мора прво мислење ама ако неколку доктори сметаат дека е потребна тогаш мора да се оди на тој чекор. Кај сите деца не се исти последиците од рефлукс и некогаш операција е неизбежна. Пример кај внуката и покрај профилакса и максимална хигиена постојано беше со инфекции, не знам ни јас колку пати лежеа во болница, на крај докторите и тука и во Белгија рекоа дека мора да се оперира дека нема друго решение во нејзин случај и не смее да се чека да го надрасне зошто може да и се оштетат бубрезите. И ја оперираа на неполни 3г. Кај нашето веќе година ипол поточ о од раѓање е на пеофилакса, ама и тоа не може вечно да го пие, може да има последици на црниот дроб недај боже, па ако продолжи вака и јас не би чекала до 5 год да исчезне, плус што има и хидронефроза и двата бубрега се загрозени па ако Дафинка рече дека мора операција ќе ја послушам. Нема уште инаку апарат без зрачење во Ск, сеуште само Плодност е за ова. Јас не знам дали да правам контрола пак сега после година за рефлуксот или да чекам уште малце, искрено многу ми е скоро една година пак да го подлежам на процедурата во Плодност тогаш ми беше многу стресно и на него и на нас, а и мислам дека е мал период за да има подобрување. До сега немаше проблем со инфекции фала богу, па и тоа ми е плус да не брзам.
Mуабетот ми беше дека ако еден рече операција, не мора одма. Како што кажа, мислење од повеќе доктори. Секако дека секој организам различно ја поднесува секоја состојба. Меѓутоа, јас сум прво да се проба се, а операција да е последно, секако ако има простор за маневрирање и одолговлекување. Јас појдов точно на една година за проверка од профилаксата. Само го споделив моето искуство. Не мислев ништо лошо.
Не воопшто ме реков дека мислеше лошо, само се надоврзав на дискусија А откако напрви проверка продолжо со профилакса и на колку години беше тоа? Од раѓање беше на профилакса?
На профилакса беше од 8 месеци до 1 година и 8 месеци. Само една година беше на профилакса и не продолживме затоа што сосема беше намалено, односно нема веќе рефлукс. И оттогаш ниту еднаш не фати инфекција. Сега е веќе 8 години и нема никаков проблем.
Чекаме да ни се јават кога да идеме. Малку да ми објасниш ако сакаш како е процедурата. И кај вас што испадна проблемот, од што е застојот? Многу сум под стрес овој период.
Дали ова значи дека има еритроцити? Дека горе е негативно, обично горе кога е позитив и во седиментот има број на еритроцити..или е грешка некоја
Мајки на машки бебиња, дали некогаш се случило одеднаш да отече курето? Редовно чистено и отварано секој ден, од раѓање. Дадоа белогент и камилица, но зошто воопшто се случува ова кога хигиената е на високо ниво?
Здраво, Дали знаете каде во Мк можам да го најдам сирупот Пиелосептил, во Велес, Жива фарм го нема? Слушнав и дека во Косово го има, дали знаете каде поточно?