Јас го зимам од жена ми го праќа од БГ. Пиши на групата на фб ќе ти излезе некои што го носат. Ќе ти дадам број и од неа, претстави и се кажи дека ти го дале бројот за набавка на сируп.
Ima i tableti pieloseptil sirupot porano od turcija go poracuvav ama sega nemozam povejke da poracuvam i maticnata ni kaza deka i tabletite se isi kako i sirupot i tableti zemaf pozz
Го има во Косово во било која поголема аптека, а кај нас може и во Чаир некоја аптека да ви го донесе, оние на Јаја Паша, јас кога барав такс ми кажаа. П.С. Сирупот е одвратен, малата го повраќаше цело време. Мора да се дава милилитар по милилитар за да не го поврати. Мачно е ама ако го поврати, повторно треба да се даде.
Даа, го најдовме во Косово, го има во скоро секоја аптека и 2,5 евра е... А за пиењето се навикна бебуш веќе, го пиеме 7 месеци. Се надевам на следната контрола ќе го прекинеме.
Здраво мајки. Кај моето дете на 2 години( сега е 4) и е диогнистициран застој на левиот бубрег, а на последниот преглед и на десниот. Со секоја конѕрола е се повеќе зголемен застојот. Гледам кај ппвеќето во бременоста е дијагоностициран застојот, кај нас на две години. Има хидронефроза од 2 степен. Не сакам да читам на интеренет, ама еве прочитав и пишува дека причините можат да бидат страшни. Веќе две години како е констатиран застојот. Се надевам не е нешто страшно. Почнав да си правам најлоши филмови…. И сакам да прашам дали кај некој кај ваше детенце го констатирале покасно т.е. Се појавил покасно застојот
Кои испитувања ги правевте? Може е од раѓање ако не сте правеле контрола до тогаш не де видело. Кој го води? Има ли проблем со инфекции?
Пред 1 година скен на бубрези, и двата работеа како што треба , тогаш само во левиот застој од втор степен. Пред 5 месеца на контрола и на десниот застој од прв степен. Инфекции пред две години така и случајно го пткривме застојот. Од тогаш наваму нема инфекции.одиме кај др. Кузмановска
МАГ скен така? Кај нашето за сега нема промени, ама една година немам правено контрола, месецов ќе го носам да видеме. А рефлукс има или не?
Не се сеќирај, некои луѓе живеат со тоа до старост без да бидат свесни дека го имаат, 2-3 степен и не е толку страшно. Ќе го контролираат и ќе реагираат на време ако има проблем, ако дојде до тоа ќе направат интервенција, ќе стават стент и интервенцијата е лесна и брза, децата брзо се опоравуваат. Внуката е правена операција на 3г., кај неа и рефлукс имаше на двата бубрези. Ние треба да повториме некои тестови ама совет од белгиски доктор беше дека до 3г е доволно само еднаш да се прават тие тестови и на ехо ако се види по потреба пак, за да не се малтретира детето безпотребно зошто до 3г е реткост да се реши проблемот. На колку месеци правите контрола кај Дафинка? Она на нас ни рече на 6. Ама јас последнава година прескокнав на 6, ете 12 м ќе станат. Не сме имале проблем со инфекции и не сакав толку често да го носам.
На 6 месеца… како се ближи времето за контрола си правам секакви филмови… моето дека нема рефлукс па не знам како е настанат тој застој а сега и на другиот бубрег
Ама и моето нема рефлукс на истиот бубрег што има хидронефроза, на едниот е рефлукс на другиот хидронефроза. Може е настанато во текот на бременоста ама поради тоа што не сте имале никаков проблем сте откриле покасно, не значи дека е настанато отпосле. Кај моето не го открија на скенот кој беше редовен за развој на органи туку подоцнани тоа случајно. Не си прави филмови, знам дека е тешко да не мислеш ама во најдобри раце е, нема да се случи ништо лошо. Ете сама кажа досега само еднаш имало инфекција, бубрезите работат, ќе се реши проблемот.