Ние бевме денеска кај неа, стварно мн добра докторка. Јас и другарка една ја прашав за неа и рече врвот над врвовите е. Во пензија е 10г, а женава ств не личи така. 5700ден е прегледот со ехо. @1209 и другите што одите кај неа на контролите колку наплаќа? За месец дена треба да одиме пак.
Кај нас нареден пат би немало ехо пак мислам.. пак 5700 би било? Зошто рече да отидеме кога ќе го средиме проблемот, на контрола А според неа тоа ќе е макс за месец дена..
5700 ден е ние последно бевме Сега да ви кажам, многу ми е тешко да не мислам. Уште во 8ми месец на ехо приметиле дека нешто со бубрезите има, после раѓање почнавме со контроли баш @1209 ми препорача за кај Дафинка и од тогаш сме таму Прво имаше на 2та бубрези хидронефроза, бевме во битола за вур нема. Е после следна контрола на едното се исчисти а другото прв степен остана и рече после 6 месеци контрола. И кога виде на ехо пак се врати на другиот бубрег хидронефроза и тоа 2 степен а другото остана исто. Незнам што да се прави што ова значи И сега по 3 месеци највеќе 4 пак контрола и ако биде пак вака лошо да се направи дтпа скен (маг 3) Правеше некој овој скен?
Да правевме, ќе видат како функционираат бубрезите. Трае околу 1 ч, малце е мачно зошто детето е врзано а будно и треба да го држите мирно. Ние пуштивме цртан и стоевме до него, имаше неколку пати обиди да се снима и повторувачки, зошто стануваше нетрперлив. Колку е помал толку е подобро, у суштина е магнет, ќе му стават канела и ќе пуштат контраст. Малце е тешко да дојдеш до термин, ако имате врски фаќајте, ние чекавме 3м за термин на крај мораше да фатиме врски за жал и тоа преку градоначалникот до толку. Може сега не е така не знам, ова беше 2023. После скенот ќе се види како работат бубрезите, ако работат ок, ќе се прати само детето на секои 6-12м ако нема проблеми ќе си остане само со контроли додека најверојатно не ја надрасне хидронефрозата, зошто најчесто се надраснува со развој на уринарните органи, накај 3+ год. 1 и 2 степен и не е така страшно. Ние бевме на контрола сега и го прекинаа сирупот ќе оставиме само на пратење да не фати инфекција, претпоставка дека вур веќе нема, ама хидронефрозата не е ниту подобрена ниту влошена, 2-3степен е кај него. Хидронефрозата е само на еден бубрег. Кај него со маг скенот се виде дека работат совршено 51/49% ако има потреба натаму ќе правиме пак. Сега ни препорача еден преглед во Белград да се види дефинитивно дали хидронефрозата го уништува бубрегот или не, ако да ќе се оперира, ако не, ништо ќе се чека да исчезне. Знам дека си исплашена, ама не е толку сериозно како што ти изгледа моментално дека е. Слушај ја Дафинка и нема да имате проблем, ако МАГ скенот покаже дека се е во ред и дека работат тогаш ќе пратите само на контроли и тоа е тоа.
И ние го правивме тој скен. Беше 2 и пол години и добро поминавме со цртани до дека траеше иситувањето. Како дете не го доживува толку страшно, се смееше цело време, повеке е стресно за нас родителите. Ама добри беа резулатите и сега за сега само следиме. На последниот преглед беше намален застојот, а на другиот бубрег скроз исчезнат.
Dali se raboti za masko detence ili zensko, dokolku e masko togas gokema e verojatnosta da bide i valvula, nie imavme za kija Dafina 100% bese ubedena deka nema na ona ehoto od pred 30 godini, a go otkrija vo turcija i zato imase maloto hidronefroza predizvikano od vrakjanje mocka nazad
@1209 Мајка како си Како е синче? Сакав да те прашам за вакцини дали го носеше на сите на време? Сега треба мрп мојот па некако имам некој страв од неа Знаеш мојот е со хидронефроза на двата бубрега
На сите го носев, нема зошто да не го носиш, немаат врска никаква вакцините со хидронефрозата, зошто да ти е страв? Добар е инаку, нема проблем.
Имам една комшинка малата и е скоро 4 год И ден денес не беше за мрп вика дека е лоша за се ако се дава А јас се мислам со ова со бубрезите да не направи проблем
Нека мисли она дека е лоша МРП за се, се надевам дека детето нема да фати нешто полошо без МРП па тогаш да се прашува дали била нормална во главата. Јас сум многу против антиваксери и со сета должна почит сметам дека се глупи, така да од мене не очекувај да дадам совет да не вакцинираш освен, освен во многу ретки случаеви ако доктор не препорача да не се вакцинира поради х причини. Нема никаква причина да не дадеш МРП на дете, а особено на дете со други болести во случајот хидронефроза, напротив го штитиш од болести кои и те како можаш да направат проблем со здравјето без вакцина, а со самото тоа да ударат и на она што е најкревко во тој момент во организмот, во нашите случаи бубрези. Така да твое си е кого ќе слушаш, ама јас не сметам дека било која вакцина, особено МРП е штетна.
Здраво мајки сосема случајно откривме дека син ми има ектопичен бубрег. Двата бубрега му се припоени на левата страна така ни кажа нефрологот. Денес ми се јавија од патофиза (однесовме летоска документи за дмса скен) во петок 8 саат сабајле таму да бидеме. Како оди снимањево? Прв пат ќе правиме..
Малата е 3 ипол години. Често мокреше а на уринокултура ништо, немаше бактерија. Ја однесовме на ехо, има некој цистит пиеше дофурин се подобри па по терапијата пак често мочкање. Сега пиеше панцеф и исто по терапијата пак и се враќаат симптомите. Не качила температура, а на едниот бубрег и дијагностицираа хидронефроза. Секако ќе одиме на контролни прегледи но некој со слично искуство да не има, како го решил проблемот или како било понатаму постапено?