Така и си мислев. Децата од кај Надица ги викаат хидронефроза 1-2 степен на клиника. Дебилката си поставува дијагнози за само контроли да има, пари да си влече. Од 10 деца 2 стварно имаат дијагноза. Те молам однеси го на второ мислење кај др Тасич (во ПЗУ Пантелејмон работи), др Нора Абази на клиника или кај др Бисера. Моето излезе дека немало ништо и за џабе антибиотик пиело. А САКАШЕ И ДА И ПРАИ ВУР, КАТЕТАР ДА И СТАВА ДА ЈА СНИМА, НЕ ЗНАМ ШТО...
Ние кај доктор Бисера на детска клиника. Испитување за ВУР (цевус) каде правевте? Во Систина дали е без зрачење како во Плодност?
Мајки здраво. Во 30та недела во бременост ни е откриено прво пиелон од 10мм на десен бубрег. Во 35 недела, хидронефриза од 3 степен. Дали може некоја мајка да ми пише совет,искуство како сте поминале што следи после раѓање , дали се намалил степенот дали сте примале терапија? ви благодарам однапред на одговор
Истото ни го направиа и мене во бременост после и кај Дафина ме поболија од стравови, само Ташиќ во Пантелејмон! Се друго е за пари убаво кажа…
Како расти бебето хидронефрозата ќе се повлекува сеуште му се оформуваат ѕидовите на мускулите немој да се плашиш бегај подалеку пд Систина и Ремедика… идиотки од докторки
Зависи од тоа што точно има, дали стеноза или рефлукс, а тоа може само после раѓање да се потврди. Ние бевме на ехо кај Дафина во Ремедика и Тасиќ, тогаш работеше на клиника. Истата дијагноза стеноза и степен на хидронефроза ја потврдија и двајцата. Првото испитување беше ехо, па проверка за рефлукс, па кога тоа беше негативно, нѐ испратија на дтпа скен мислам се викаше, а на крај на магнет. Инаку Тасиќ самиот нѐ испрати кај Дафина и таа го правеше испитувањето во Плодност во Битола каде беше тогаш единственото во Мк без зрачење или бар со минимално. Сега не знам како е. Ние бевме со хидронефроза трет степен и мораше да се оперира. Истото и двајцата ни го кажаа. На година и нешто ја оперираа.
Фала на одговор Степенот беше установен во бременост или после раѓање ? До годината дали примаше нешто терапија? Дали имаше болкии детето ?
После раѓање. Во бременост ми кажа докторката дека е зголемен бубрегот. Искрено не се сеќавам баш на сѐ, одамна беше, ама тогаш она ми рече дека може бебето е и така наместено и притиска на бубрег, па задржува урина. Но секако постои и опцијата нешто да не е во ред. Инаку немаше никакви проблеми, но постоеше страв дека може да направи ако не се оперира. Кај неа беше стеноза и каналот беше тесен, па затоа бубрегот не се празнеше како што треба. Мислам дека рефлуксот повеќе прави проблеми од типот на инфекции, ама и тоа се средува. Знам која грижа ја имаш и низ што поминуваш, ама сакам да сфатиш дека што и да е, најважно е дека има начин да се среди. Може да се среди и само по себе, но може и ќе треба операција. Ако треба, ќе се помине тоа и после сѐ ќе биде во ред
Извини мајка што те гњавам до прашања ептен сум и ја преплашена ма да сега не може ништо да се наорави додека не се роди . Како ја поминавте операцијата? Дали беше лапараскопски или класична ? дали после тоа имате пак некакви компликации ?
Мајки искуство со добар детски нефролог? Потребно е за новороденче со хидронефроза. Читам дека др Дафина била добра, ама веројатно е во пензија веќе..
Здраво. Ние одевме кај неа на преглед и таа ни правеше цистографија во Плодност. Супер е докторката, не знам дали уште работи. Нам ни се среди со бубрежето, хидронефрозата ја снема после година ипол од раѓање.
И мене ме интерсира каде продолживте со прегледите. Ние одвме кај Дафина Кузмановска презадоволни бевме, но сега ќе треба кај некој друг да бараме. Ако има некој прдлог за добар детски нефролог нека пише.
Сега е Шахпазова во Ремедика наместо Дафина, океј е. На Клиника Јуле или Бисера. Пријателка скоро одеше кај Јуле, добра е. Ама незнам терминиве како се фаќаат...
Благодарам на инфо мајка. А мислење да споделите за тој некој Тасиќ или некоја Нора Абази? Не еважно приватна или државна болница, важно е да се најде добар детски нефролог, бидејќи се работи за прематурно бебе родено во 31ва недела поради таа хидронефроза…