Јас му го отварам исто од 6 месеци до пред роденденот немавме проблем. Денес бев на контрола ме упатија на хирург да види пошто мислат дека мора малце да го потсецнат веке 4 пат терапија со камилица и антибиотик па ке видиме. Дај боже се да биде во ред.
Мајки, дали наодот за проблем со бубрезите кај најмалите, ви го констатираа во бременост или отпосле се појави? И како знаевте во што е проблемот? Дали кај др. Тасиќ сеуште се закажуваат термини и колку време се чека? Исто, така ме интересира дали др. Надица е добар дијагностичар за ехо на бубрези кај едно месечно бебе? Благодарам.
Застој може да се утврди уште во бременост. Откако ќе се роди детето, најчесто поради чести уринарни инфекции или заради крв на пелената се открива проблемот. Тасиќ еднаш неделно беше во амбуланта, хитни ги примаше и горе на оддел. Сега, заради короната, како е не знам. Има број фиксен на нефро, може да се јавиш да прашаш. Надица, мене ме извади од такт кога бевме. И веќе не би одела кај неа. ( и покажав резултати од Тасиќ и Кузмановска, и вика "они ако не знаеле да кажат дијагноза, сега јас ќе ви кажам!) и нормално дека ништо ново не кажа. Цела е крената со носот во вис. Тоа не е битно за дијагноза, ама апсолутно неприступачна е. Дијагноза нас не ни даде. Рече: не знам! Јас сум задоволна од Кузмановска. На клиника се и Шахпазова и Емини, и тие се ок доктори (Шахпазова е малце дрска).
Мајки, дали може застојот да се зголеми или ако нема откако ќе се роди бебето, после неколку месеци да се појави проширување? Благодарам.
Не сум сигурна баш, ама колку што ги слушав докторите како расте така се намалува, бидејки каналот се издолжува/оптегнува и физиолошки се "исправа" дефектот. Ова под услов да нема бактерии, инфекции, воспалување.
А дали знаеш да ми кажеш која е разликата во снимањето за рефлукс во Плодност и во Систина? Освен што има поголемо зрачење во Систина, дали е истата постапка?
Не е. Во Плодност е со ехо. Со катетар вбризгува течност, па на ехо гледа како мокри. Дали враќа урина, следи каде патува течноста. Во Систина не е ехо (не знам стручно како се викаат методите). Таму е обично рентгенско снимање, со вбризган контраст. Барем така ми објаснија. И е со анестезија. Дури и од таму ми препорачаа дека за толку мало бебе подобра е методата во Плодност. Плус беше многу поскапо. + 100 еур анестезија.
Dali moze da spodelite iskustvo so dmsm sken na bubrezi na dve ipol godisno dete, kakva e postapkata i dali ima golemo zracenje.
Dmsa мислам беше? Или два различни се? На патофизиологија се прави. Се вбризгува контраст, во раче, со игла како инфузија што се става. Па имаш 15 мин да го заспиеш детето. И одиш на скен. Се гледа кој бубрег со кој процент работи, форма, местоположба....
Не сум знаела за темава. Малиов уште од бременост на прв скрининг се виде дека има проширување на десен бубрег и цела бременост се следеше ситуацијата, но при крај веќе и се подзголеми, па одлуката беше да се породам царски малку порано. Се породив во Ремедика и Кузмановска дојде за викенд да го прегледа, ми остави убав впечаток и продолжив кај неа да го носам. На првиот преглед немаше ништо, за еден месец кога го однесов пак, се покажа застојот на десен од 3 степен, а на левиот од 1 степен. Нè прати на ДТПА и малиот имаше месец и пол, го однесовме во Систина. Се покажа дека двата се добри, функционираат, мислам 48 со 52. Потоа кога имаше три месеци, бевме во Плодност и се покажа дека нема рефлукс и сега пред 2-3 недели бевме пак во Систина на Нуклеарна за ДМСА. И' го пратив на Кузмановска резултатот и рече дека се добри резултатите и да го однесам сепак да го види на ехо. Застојот си стои на десен 3 степен, нема подобрување, а и на левиот остана 1 степен. Така барем беше кога последно бевме на контрола во јануари. На Клиника не сум го носела поради целава ситуација, не сум ни пробала да најдам термин кај Тасиќ, претпоставувам и дека не може таму сега да се оди. Досега само кај Кузмановска сум го носела. Урина само еднаш сум му проверила, скоро 11 месеци има. Да не грешам? Немал висока температура никогаш, понекогаш го отвораме курето, но не му е отворено. Не знам дали да чепкам. Инаку, внимавам на хигиена ептен. Страв ме фаќа од операција, но штом не се средува, најверојатно ќе треба. Чисто психички се спремам иако не знам дали постои такво нешто како спремен да си за такво нешто. Кај ја најдов темава во 4 саат, сега нема спиење...
Малиот беше на операција есента. Не можеш психички никогаш да се спремаш но сега главата ми е помирна. Кај нас освен проширувањето излезе дека и се потковични бубрезите, па најмногу заради тоа беше. Го опериравме во Систина кај Симеонов и сум презадоволна. Го носев и на клиника кај Тасиќ но поради големиот број на пациенти не му обрна многу внимание, дури не ни кажа за потковичниот бубрег. И кај Надица го имам носено но ми остави впечаток дека работи за процент, а не за здравјето на децата.
Колку имаше кога го оперираа? Можеби си пишала, но не се сеќавам. Читајќи за Надица низ форумов не ни помислив да го носам таму. Сакав кај Тасиќ за уште едно мислење, но невозможно е поради ситуацијава. Проширувањето кај моево всушност не е во бубрегот, туку надвор, екстраренално. Којзнае што е проширено или стеснето, најверојатно може само на магнетна да се види. Дали некоја има искуство со магнетна?
Година и 3 месеци. Магнетна правевме на клиника на 3 месеци, и не ја имаа добро прочитано. Пред операција бевме кај професор Трајковски на ехо и да ја прочита магнетната и он ни кажа за потковичниот бубрег. Проширувањето не е на бубрего, туку на каналчето. Честа појава е кај машки бебиња поради различните хормони на мајката и бебето.
Значи магнетна само на приватно. Дали со успивање беше снимањето? Тоа најмногу ме загрижува, нема шанси да биде мирен ако нè пратат на магнетна.
Последно што знам и прашував беше во Систина аптеката.Ние го набавувавме од турција, но повеќе не го пиеме.