Проблеми со вкус и мирис после корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од аненце200220, 3 февруари 2021.

  1. аненце200220

    аненце200220 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Здраво, 3 месеци после прв симптом на корона сеуште сум без целосно вратен мирис и вкус и одредена храна ми мириса различно и не можам да ја јадам. Некој со слично искуство?
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    39.360
    Јас и сопругот имаме ист проблем, карикирам 80% вратен мирис, и соодветно на тоа вкус а крај на Октомври бевме болни.
    И порано ми се има случено исто при настинки да загубам мирис, и требало неколку месеци да се врати сосем.
    Меѓутоа немам одбивен вкус на нешто, бар немам приметено.
    Верувам дека ќе ти помине во догледно време, за себе не паничам зашто дежа ву ми е ова.
     
    На аненце200220 и pianogirl им се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    29.254
    Пол:
    Женски
    Јас изгубив целосно мирис со короната, и ми се врати минимално. Можев да осетам мирис само нешто ептен под нос ако ми е. Ама еве веќе неколку дена имам скроз нова промена. Сменето ми е скроз сетилото за мирис и вкус, јаките мириси ми станаа екстремно непријатни, се ми мириса како на скапано, мувлосано и не можам ни да јадам. Пријатни мириси скоро и да не чувствувам. Се јавив на орл специјалист, ми рече за бактерија да проверам, ама најверојатно ништо нема да има, туку е последица додека да се нормализираат олфакторните неврони. Чистам нос секој ден со neti pot, капки ставам ама на моменти е неподносливо.
     
    На NoirSerpentine и аненце200220 им се допаѓа ова.
  4. аненце200220

    аненце200220 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    после колку време се врати и дали го изгуби и вкусот?
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    29.254
    Пол:
    Женски
    Позитивна бев ноември изгубив мирис и делумно вкус тогаш. По 10тина дена ми се врати мирисот, ама чувствував само ако нешто ми беше ептен под нос, на далеку ништо не мирисав. И сега од пред некој ден ми е вака со непријатни мириси и вкус.
     
    На аненце200220 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Вкусот ми се врати целосно, а мирисот и после 3 месеци сеуште не е вратен во нормала. Мирисам само многу изразени мириси, но тоа трае краткотрајно и на второ мириснување не чувствувам ништо. Понекогаш имам чувство како одреден несекојдневен мирис кој го осетам да ми стои долго време во нос. Не знам како да го опишам чувството?!
     
    На Sunshine*☆*, Nigredo Odor и аненце200220 им се допаѓа ова.
  7. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    202
    Јас веќе 2 и пол месеци сум со изгубен мирис и вкус. По моја проценка само 8-9% чувствувам интензитет. Многу силни и интензивни мисиси како доместос, парфеми, прајмер за нокти, ацетон ги чувствувам едвај само од многу блиску и само неколку секунди и тоа многу треба да се потрудам, за храна да не ни зборам, се ми е исто -безлично само текстурата на храната ја осеќам. Сите доктори советуваат секојдневно вежбање со различни мириси и вкусови, како и зачинување на храната. Немам некоја одбивност кон храна тоа само во првите 2 недели. Исто, незнам дали некој има вакво искуство, наутро и навечер имам поголемо чувство за мирис (може да е и до положбата на телото).
    Колку ке трае агонијава незнам, ама посакувам на сите брзо опоравување:l:
     
    На Nigredo Odor, Dentina и аненце200220 им се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    14.309
    Пол:
    Женски
    Поминаа скоро 9 месеци откако прележав Корона и мирисот и вкусот сѐ уште не ми се во целост вратени. Чудно е што е што интензитетот варира на неколку денови. Повремено е се ок, повремено 90% од чувството за вкус или мирис ми се губи. Има храна и пијалоци што повеќе не ми се допаѓаат, голем дел од парфеми, креми, средства кои сум ги користела и порано сега ми мирисаат одвратно... Бев на орл, ми рекоа дека проблемот е невролошки и треба да бидам трпелива.

    Кои храна, пијалоци или мириси особено не ги чуствувате или пак ви имаат различен мирис и вкус после Короната?
     
    На Nigredo Odor и аненце200220 им се допаѓа ова.
  9. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Maјка ми изгуби мирис и вкус во ноември, но до ден-денес иако поминаа скоро 3 месеци не и се вратени.
    Пред некој ден до комшии се чувствуваше миризбата од ручекот, а на нејзе до нос и беше и не почувствува.
    :|

    Јас исто во ноември изгубив и мирис и вкус, но само 2-3 недели. Едно време почна да ме фаќа паника што сетилата не ми реагираа :nod: се до една вечер кога прегладнета не знаев што попрво да ставам во уста, мешав страшно јаки вкусови и оппп...:D одам во мојата соба, ја доближувам пижамата до нос и чувствувам мирис :D ПОЛУДЕВ од среќа. Се знае веднаш после тоа се нацртав пред фрижидер колку за тест и пробав маслинки (први ми се најдоа пред очи) - го почувствував и мирисот и вкусот.
    :party:
     
    На Anie93, Nigredo Odor, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. аненце200220

    аненце200220 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Па на пример парфемите веќе го немаат тој интензитет како пред короната, а различен мирис ми имаат кромидот, празот и јајцата :mm:
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. аненце200220

    аненце200220 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Хахаха го знам чувството, кај мене така беше скоро месец дена:) навистина е неубаво да не чувствуваш ништо:x
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  12. аненце200220

    аненце200220 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Мене пак сетилото за мирис ми е најизразено во текот на денот,а насабајле скоро ништо не чувствувам:shake: се надевам што поскоро ќе не биде :l:
     
    На Ana-Marija24 и Avery им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.659
    Пол:
    Женски
    Исто, мене парфемот ми мириса како нешто благо недефинирано а не аромата на парфемот како што си е, вкус имам мирис немам.
     
    На Avery и аненце200220 им се допаѓа ова.
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Имате пробано со печен портокал?
     
  15. пуле

    пуле Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    После 6 месеци уште не ми е вратен мирисот како што треба, со вкусот мислам дека сум океј, али мирисов тапа:(
    Мислам дека секое јадење на кромид ми мириса, ништо друго не осеќам :|
     
    На pianogirl и аненце200220 им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.336
    Допаѓања:
    38.059
    Пол:
    Женски
    Јас го сетив мм дека не осеќа мирис баш најдобро. А се нема пожалено, ама пример нешто јас мирисам, тој не. Пред некој ден тоа малото за варење кафе на плин почна да пушта, јас од друга соба осетив, него не му замириса на плин воопшто. Масло маслиново ми се истури, едвај исчистив за да се изгуби мирисот, тој пак не сети ништо. :|
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Исто и потта на мене и на сите иколу мене ми мириса како кромид.добро р не сум била единствена
     
  18. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене исто 4 чисти месеци сум без вкус и мирис и има 20 дена се ми мириса на кромид, не како мирис преку нос (зошто не мирисам) туку во грло во секој залак од било што и вода кога пијам исто во грлото ми е мирисот.. незнам што да се прави
    ова не е на добро
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ми го препорачаа спрејот Силвертус за оние што се уште се соочуваат со загубен мирис после КОВИД-19. Наводно мирисот се враќал за 3-4 дена по интензивно користење на спрејот. Би требало да го има во сите аптеки но не сум сигурна. Јас лично немам потреба од истиот бидејќи мирисот ми се врати за една недела но можеби ќе му користи на некој/а од вас.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам, се пронајдов скоро во секое мислење. Во ноември снемав мирис и вкус, од тогаш вкусот ми се врати, чувствувам благо, солено, луто, но мирис никаков лошите мириси ми мирисат исто, пр кромид, марула, зелка, пиперка, праз, краставица, јајца, во последно време преголема одбивност кон истите.
     
    На mimi6 му/ѝ се допаѓа ова.