Здраво на сите. Подолго време сум на форумот, проблемот ме натера да направам профил. Пред околу 3 месеци ме адна едно типче на ФБ. Не е баш типче човекот ми изгледа како да не е нормален (не би сакала да судам по изглед), и почетно му враќав од култура. Но по извесен период почна да биде напорен, ме бараше по 3-4 пати денот за да излеземе на кафе, па после една недела ми го дозна и бројот (не знам како). Ми се јавуваше константно за да праша кај сум, што правам, сакал да ме види. Еднаш додека бев во Аеро (кафич во Битола), тој беше на соседната маса и не го сврти погледот од мене. Беше стварно непријатно. Се почуствував загрозено. Таа вечер го видов пред мојата зграда, сигурно ме прател цело време. На ФБ прекинав да му пишам а тој константо ме бара или на ФБ или на телефон. Страв ми е да пријавам в полиција, па еве барам совет од вас. Детето е стварно creepy, низок, големи отворени очи и многу голем нос. Не би сакала да го споменам на име, многу страв ми е, би ви го опишала подетално но сметам дека нема потреба. Ќе ве известувам доколку се случи уште нешто.
Кажа некому за ова освен ваму? На другари/ки, родители, брат/сестра доколку имаш? Блокни го, и на телефон, и на фб, на сите соц. Мрежи. Пробај со убав муабет да му кажеш ако не разбира закани се дека ќе го пријавиш. Нема потреба од страв. Извести некој близок.
Дали од претходно си го познавала лично? Фб не служи за стекнување нови познанства туку одржување на постоечките, секако доколку има согласност од двете страни.
Да речеме имате заеднички пријатели па им пишал нив, побарал број и му дале. Провери кои ви се заеднички пријатели и дали тие знаат твој број. Нема потреба да се плашиш да пријавиш в полиција. Ќе го викнат и ќе го опоменат. Можеби ќе го уплаши тоа. Ако тебе ти било страв да му отидеш на маса и да го прашаш што се ѕври во тебе, па ако треба и да му се развикаш, си можела да викнеш некого по телефон, пример брат, дечко, другар, татко.... и тој да го стори тоа место тебе. Џабе пишуваш овде ако не превземаш ништо. Ние како и да те советуваме, ако ти си седиш и ќутиш уплашена сите совети ти се џабе. За почеток купи си солзавец од аптека.
Нема потреба да бараш полиција. Очигледно е некој зацапан во тебе, ти очигледно не го бендисуваш(базирано на описот што го даде за него ). Едноставно ќе го одбиеш ќе му дадеш до знаење и тоа. Многу ја преувеличуваш ситуацијата btw.
Лупни му 2 3 шамари така кога нареден пат ќе те следи, ако му е малце пријави го во полиција. Или и двете заедно најубаво, јас така би постапила.
Можд некому му изгледа преувеличување, но чувството при вакви ситуации е благо речено, одвратно. Мој совет е ако досега не си кажала некому, како родителите и најблиското друштво тоа да го направиш, за да бидат свесни и тие. Воедно, нема од што да ти е страв и без двоумење, пријави го.
Ова е сериозно. Детево сигурно има психички проблеми. Мораш да реагираш. Гледај на тоа дека со пријавувањето во полиција ќе му направиш услуга нему. Ќе го отрезнат, ќе го упатат веројатно на психијатар, ќе го третираат некако неговото психолошко растројство.
И јас имав порано ваква ситуација, само овој го запознав на роденден на братучед, муабет општо на маса за ова она и од тогаш немав мир. Ме следеше секаде, по 30 пати ми вртеше околу зграда со колата, ми пишуваше пораки на фб моја ќе бидеш или ничија, ако твојата рака не носи мој прстен ќе ти ја сечам раката. Значи психо прав. Му кажав на роднина, му удри онака едно шамарче пошто имаше пишувано и други работи за наши починати роднини и место да се заплаши почна повеќе да замара, седев јас пред влез и ми дојде онака насилнички и пред сите ми рече немој да мислиш дека ме заплаши со роднинава, тек сега ќе видиш што е пекол. Во полиција го пријавивме, беа тотално незаинтересирани, блокирај го секаде, куче што лае ми вика полицаецот не каса не се секирај ако има закани дојди. А поголеми закани од ова што пишав... Ама ајде. Еднаш бев на кафе со колега и го гледам седнат овој во еден ќош сам и ме гледа. Срцето ми застана. Го нашол колегава на фб и му пишал сместа да се тргнеш од неа таа е моја. И кога бев на дејт еднаш ми дојде на маса и ми вика овој е новиот дечко а, а му имаш кажано за мене? И онака со викање, скандал се направи во кафичот. Ептен маки имав со него и знам какво е чувството, за полиција никој не те сфаќа сериозно мислат демек ова зафрканција е детска, имаат демек посериозни работи ко убиства и кражби да решаваат, само им одземаш време со вакви баналности... Ахам да. Со тек на време сам се откажа, ама дури траеше беше стварно пекол. Кога и да излезев седев со немир, дефинитивно нема нешто полошо од ова, далеку да е од мене...
Никогаш во оваа држава тоа нема да се деси. Гледај по тоа што луѓето почнаа за се и сешто да викаат полиција... Пред некој месец комшивка викна полиција дека друга комшивка и рекла курво една. Ништо сериозно не сфаќаат во полиција, не знам ни дали воопшто те слушаат кога се жалиш.
Штом си го запознала на роденден кај братучед ти, ваљда се знаел со братучед ти. Му кажа на братучед ти за овој проблем? Ете кај лежел проблемот. Му удрил „шамарче“. Требало да го избоксира убаво. Па да го пријави во полиција и да им каже таму дека ако не превземат нешто, дека коските ќе му го одвои и пред станица ќе им ги изложи. И најдобро е ваква закана да им упатиш преку телефон (192), затоа што таму разговорите се снимаат во централа и ќе има аудио доказ дека си ги предупредил за сериозна работа, па ако не дејствуваат, ќе знаат дека и тие може да бидат криви.
Јас само да кажам нешто, не само за членката која ја отворила темата, туку општо за сите девојки кои си имаат ваков проблем. Очите 4 отворени на кого се доверувате и многу, многу внимавање чија "рака за помош" ја прифаќате. Многу се претставуваат како витези на коњ, а не се ништо повеќе од сатири кои чекаат вунерабилна девојка за да ја подведат. Пријавувајте у полиција и внимавајте чија помош прифаќате. Се знае кој ви мисли арно, само најблиските.
@Ozoglasena Mila, не ме разбирај погрешно со одговоров, на твоја страна сум. Дали му имаш кажано да те остави на мира? Ама онака најдиректно на свет. Јасно и гласно. Значи, не тој да ти врти, ти да не му креваш. Не тој да ти пишува на фб, ти да го оставаш само на „seen“. Ако досега му немаш кажано, направо го тоа нареден пат кога ќе го видиш или кога ќе ти се јави. Ова не е правдање на момакот, ни од далеку ама ние живееме во свет каде дел од машките се учени дека во ред е да бидат напорни, да замараат, дека нема ништо лошо во тоа однесување. Дека ако е упорен, ќе те освои. Дел сметаат дека девојките намерно се прават недостижни (англиското hard to get), дека игнорирањето од страна на девојката е само дел од „играта“ на додворување. Почни да му кажуваш дека неговото однесување те вознемирува, дека се однесува како демнач, дека не сакаш да те контактира повеќе. Ако почне да се заканува, сними го, зачувај скрин-шатови од тоа што ќе ти пише и директ во полиција со тој материјал. @irrelevant, страшно е тоа што си го поминала. Не знам дали имаш гледано Stalked на I.D, ама и америчките полицајци се исти ко нашиве- додека не се случи најлошото, ќе си седат и ќе си јадат крофни (нашите бурек). Ама толку им е едукацијата. А твојот демнач ги покажал сите типични знаци и добро е што се откажал, што се се завршило добро. Јас сум против оружје, ама мене некој да ми го каже ова не знам како би се осмелила од дома да излезам, без да носам со себе нешто за заштита. Многу би ми било страв. Ужасно искуство, те гушкам силно, најсилно на свет за ова што ги го преживеала.
Девојки, носете солзавец со себе. Сите до една. Поготово вие кои веќе имате сериозна претња околу вас. Мало е, секогаш во џеб нека ви биде, дозволете манијакот да ви се приближи. Ќе посака очите да си ги искорне, па нека се осмели пак да изиграва упорен мачо.
Некои мажи (а и жени), не знаат да прифатат НЕ како одговор. Не знам како да се справиш... искрено... Мене ми требаа 3 години да го откачам бившиот. 3 години после тоа мое 'НЕ', сеуште 'бевме во врска'. Се откачи кога најде друга да замара. Иначе, не се воопшто за потценување вакви ситуации. Не знаеш што може во афект да направи некој. @Ozoglasena Mila кажи им на родителите, на пријателите, на сите кои ги знаеш... ама сите до еден. И еднаш гласно и доминантно кажи му дека не сакаш ни да го гледаш, ни да го слушаш, и повеќе воопшто не комуницирај... Секоја возвратена порака или повик, ќе ги рачуна за позитивен сигнал.. ко шанса да те убеди.
Мислиш дека ова ќе помогне? Не... Ако е некој со психички проблеми, типот ќе дозабега. Полиција само за вакви.
Помага за во моментот да се одбраниш, ако некој те нападне. А полицијата нема да реагира, дури и да има конкретна закана. Секако е препорачливо да се пријавува, ама 'помош' евентуално ќе добиеш, откако ќе те изначука, или силова, или убие.
Во моментот на напад додека извадиш спреј, па додека изреагираш ехе... Сите у фамилија имаме по еден алфаш. Или и да немаме ќе најдеме. Чим се појави ваков проблем, кај нив се реагира.
Е да ме извиниш, ама претпочитам МВР и ОЈО да си ја бркаат работата, а не луѓето да земаат правда во свои раце.