Реално полиција во случајов ништо нема да помогне. Знаеме сите како функционираат работите кај нас. Прво,пробај и кажи му дека ти смета тоа што го прави да видиш како ќе реагира ,па ако продолжи разговарај со некој близок брат,другар,братучед,родители и кажи им што се случува.
@Petra777, прочита ти @irrelevant што пишала, како си поминала кога пријавила во полиција? Направила се како што треба и пак и ја покажале вратата, детски зафрканции било да ти се закануваат со убиство. Треба да се направи записник чисто за да постои во случај ако ескалира ситуацијата. Ама дека некој од полиција ќе се заангажира да реагира (како што треба, по пропис), чисто сумњам. Е сега ако е дојдено до тоа, полицајци приватно да се закануваат и тепаат некого зошто некоја позната ги замолила, јебеш држава и јебеш полиција.
Полицијата ниту 'алфашите ' нема да се најдат во истиот момент кога жртвата евентуално ќе биде нападната. Не реков дека е перманентно решение солзавецот, туку е најефикасно средство за самоодбрана во даден момент. Спаси глава па пријави во полиција.
Не се замараат. Имав и јас искуство кога бев малолетна. Само што јас немав тогаш фб, туку си титкаа на моб и не знаеш ни кој е ни што е. Зборот ми е, не еднаш туку 20 пати сум зборувала дека ќе одам во полиција, еднаш пријавив ама пошто бев дете кој ме врти нели... Само игнорирање... Така да, членката најубаво да си смени број и да го игнорира.
Затоа ми е страв да пријавам во полиција, пошто полицијата само би го опоменала, па можам да си напрам поголеми проблеми. Благодарам на сите совети, ќе се потрудам да им објаснам на мојте, можеби нешто ќе се смени или со тек на време, детето ќе ме остави на мир...
Кажи прво на твоите, мора да знае некој, па после заедно одлучите дали ќе го пријавите или ќе идете на варијанта заплашување. Што год, само да се спасиш од манијакот и да излегуваш на мира. Среќно.
Jас му имам речено дека не сум заинтересирана, но тој упорен е да бидеме заедно, прекинав и со пишење, а тој упорно ме бара и ми пиши секој ден.
A da dobie blok covekot toa ke bi bilo najpametna rab udri mu blok ma site socijalni mrezi i na tel pa mislam deka do tolku ke resis problemot
Јас потполно те разбирам во каква ситуација си, пред некое време бев во иста ситуација и јас, имам некаде на форумов и јас пишано за тоа. Имаше еден тип се заљубил во мене, ние лично се познававме и дружевме се додека не дознав дека е заљубен и од кога му кажав дека не сакам ништо со него. Од тогаш почна буквално секој мој чекор да го следи, каде бев јас таму се појавуваше и он, постојано ме напнуваше на ФБ, ама јас најчовечки секогаш му објаснував дека повеќе од другарство помеѓу нас не може да има ништо друго, и он тоа не можеше да го разбере. Сите мои другарки ги замараше, како во живо така и на ФБ. И после некое време го блокирав секаде, на сите социјални мрежи и број и све, ама после тоа од пред зграда не се тргаше што се вели, и на работа ми идеше и од далеку ме гледаше како психопат некој, правеше лажни профили на фб и инста и ме додаваше. Кога ми се ближеше роденденот на сите мои другарки им викаше ќе види она јас што ќе и направам, она овој роденден за цел живот ќе го запамти, од кога ми кажаа дека така рекол јас мир немав буквално, цело време бев под стрес што може да му има смислено таа луда глава, и му кажав на брат ми, он му пиша да престане да ме замара или во спротивно со него ќе си има работа, и еден заеднички другар што имавме му кажав и него па и он му зборувал, за малце и ќе се испотепале. Среќа за роденденот имаше спремено поклон, а некоја лудост (искрено стварно беше многу убаво осмислено). Од тогаш до денес многу многу го нема, знае од време на време пак да се избаци така на работа, ама не како претходно. А од другарките знам дека им викал јас нејзе цел живот нема да ја оставам, цел живот ќе се надевам, се ќе направам за нејзе и еден ден ќе се предомисли она, па сега наскоро уште некое изненадување ми се спрема, ама не знам што. Извинете на предолгиот пост, а совет кажи на некој твој близок, ама машко и нека му пише нека му се закани.
значи или времето дојде така или лугето се сменија! исти случај имав јас со еден психопат што не ме оставаше на мира ни ден ни ноќ. каде и да се свртев него го гледав ми се закануваше дека ке ме киднапира и ке ме носи некаде далеку од мк . долго време имав кошмари по цели ноки не можев да спијам си мислев ке влезе од некоја врата . траеше околу една година се додека еден мој пријател не разговара со него и би рекла го фати за гуша за да го исплаши . цела фамилија стана на нозе почна да добива закани од сите страни и на крај се повлече. после тоа извесно време се плашев да излезам сама на прошетка . поминаа неколку месеци немаше ни трага ни глас сигурно си беше нашол нова жртва. јас сум благодарна на господ што ме извлече од тие кошмари зошто верувајте нема пострашно нешто од тоа
Памтам, исто и јас. Јас го решив сталкерот (кој ми е бивш дечко) за кој врската не престанала иако веќе у врска не сме со години, на тој начин што собрав све мушко што беше достапно, и му закажав дејт. И претходно му имам пуштано другари, беше мирен некое време ама пак почна. И сега, можеби бев прегруба. Ама, по совет на психологот мој, со кој долго време го анализираме профилот негов на личноста, мораше филмски да се настапи, бидејќи според него тој си режисира филм у глава и само филмска сцена може да му влее страв в коски. Нема да влагам у детали што како сум направила, битно чим се измоча у гаќи и се тресеше (и ја би се) а влакно не му падна (добро рече психологот, тие на физичка болка не осеќаат страв), се упрпа јако. И, како што гледам функционираше планот, сепак психолог си е психолог. Сум била и во полиција и таму и ваму и кај негови блиски, џабе. Ама ова беше успешно. А за таква работа (што е рамно на филмска сцена) треба да си храбра и да можеш и сакаш да ризикуваш...
И јас имав сличен проблем, заедно учевме во средно и сите 4 години многу ми досадуваше но јас не го гледав тоа на лош начин мислев само сака да се дружи и дека знае дека до него повеќе од другарство нема да има. Мислам дека скоро секој ден ме прашуваше дали денес ќе одам во школо во колку ќе фатам бус а кога се враќавме од школо ми даваше предлози да пешачиме заедно . Завршивме матура бидејќи не престануваше да замара а мене ми дојде преку глава му напишав еден реферат ама џабе кажав не сфаќаше ,му реков да прекине да ме бара и дека е многу напорен и крипи , на крај морав да го сменам бројот затоа што не се откажуваме и го блокирав на социјални мрежи но тука не престана се ,почна да им пишува на сите мој другарки стокерот и им бараше мој број ,година дена откако завршивме матура ми се појави пред врата а не знаеше каде живеам се распрашувал по луѓе.. Многу се исплашив кога го видов пред врата но не покажав страв туку бес, го прашав што му е проблемот и му се заканив со полиција ,послем тоа се повлече ,се надевам така и ќе остане.
Искрено дури и не сакам да верувам дека шетаат волку многу лудаци околу нас, по ова колку девојчиња имаат напишано лично искуство е страшно. Јас мислев дека само јас можам да налетам на некој психопат во животот.
Па баш дека се психопати и незнаат од не. Денес една жртва утре друга им нема крај. Сите ќе поминеме низ ваков периодот кој повеќе ќе биде замаран, кој помалце.Многу се шетаат манијаци по улиците. Баш пред некое време еден сакаше да ме носи на ручек и тоа ќерка можев да му бидам. Среќа имаше возрасни жени до мене па не се преплашив толку. Идев по совет на другарка ама изгледа не и беше добар советот. Ми имаше кажано ако им направам муабет ќе си заминат. Така и постапив а тој мислам фалеше уште со мене во автобус да влезе и срце ќе ме фатеше. Веќе не слушам совети факт. Мислам дека најголемата грешка во ситуацијата е што воопшто му вратила кога почнале да зборуваат. Поубаво ќе биде да не им се обраќаш воопшто.Барем така ќе сфатат дека му зборат на воздухот.
Па од каде да знае она дека типот е психопат, не му пишува на чело сигурно. Таквите личности од почеток е многу тешко да ги приметиш што и какви намери имаат. Дури после некое време почнуваат да се откриваат какви се и што се, врвот на целото игнорирање е кога ќе почне да се заканува.
Значи се гледа по нив дека не се арни личат малце на забегани. Ако е така тогаш едно дете(ништо не му фали се дружевме многу) од населба 5 год се влечеше по мене падевојка си фатил така дознав. Постојано ми се јавуваше и ме замараше и он е психопат само зашто јас несакав да бидам со него?Значи сите што сум ги одбила им фалат даски? А некој ладен тип ако е значи во ред е со него. Значи може постојат различни типови психопати. Не ти доаѓаат тие нормален муабет да ти направат туку директно сакаат да те носат на друго место. Јас не сум имала проблеми до тој степен со закани сепак постојат манијаци на улица што се пуштаат на секого и од каде знаеш каква им е намерата и што може да те снајде?
Јас заборавив за мојот демнач да кажам колку далеку одеше, на работа на службениот мејл прати порака, ирелевант е наркоманка, шмрка кокаин и се продава за пари и сите прочитаа, директори, раководители, страшно нешто, одвратно да го доживуваш, страв и немир 24/7 и очекуваш секој момент да се деси нешто лошо. Тогаш сфатив дека мирот е бесценета работа. Ова беше страшно, иначе сите имаат искуства со зацапани луѓе што не прифаќаат не...
Не е исто некој манијак да те следи на улица, и некој психопат да те следи со години. Конкретно во мојот случај, типот во мене бил заљубен 2 години ние уште пред да се познаваме и да се дружиме, некогаш пред 2 години сме се запознале на некоја журка, ама јас не памтам бидејќи на журка се запознавам со 100 души, и од тогаш прв пат кога ме видел одма се заљубил, па почнал да ме следи, а јас поима немав дека некој постојано ме демне. Го гледав секогаш кога бев излезена ама бидејќи сум од помал град ни на крај памет не ми паѓаше дека уствари он мене ме следи. Се запознавме лани летото сосема случајно он беше со мој другар, и бидејќи со другарот секоја вечер излегувавме заедно, и он идеше постојано со нас, ама јас го гледав и него како другар. После некое време почна да се случува се по ред како што објаснив во првичниот пост. За на крај сега да дојде до степен и да се заканува, дека ќе го киднапира брат ми, бидејќи он си има умислено во главата дека мене брат ми не ми дозволува јас да сум со него.
Oва е веќе застрашувачко. Не сум имала ситуација до тој степен како што кажав и претходно.Никој ми се немал заканувано вака. Немам поминато низ истово незнам да ти дадам совет. Неможам ни да ти кажам да оставиш на времето и самиот да се откаже бидејќи ситуацијата стигнала многу далеку. Ми се чини дека брат ти направил поголем проблем што се вмешал. Сепак можеш да се обидеш да му кажеш дека имаш дечко и самиот да се тргне. Ама на вакви психопати незнам дали тој одговор би им значел ,,не сакам да сум со тебе".
И тоа имам кажано дека имам дечко, ама џабе е и тоа, ми викаше знам дека ме лажеш и мислиш дека ќе се откажам така, ама мене ова сега ми е мотив повеќе да се борам за тебе.