ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХ се извинувам ама ова не го можам веќее Си го освоила 100% Господ изгледа многу убавина ти дал.
На толку примери со демначи, мислам дека треба сите да пријавуваме. Така ќе се подигне свесноста дека постојат. И да не реагира МВР, сепак, ќе имаат на увид дека е широко распорстанет проблем, и со време, верувам дека и законите ќе бидат адаптирани соодветно за оваа врста на криминал.
Имав и јас еден, ама полиција го среди за една ноќ. Јас имав некои си 17-18г, он 40, заљубен у мене и крај, а чоек еден крипи, со метални заби (очигледно од тепачка ги изгубил па правел импланти) со тетоважи по цело тело и една бесна кола. Леле немав душа у мене. Еднаш ми донесе пијачка со нешто внатре, среќа ми прати порака шанкерот кој ми беше школски да не ја пијам да ја истурам, па ме следеше до дома, па ми се закануваше, абе смрт 2 недели. Овој беше другар на газдата на кафичот кај што работев, му кажав прво на газдата зборел со него не се смени ништо, им кажав на моите дека ќе пријавам во полиција и вечерта доаѓа на работа полицаец како нарачан, му го посочив, го собраа во станица и од тогаш го немам видено. Чоекот е од друг град, јас во мојот одев додуша само на лето, ама ми беше многу језиво.
Гледам колку може да биде страшна ситуацијата и какви се ситуации постојат. Ама сепак мислам дека има простор за шега, ако не сите да се заклучиме дома и клучот да го голтнеме. Плус се жалат од полицијата дека не реагирала и на крај не дај боже ако се случи нешто трагично тогаш се освестуваат. Се има во светот и тоа мене ми е јасно. Ама нема никаква корист од стравот и ако си ставаат при срце тоа јас многу добро го знам.
Од изигравање многу храброст девојка пред 15 години убија среде град од баш ваков демнач кој им бил познат на многумина. Керамидница е многу блиску до центар, млада девојка 24г, ја демнеел убиецот, оваа се противела, ја пресретнал кога си одела дома и ја силувал а со фармерките ја задавил. Не ми е намерата да ја уплашам, мада е за плашење, ама не е и дека може комотно да се шетаме. Факт е дека сите имаме по некој таков демнач во животот, може и да не знаеме, ама мора да се отворат очи 40, не 4. Мојов ако не го средев некако ќе награбуљав опасно, отпосле ми кажа газдава дека претходната жена ја тепал, дека бил во затвор за тоа, дека сите девојки што ги бендисувал наоѓал начин да ги добие, силум или милум... Замислете како ќе ми продолжеше животот пошто он дознал и кај живеам и со кој се дружам и кај учам и што ми се плановите во животот...
Види за вакви сериозни работи нема простор за шеги ,не гледам ништо смешно во тоа. Очигледно не си била во ваква ситуација па не знаеш како е. Јас не реков дома да се заклучат ,нема потреба да ми испревртуваш зборови.
Имав пишано дека не сум била во ваква ситуација и дека незнам како е. Мене ми се пуштале манијаци по улици и тоа ми беше страшно, не па вакво нешто.Ама гледам да не си ставам при срце за се зашто јас знам што е вистински страв-анскиозност. А, ако мора да се случи нешто ќе се случи едноставно сум помирена со тоа. Тоа со клучот го кажав само така за да не си ставаат при срце толку,бидејќи долго време сум седела дома и знам како е од не реален страв да ти е страв. Сепак ова е поинакво нешто бидејќи се работи за вистински страв ама немаш никаква корист постојан да се плашиш и од сопствената сенка дали некој те следи. Се трудам во секоја негативна ситуација да барам нешто позитивно така и овде. Тебе ако ти пречи тоа и гледаш се црно пред себе тогаш тоа е твој проблем. Си го кочиш животот од тоа дали постојано некој те следи или не место да се движиш слободно низ улиците. Ако не земи си еден пиштол или нож со себе за секој случај.
Не гледам црно туку гледам реално ,никој не рече дека цело време гледам дали некој ме следи или не . По мислењата претпоставувам дека си тинејџерка така да кога ке создрееш поинаку ќе размислуваш и по реално ќе гледаш на работите .
Како тоа страв ти е да кажеш во полиција а на нас ни кажуваш!? Ако те нападне ние ли да те спасуваме треба... Од мое искуство, имав еден сталкер само разликата што јас од култура не враќам. ми рече ќе ми дојде дома јас фино му кажав да повели. Се јавив во полиција ми пратија екипа седнавме и го чекавме. Дојде до капија виде крајслер се тргна и ми се јави. Полицаец крена и му рече ако е маж нека повели. Спушти. Го викнаа во станица нареден ден. Одтогаш го нема.
Не гледам што е толку смешно во ова што го имам пишано. Ама очигледно е бидејќи не си се соочила со ваков проблем, не ја сфаќаш тежината на овие зборови од еден психопат.
Епа самата си имам кажано дека не сум поминала низ истово затоа и ми е смешна приказнава од моја перцепција. Ама свесна сум дека е страшна работава чим стигнала до полиција. Вие како ми се ставивте во напад некој ќе си помисли дека јас сакам да ве киднапирам.
@Dashing:) Па не те членките напаѓаат, ама ако подразмислиш, едноставно не е океј да си правиш шеги на нивна сметка, само затоа што не си искусила такво нешто. Не ни треба да искусиш, ама нема изговор за шегите
Четири години закани напишани на лист, морничави "љубовни писма", следење на мојот приватен живот, испади со бес, обиди за физички напад... Никој ништо не презема до 4тата година, па морав сама да се снаоѓам. Прашував и јас како да постапам, сепак личноста беше со ментални проблеми и комплекси, имал нападнато/давено и негови домашни за кое што ми се пофали уште од старт. Кажував на моите сѐ што прави, секој втор ден имаше некаков испад/инцидент. На крај не знаев што друго да направам, откако ги пробав сите можни начини, и со добро и со лошо се обидував да му објаснам, па единствено што ми остана беше да го игнорирам и да се надевам на најдоброто. Сочувствувам со секое девојче, жена, дечко, или маж кои биле или се малтретирани од вакви луѓе. Живееме во држава каде што овие работи не се сфатени сериозно додека некој не настрада, надлежните не реагираат навремено и останатите го гледаат како шега.
Можеби не ме напаѓаат ама во моментот така ги доживувам работите причината си ја кажав. Ова мене ми дојде смешно дека постојат такви психопати и затоа се зезав. Знам дека не би ми го посакала истото како што ни ја тебе не ти посакала да искусиш анксиозност. Сигурно тоа е поголем страв бидејќи е реален сепак знам што значи да се плашиш од не реален страв. Освен тоа прости ми гревовите
@Dashing:) Од тешка анксиозност страдав 10 години И едното и другото не е за смешка Поентата е сфатена знам, не дека си мислела сериозно, не е за опростување муабетот
Епа друг пат размисли пред да зборуваш бесмислени работи и да правиш глупави шеги за нешто што не е за шегување.
90% Од овие демначи само замараат и слично ќе избегаат ако им се заканиш или игнорираш. Али за тие другите 10%, единственото решение е ќотек, и тоа добар ќотек. Да бевме у друга земја, прогресивна западна земја на пример, да ќе кажам насилство никако, си има служби, си има забрана за доближување 50 метри, си има систем и си функционира, со мали дупки ама пак функционира. Во Македонија нема систем што функционира и што ќе ги заштити луѓето од предатори, да може да се надеваме дека ќе се смени еден ден сето тоа, и ќе се смени, можеби 2050 можеби 2100, но што ќе правиме денес, утре итн, така да ако имаш некој да го натепа, или да го заплаши или слично, тоа и да го направиш. Еве кај мене во маало имало неколку пати и манијаци и демначи и овие што го маваат во влез и све. Имаше и еден пример каде што една девојка беше замарана од таков еден екстримен психо, па брат и го начека пред зграда еднаш и го натепаа убаво, и од тогаш веќе не се појавил нити лајк на фејзбук не и турил. Не викам дека ова работи за сите, ама беше превземено нешто, кога веќе полиција не превзема мора некој друг. Не оправдувам насилство, ако може да се реши со зборови или игнор супер, ама па во вакви случаеви, многу добар ќотек треба или во најмала рака агресивно заплашување. Во секој случај, побарајте помош од некого, не е срамота да се кријат вакви проблеми или сама да си ги решам, на тоа и психопатите рачунаат и затоа си зимаат право да прават што сакаат.