Имав слична ситуација со бивш. Додека беше со мене имаше некој правила дека со бивши несака да се поврзи по 2пат. Кога му раскинав ми се заканваше дека ке се убие и свашта... потоа ми пишеше од некој други бројчиња дека ако ме види со друг пред мене ке го претепа, дека јас несмеам да имам друг, а тој во една година со 2 излегуваше за секс, а ве меѓувреме мене ме бараше дека сакал мојпт прв секс да биде со него и дека ако ми бил со друг ќе ме убиел и мене. Мене ова ми беше пренапнато цела година, но не ме плашеше се додека не видов видео како бивш ја уби девојката со нож на нејзино работно место зошто тој ја изневерил (2години по крајот на нивната врска си фатила нов). Има секакви луге, тоа е тоа
Чим некој ви се заканува, делува манијачки и психопатски пријавете на 192. Ако ви се заканува на соци. мрежи пријавете пак пошто сега има посебен Информатички сектор за безбедност и криминал. Не преќутувајте, ако молчите после пишман ќе бидите .
Колку години има тој? Немаш брат, другар да ми кажиш за проблемот. Пиши лп ако сакаш, кажи кој е да га мало причврстим.
Фала тии Има 19год. Немам брат. Имам татко што ако разбери ке го убие без сомнение и затоа нема да знае (кога бев помала имав проблем со bully и од таму си знам). Во секој случај се снаоѓам сама и се надевам дека ке се одлепи за брзо време, уште малку ми остана до факултет па тогаш во друг град ке биде полесно.
Пријави во полиција нека има како записник, кажи и на татко ти. И јас имав еден бивши кој не прифаќаше да раскинеме па ме следеше и закануваше, дури и ме нападна физички. Со помош на другар кој е полицаец заедно со него во станица го пријавив го собраа го истресоа малце и од тогаш не ме ни погледна. За такви само ќотек друго не помага.
Неговите родители се разведени татко му рабори вполиција и се мразат така да можи многу поголемо да биди за нрго од колку што треба
па ти требало прва да го блокираш.ако е тоа демек сега нема да ти досадува,мило ми е за тебе.на моите демначи не им ќутам,но искрено се плашев некои да не ме нападнат .а за одбрана ме бива со устата некого да му ги кажам сите вистини и совет до оние кои имаат таков проблем бидете дрски ако треба и секако доволно јасни вашето не да е потцртано и дефинирано.
Пријави го шутракот во полиција,но прво кажи и на твојата мајка,се надевам нема да каже на татко ти. Или пак таа нека одлучи дали треба да знае за тоа. Не ги толерирајте ваквите психопати,колку ќутиш зема поголем замав.
Не сум имала демнач јас лично , но знам отприлика како изгледа кога си во таква ситуација . Моја другарка имаше демнач . Дечкото беше муслиман , таа православна . Бидејќи еднаш излезе со него ( некако ја убедил дека е православен ) , и се закануваше дека ќе кажел на татко ѝ и брат ѝ дека она излегувала со цело негово друштво , каде сите се муслимани . Јас и тогашниот мој дечко ( сега сопруг ) и помогнавме , јас му кажав на дечкото мој бидејќи бев сигурна дека го знае шупакот ( мм е стар тетовчанец ) , му ја објаснивме ситуацијата од корен , он го нашол и му рекол дека ако не нѐ остави на мир мене и другаркава , ќе биде лошо ( тој и мене ме аднуваше на фб од милион профили , ми пишуваше дека и другарката и мене ќе не е**л , снимал , после ќе праќал на други , ќе кажел на нашите и сл . ако не ја убедам другарката да иде со него пак ќе не начекал сами и ќе не тепал , ќе не киднапирал и слични бесмислени приказни ) . Кога видел со кој си има работа , едноставно испари . За демначи , пријава во полиција не помага , ова не е Шведска , Македонија е . Секој ќе најде врски и ќе помине со разговор во станица и кафе . За демначи , некој посилен од нив е решение . Не мора да е истепан , доволно е да е предупреден со зборови . Бегаат како пичкици после тоа . Особено кога оној што ги предупредува е познат како тепач . Мм не дека е тепач , туку тренираше кик бокс во тој период , и од таму се знаеле со тој муслиманот . Другар негов и мм заедно тренирале . Веројатно го гледал таму .
Јас имав една демначка пред 2-3 години. Ја пријавував во полиција и во Бардовци да ја соберат ама никој не се замара. На крај да не бидам јас како машко, пуштив една другарка да се претстави како моја нова девојка и да и се закани и од тогаш ја нема.
Си чекам автобус, и доаѓа едно девојче си грицка, некои бадеми ли лешници ли кикирики не знам, ми се допадна при самата нејзина појава, ставот, гледам по тренерки и ранец сигурно доаѓа од некој тренинг, а и така спортски тип е.(Претпоставувам боречка вештина, и јас имам тренирано па од таму и таа претпоставка). Сакам да и пријдам и да и речам здраво, ама како бре на автобуска станица, самото тоа што ќе и пријдам си мислам дека е необично и непријатно за неа, сакам да ја прашам што тренира да сврзе е муабет пошто баш онака баш супер типпка ми се гледа, (cool што би рекле америве). И така се качи во автобус и ништо не и кажав а баш за малце ќе ми се испуштени првата буква од здраво (јас ако првиот пат не кажам здраво, а сум ја гледал и она приметила дека ја гледам, веќе наредните случаи ми е премногу глупо и непријатно, и се повеќе повлечено настапувам) Така повеќе пати се случи еднашка ми избега мојот автобус па се качив во нејзиниот, друг пат се качив во нејзиниот а таа веќе внатре, се повеќе и повеќе изгледаше како да ја следам, седев и пред неа еден спроти друг така испадна немаше место, и пак ништо не и кажав, почнав да приметувам дека не само што и на мене ми е непријатно туку на неа уште повеќе кој знае и што си помислила за мене и така кога и да застанев на иста автобуска станица почнав да не ја приметувам ни да ја погледнувам но се мислев дека дури и самото мое присуство ја вознемирува, и така решив веќе да одам пешки на следната автобуска станица та од таму да фаќам автобус и многу порано од нејзиното време или многу покасно, но пред тоа да го направам решив барем да и се прикажам и да и се извинам за немирот што можеби и сум и го направил, и така чекав да дојде нејзиниот автобус да влезам и да и се извинам но таа од никаде се појави се качи во друг автобус и тогаш веќе реков ете не требало ни да и се извинам и баталив си се качив во друг автобус се симнав на друга автобуска станица да сменам автобус и оп таа таму, и сега навистина испадна дека ја следам, побрзав се сокрива да не ме гледа, си се качив во автобус и џомка да ме нема дома. Еве веќе некое време не ме гледа успеав да си одам покасно од нејзиното време, и плус веќе некое време патот не ме носи натаму. Ја користам оваа прилика да и се извинам за можниот стрес што го доживеала поради мојата глупост и срамежливост да го кажев тоа здраво ќе ми речеше да се откачам и таму ќе беше завршена работата, сакам да се извинам и за сите тие момци и девојки кои како мене испаднале демначи поради нивната срамежливост и несигурност и мислењето дека ако биле на подобро место ќе кажеле барем едно здраво... За овие погоре опишаните кој ќе сечеле раце и други бизарни работи не можам да се извинувам за нив е потребна установа...