Стварно од ништо нешто си успеал да направиш и да преанализираш една ситуација до бескрај. Колку почудно се понашаш толку посумљив ќе бидеш без причина. Најдедноставно да и пријдеш да и кажеш нешто во стил може ли да запознаеме пак подобро него да ќутиш така и сигурно пропоаст на светот нема да биде.Сега сигурно таа си мисли што му е на овој? Ништо страшно, памет за друг пат и помалку срам!
Не шеги...ама иди и кажи и зошто како, барем ќе имаш смешно запознавање, нема да е тапа ќе се насмее. Ако не од интересно од глупо што е хаха П.с. бај д веј озбилен сум, само ако тренира некоја боречка вештина да не те плесне бокс
@LoneWolfGuy Брат..абе одамна се немам изнасмеено вака со некој на форумот, секоја ти чест. Ептен си го overthinkn-aл целиов процес на упознавање. Бетер од дечко/девојка на прв дејт.. Mногу интересно беше за читање, прејак пост. Ќе те цитирам во смешни мислења, се надевам не се лутиш.
@LoneWolfGuy Сериозно постот ти е прејак. Уште се смеам. Еден совет за во иднина. Да, автобуска постојка е малку крипи место за запознавање ама не и невозможно. Мене кога ми приоѓал некој по подолго време набљудување, ми било ептен крипи и сум гледала да се тргнам на страна што побргу. Но, ако веднаш отидеш да се запознаеш или можеби започнеш пријателски разговор со некое прашање за дали некој бус застанува на таа и таа станица, не верувам дека ќе испаднела ваква ситуација. Но, како што ти кажа Ди Каприо погоре, можеби можеш повторно да се појавиш таму и да ѝ ја раскажеш целата ситуација, па ако ништо друго барем ќе се насмеете.
А мора на сите исти нешта да ни се смешни? Валда не стигнавме до таму на форумов да треба да се правдаме зошто ни е смешен одреден пост.
Нема поента да се објаснува, штом не ти е смешно од прво читање. Тоа е исто како со некоја шега кога ја објаснуваш за некој да ја сфати и истата моментално ја губи секоја смешна нота која ја содржела.
@LoneWolfGuy, јас не наоѓам хумор во тоа што ти се случувало, повеќе жал ми падна за (можеби) испуштената можност за запознавање. Мој совет? Не и приоѓај на рендом девојка на автобуска станица, може само да ја исплашиш. Нормално, може да и поставиш прашање дали веќе поминал тој и тој автобус, кога поминал, дали поминува низ Центар итн. ама од такви прашања тешко дека ќе се развие некој понормален муабет. Ама! знаеш која е добрата страна во ваква ситуација? Штом чекате на иста автобуска станица, во исто време, ќе ја видиш истата девојка и денес и утре и задутре и наредната недела и неделата по неа... И таа тебе ќе те види. Може ќе почнете спонтано и „Здраво“ да си викате, па ќе се случи и (божем) случајно да седнеш до неа во автобусот или на автобуската станица. Е тука веќе имаш супер шанса за почнеш лесен и неврзан муабет. Пример- нешто поврзано со тебе и чекањето автобус „Уф, на многу долг период поминува 57цава а јас од тренинг па сум мртов гладен, едвај чекам дома да дојдам, да јадам нешто“ па ќе ја видиш нејзината реакција. Ако почне и таа да учествува во разговорот- супер. Ако ептен нешто гукне од чиста култура, колку да не биде непријатна ситуацијата, и делува дека не сака да разговара, тогаш исто супер- барем знаеш на што си.
Ај што смарате по социјални мрежи, по излегувања, сеа на раат да не можеш ни јавен превоз да користиш или пак на постројка да стоиш. Не ми е ни мене смешен постот, си ја следел човече, си ја следел. Крипи ми е, не гледам никаква љубовно-хумористична нота во сталкањево. Да и се имаш допаднато, сигурно ќе имало некаква позитивна реакција од нејзина страна, дали насмевка, дали нешто вербално, напротив, имаш приметено дека си ја вознемирил и си продолжил. Страшно.
Претеруваш. Не се согласувам со мноштво мислења на LoneWolfGuy кои се во најмала рака конзервативни, али ова не е едно од нив. Дечкото немал апсолутно никаква лоша намера. Ниту физички, ниту вербално, а уште помалку ,,ментално" да ја злоупотреби. Му се допаднала ѝ ја гледал на постојката од која двајцата фаќале автобус, тоа е сè. Потполно коинцидентално. Впрочем, никој од нас не бил на местото на настанот за да со сигурност потврди дали девојката воопшто забележала дека е гледана, а не пак ментално ,,измалтретирана" или демнета со лоши сексуални намери. Епа брат како да воспоставуваат in - live интеракција поинаку? Не преку социјални мрежи, не во бар, не на јавни места... Може боље дик пикови да праќаат преку tinder или фејс како што прават, па така некако да се најдеме у муабет. Освен тоа да не споменувам, дечкото е срамежлив за да пријде, но има доволно свест и критичка мисла за да пише дека она што го направил може да не е во ред...Maда поише личи на соц. анксиозност отколку срамежливост пошто го over - think(нал) целиов процес на упознавање, али не сум психолог па, не би навлегувала. Не ме сфаќај погрешно и не се лути, ама тука стварно мислам дека нема простор за аларм.
Имав таков проблем со една будала. Се започна со титкање. На времето кога беше популарно. А јас на непознати броеви не враќав на титка. Тоа беше секојдневно. За да прерасне во тортура. На секој пола саат. Тит тит. Јас упорно не враќам. После неколку дена добивам порака. Дечкото се претстави. Излезе дека е другарот на мојот бивш мувач. Дури две години дечкото мислел на мене. Една порака што да ви кажувам. Срцепарателна. Облеан од љубов. Па дури и понуди ми даваше. Јас не му вратив. Секој ден продолжи да пишува пораки. Почна и малку насилен да биде во пораките. На крај го пријавив. Оттогаш ни трага ни глас од него. Идиот.
Ама кој кому чита мисли ? Како поинаку освен негативно да протолкуваш некој да се звери во тебе, уште да сконташ дека по тебе се качува во автобусот, односно дека те следи ? Он самиот рече осетил дека и станува непријатно, не го измислив тоа јас. Да те следи некој по темна уличка навечер, да убрзува корак паралелно со тебе, ќе развиеш страв или ќе помислиш, чекај бе може сака да ме пресретне, да ми каже здраво и да се запознае ?
Ај свртете ја приказната обратно. Да ја имаше девојката напишано приказната од нејзин агол, како некој ја зјапал на постројка, како го приметила дека почнал у нејзин автобус да се качува, иако претходно никогаш го нема видено у истиот, како слегува на иста станица, како осеќа дека ја следи ? Пак ќе рековте драмење? Не би рекла. Него машко дека, па паднавте на газ.
Ај не драми, гледам објективно. Ти почна што ако било навечер, што ако ова, што ако она Истото би го дала и за женско. Женско ретко да пристапи, а башка и членот немал злобни намери. И да имал сигурно на форумов ќе ги пишал.
Да бе, ама не пиша он дека опсесивно ја гледал и следел. Туку објективно имал потреба од истата автобуска станица и возна линија како и таа. Случајноста ги споила и створила такви околности. Многу поинаку ќе беше доколку тој тргнеше да ја следи надвор од сопствениот правец и притоа не се претставел (се надевам тоа не го направил). Или како што пиша ти, да тргнел да ја следи по мрачна улица каде буквално никој не може да излезе во пресрет и на помош. Ама во јавен превоз дечки, никој ништо не ви може. Секогаш од толпата ќе се најде бар еден нормален (девојка или дечко) што ќе ви помогне. Во ретки ситуации може да ескалира, како случајот со девојката во таксито пролетта ако ви текнува. @buba4e89 Не мислам дека @lovestoneddd драми. Особено не после целата ситуација со телеграм, која беше масло на огнот. И пишав онака само зошто стварно мислам оти нема потреба од грижа. Патем, секој од нас би постапил различно. Некои јавно ќе ги засрамат и исмеат пред цел автобус, некои ќе се тргнат на друга страна, трети ќе се вознемират. Сите ние имаме различни механизми за одбрана кога се наоѓаме во загрозувачка ситуација. Само тука не сме ниту сигурни дека воопшто девојкава била вознемирена, и дека го сфатила тоа како еден вид закана.