Одор, ја не реков дека он имал лоши намери, туку дека неговите постапки другата страна може да ги протумачи како лоши, што и веројатно и биднало. Мора да почнат да внимаваат, како нивните зборови и дела, ги сфаќа другиот пол. И тој што праќа пиење во бар, не смета дека прави нешто лошо, ама во најголемиот дел случаи, на женските ваквиот чин им е низок. Ме сфаќаш ? Еве и тебе да те прашам, пошто Бубаче не знае друго што да каже, освен "не драми." Ај свртете ја приказната обратно. Да ја имаше девојката напишано приказната од нејзин агол, како некој ја зјапал на постројка, како го приметила дека почнал у нејзин автобус да се качува, иако претходно никогаш го нема видено у истиот, како слегува на иста станица, како осеќа дека ја следи ? Пак ќе рековте, не се потресувај за без врска, можда сака да те запознае ?
Извинете, ама... Чекал да дојде нејзиниот автобус, ама она се качила во друг. Што мислите, зошто? Може и го видела дека е на автобуската. И мене не ми е ова смешно, се имам качувано или симнувано без врска од автобуси поради вакви ситуации.
Ако нема муда дечкото да и' пријде и да проба да направи муабет со неа барем нека не и' приредува трауми. Може нас ни е смешна приказната пошто колку толку го знаеме Вулф ама на било која од вас да и' се случеше нешто вакво со некој рандом лик не знам колку ќе беше смешна приказната...
Мислам дека станува збор за недоразбирање во ситуацијава. Нај валидна "обратна" верзија на случкава би била ако претпоставиме дека сето ова што му се случило него всушност ѝ се случило неа. Да раскажеше таа дека седнала до него на исто седиште или дека го гледала без престан, сето тоа ќе минеше безазлено и добиеше сосем поинаква, слатка димензија. Кога е обратно, тогаш гледаме проблем. Не бил само нејзин правецот, туку заеднички. Волф седнал до неа за да ја поздрави и воспостави контакт, но во последен момент се усрамил и повлекол. Впрочем ако и пречело можела да стане од столчето и замине на друга страна. Да не комплицираме.
Не. Ќе беше беззалезно зашто жените сме физички послаб пол и поневеројатно е дека жена физички би соборила маж. Затоа и се плашиме ноќе кога одиме сами и поминува некој со качулка. Не го познаваме, ама во темна уличка ни е закана. Исто и тука. Он може да ја следи, од каде да го знае што човек е? Нели затоа и се плашиме? Или сега одеднаш не е проблем тоа? Па самиотчлен си кажа дека видел дека и она веќе реагира, а ние ќе викаме невина била ситуацијата.
Не се согласувам дека сме физички послаб пол. Овде голема улога има висината на мажот, реакцијата на жената и начинот на одбрана. Затоа велам дека треба девојки да се тренираат боречки вештини од мали. Дури двојно повеќе со намера да се изгради рутина и стекне сила при самоодбрана. Мит е тоа дека сме генерички послаби. Со редовен и здрав тренинг тоа не би било така. Јас ноќе не се плашам да минувам по темни улички, од причина што населбата е таква што зградата ми е позиционирана во темна улица. Секогаш со себе во рака носам средства за одбрана кои знам соодветно да ги употребам при напад, и мислам дека секоја од нас треба превентивно да носи со себе нешто. Доволно бевме ,,послаб и инфериорен пол". Со тоа што се качила во друг автобус?
Да, и сакал да се извини, но веќе било доцна. Постот го пишал поради самокритичност и грижа на совест. Драго ми е што барем има свесност за тоа, многу немале.
Едно е да сте феминистики кои се против педофили, силувачи и манијаци кои секоја девојка ја гледаат само како објект за да задоволат сексуални потреби и притоа немаат критичко размислување а уште помалку грижа на совест за она што го направиле, а сосема друго е во секое машко да гледате непријател и сите да ги ословувате како манијаци. Ова второво преминува во радикална мерка за заштита, а се' што е радикално е далеку од здраво размислување и поимање на нештата.
Јас мислам дека претеруваш малку , но ок . До некаде си во право , но што кога почнал да ја игнорира ? И тогаш ли делувал манијакално ? И мене ми се има случено да се возам со едни та исти луѓе во автобус , па никогаш не сум помислила дека некој од нив ме следи . Според мене за аларм е кога немаш апсолутно никаков контакт со некој , а тој некој ти наоѓа телефонски број и почнува да ти се јавува . Упорно ти додева на соц. мрежи , се симнува од јавниот превоз на истото место како и ти , а знаеш дека предходно не си го видела таму . Јас во комшии имав педофил . Замисли , живееше во соседното сокаче . Секој ден заедно со мене се качуваше во истиот јавен превоз како и јас , некогаш дури заедно се симнувавме и тоа во 6 часот навечер , во зима . Истиот тој човек , кога имав 13 години ми нудеше некакви фустани да сум пробала кај него дома . Од тогаш си носев џебен нож за секој случај . Но никогаш не го употребив . Човекотне ме замараше откако му се заканив со полиција и дека ги имам сите разговори на ФБ за доказ . Не дека не може да е погрешно сфатен , но некогаш треба да се размисли пред да се реагира . Ако веќе отворено чувствуваш страв , тогаш реагирај ! А мислам и дека дечкото пиша дека и таа неколкупати била во неговиот автобус ( случајно или не , тоа е нејзина работа ) , ама јас ако чувствувам дека некој ме следи со лоши намери ќе алармирам . Ќе пишам порака на татко ми во најмала рака да ме чека на местото на симнување . Или дечко , маж , брат , другар .. сеедно . П . С . И секогаш со себе носете си нешто за заштита , дури и да не чувствувате потреба . Во даден момент може да ве спаси . Сум за феминизам , ама сум и за претпазливост , за секој случај .
Во право си... сосема во право. Не е во ред таквото размислување... Ама искуствата го прават своето. Секој пат кога на улица ќе ти биде дофрлено нешто вулгарно, секој пат кога некој ќе каже 'мрсна' шега (посебно на твоја сметка), секој пат кога некој ќе 'инсистира' да излезете заедно, секој пат кога моменталниот партнер ќе се обиде да те направи виновна оти некој 'те гледал', или си носела мини сукња (карикирам)... сето тоа влијае на начинот на кој размислуваш и те учи да се пазиш... Живееме во брутално машки свет, каде сме само 'гости' кои се тука за 'нивно задоволство'... За жал... Се плашам од мажите, во многу ситуации... Во исто толку, револтирана сум и ми иди да го затепам некој што нема осет... Факт е. Ноќе кога одам сама по улица, клучевите ги држам во рака за да ми користат како оружје, во случај да бидам нападната... Факт.
@WildMk Точно, сите имаме некое лошо искуство, па и неколку, поради средината во која живееме. И јас, и ти и секоја девојка/жена на форумов. И јас сум за претпазливост. Но, кога станува збор за форум каде некој раскажува дека е свесен дека лошо изреагирал (поточно се збунил), мислам дека не заслужува да е нападнат заради тоа. Значи знае дека за женско се' уште оваа средина не е безбедна. Поради тоа мислам дека заслужува барем совет.
@LoneWolfGuy си немал лоша намера и за тоа никој ништо не ти вика. Меѓутоа градот е полн со манијачишта, има девојчиња што ги пипкаат у гужви, плус свеж скандал со Телеграм, читаме секој ден за силувања и уплав имаме. Еве ти кажувам јас да сум се нашла во таа ситуација сигурно можеби и побурно ќе сум изреагирала затоа што не знам што мислиш. Мислите твои и реакциите се сосема различни работи, гарант те има помислено дека си манијак кој ја следи, може и намерно да се има симнато на друга буска или друг бус да чекала. Нема ништо лошо во тоа девојка да ти се допадне, ама ако сакаш друг пат да не ја уплашиш и да не си замине со трчање, вака - не. Ти кажа @Nausicaa како е пристојно да започнеш муабет, ама твоево никако. И не е дека е драмење туку секоја од нас барем еднаш има доживеано лично лошо искуство во автобус или пак си имала со некое манијачиште работа.
Ауу ова е веќе страшно...Полиција и обвинителство му е мајка та..И на полицијата заканете се дека ќе направите јавен скандал (Тв Сител на пр )ако не ви помогнат..Никако на своја рака....Кога веќе сме кај луѓе со психички проблеми бегајтеее ..Од каде знаете дека не е некој шизофреничар ? За псих.болните важат други закони..Обични лугето со псих .проб се афектни и незнаат што прават.Не може пси. болен човек од НЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕ ! Ако истепате пси.бол.човек ќе ве пријават сегде и може вие да"го јадете"..Страшна работа..Господ да не чува..
Читај погоре што пишав..какви шамари луѓе...Може ако е со пси болест (шизо) да ја претепа до смрт и тоа пред сите и мака ќе нема..Немој те паметни да се правите.. Имав потреба да лежам нервно и бев сведок како шизо тресна со тупаница докторка...Ауу која морбидност...Сите се потресовме..
Dobro i sto koa ke prijavis vo policija deka se zakanuva ,nekoj te sledi,ili ti zv so skrien ko sk znam ke pomine so opomena i pa isto.Ima nekoj islustvo bivs da prijavis za ova gore so napisav vo postov .
Ништо не прават од полиција. Не превземаат мерки. Ќе ти кажат доколку те нападне или нешто слично, тогаш ќе реагираат, а вака немаат основ.
Мене еден на Инстаграм така ми пишуваше од фејк, не можам да давам детали да не ме прочита некоја другарка И ме замараше дечкото еден ден, чекав да прати слика.И рече ако ме видел ќе ме поздравел, еве уште чекам да ми пријде некој , ама не одговарам за последиците ако го направи на грешен начин Ми се имаат дешавано и други ситуации каде ми била загрозена безбедноста, и верувајте ве сфаќам. Буквално ја советувам секоја членка овде, од најмало до најстаро од Куманово во Гевгелија, да си носи пепер спреј или тејзер во џеб цело време.Нема да ги повредите кузнае колку, али доволно за да избегате или евентуално да го онеспособите за да го исчукате.И да не им текне друг пат да ве замараат А што е најтрагично па во полиција не се замараат дур не дојде нож до коска или не фатите врски.Прва рака инфо е ова, полициско лице ми има кажанл ,,џабе ќе пријавиш ќе ти речат не си загрозена” Епа ако треба да се влечам по психијатри за да докажам дека ми се ебала психата, ок.
Ја со документирани докази, видео снимки и слики од тип шо рандом ме следеше лани летото се појавив у полиција. Не праам муабет за блиц кадри, зборувам за снимки од неговото влаѓање у влез после моето, трчањето по скали и доближувањето до влезна врата откако виде каде влегов. Значи долготрајни снимки од камерите у влез шо у полиција не ми значеа факинг н и ш т о. Некој краток записник, за после другарка шо работи у истата станица да ми каже дека истиот завршил у канта за ѓубре. Да, фино прочитавте. 5 минути откако искочив од канцеларијата, дежурниот одлучил дека треба да го фрли листот. И? Следно ќе одговараа другари на кои шо ја раскажав причава зашо пробуваа да го фатат ни сама не знам колку време после испадов. Ќе го скичмеа од ќотек и на крај кој е крив? Записникот не постои, исто као и никад нишо да не сум пријавила. И затоа, не знам, ова ми е едно од најјезивите работи со кои може да се бори еден граѓанин на Северна. Заштита 0, никој нит го занима нит било како ќе постапи по пријавата. Жали Боже само за времето потрошено. У ж а с