Стварно сме дупка невидена..ј`зк да им е.. А за свое дете истите тие пајкани, цела станица ќе ја превртат
И јас сум имала проблеми со ваков тип на луѓе, не го посакувам на никого, во длабока параноја ме има ставено срањево. Сватив дека полиција не помага, освен ако имаш врски секако. Само јаки реквизити за самоодбрана, машки пријатели, брат и секако, таткото. Тие што ве сакаат највеќе ќе ве заштитат по секоја цена. А недај боже навистина да ми се појави пред очи, јас ќе идам во затвор, не он.
Ќе му испратиш татко - брат - другари - братучед да му објаснат пар работи Не ќутете вакви работи; може да биде опасно .
И јас имам проблем со демнач. Веќе 2 и пол години една девојка од Куманово не ме остава да дишам на секој можен начин што и е достапен. Среќа пред две години се преселив во странство па нема многу можност физички да ме следи, меѓутоа секакви сајбер напади добивам и постојано прави лажни профили од кои ме аднува и ми праќа секакви пораки. Пробува да ги хакира моите профили, фала богу досега неуспешно. Им пишува пораки на луѓе што ги познавам за мене а воопшто не ја ни познавам лично. Се осеќам како буквално ништо да не можам да направам освен што го избришав стариот фб и инста профил и си направив нови и ја блокирав од двата и сите нови профили што ги прави минимум два пати неделно ги блокирам. Меѓутоа смачено ми е веќе да морам да се бранам на секој можен начин а не знам воопшто дали полиција би можела да ми помогне. Морам да имам профили на фб и инстаграм заради контакт со роднини и блиски пријатели. Дали некој имал слично искуство или пак совет за како да се ослободам од ова?
Втф Кажи ѝ дека ќе ја пријавиш за загрозување на приватноста, и за обид за хакнување. Стај two factor authentication на сите мрежи и мењај пасворд повремено.Болна работа јеботе.Или прати ѝ број од психолог/психијатар да иде да се опраи во тоа главата
И кажав и пробав човечки да се разберам меѓутоа неуспешно. И да, успеав со фејсбук да се разберам некако за да го заштитам профилот повеќе дури додадоа и опција за да не може било кој да ти праќа message requests, но сепак не е доволно. А за психијатар знам дека е, и знам дека има одено, меѓутоа верувај ми дека секој обид од моја страна да се справам со нејзе со разговор бил неуспешен и веќе се изморив искрено.
Им пишува прво со цел да дознае нешто за мене како адреса и телефонски број, но пошто тие ме контактираат и не и удоволуваат на барањата потоа почнува со секакви навреди и закани упатени кон мене и кон нив.
Па тоа што го напишав и погоре, проба да ми хакне 2 профила на различни социјални мрежи неколку пати, им пишува на луѓе што не знам како дознава дека ми се роднини и пријатели (дури мојата бивша девојка успеала да ја најде и да и пише) со цел да собере информации за мене и контакт со мене, и постојано и редовно креира нови профили и со нејзино име и лажни од кои пробува да ме додаде за да ми праќа пораки.
Види со полиција сигурно по ИП адреса ќе дознаат која е. Пораките што ти ги праќа со каква содржина се?
Јас знам која е и со име и презиме и слика, но во локалната полиција тука ме препратија во институција за сајбер криминал и тие ми го кажаа тоа што го напишав погоре.
Пиши бе на нејзините вака: Здраво Х , не сакав да дојде со ова да Ве контактирам, ама морав.Имено, Вашата ќерка веќе 2 години ме прогонува мене, а и мои роднини и пријатели, и сите нѐ вознемирува психички.Некои од нив ми рекоа дека ќе ја пријават во полиција ако не престане да им пишува, а и јас повторно ќе го направам тоа.Ве молам разговарајте, одете побарајте стручна помош ако треба, никој не е должен ова да го трпи.Во спротивно, она ќе треба да трпи неколку пријави во полиција. иначе да знаеш, после 3та пријава твоја веќе ќе ја гони државата.Така шо ич кур да не ти чуе, пријавувај.После со нив нека се замара Какви болни особи Господе..реков ја има напорни жени..ви реков?
Добра ти е идејава стварно. Само ќе мора нејзините да дознаам кој се, кај се, и како да ги исконтактирам, а не сум во мк. Ама добро можам да пробам. Фала ти на идејата.
Ако ја знаеш по име и презиме, копај на фб, инста, може ти има нејзините за пријатели.Или ако ти е блокната, нека бара некој што му има пишувано.Или во френдс пиши го презимето нејзино и ќе искочат сите френдс со тоа презиме.Изи. Нема проблем.Ако треба нешо, кажи
Има стотици профили направено пошто ја блокирам ама ќе му кажам на брат ми од кај него на профил можеби ќе можам да и го најдам првичниот ако воопшто го користи. Фала ти многу