Тука во Малта кај што и живеам бев во главната полициска станица и им објаснив што е проблемот и ме препратија кај детектив за сајбер криминал што е и тој ми го кажа тоа што го пишав погоре. Дека морам секој еден доказ што го имам да го соберам во папка и да им го однесам за да направат случај против нејзе. А премногу профили и пораки има би ми требало премногу време за се да соберам и средам во папка.
Да.Треба скриновите да ги испринташ за да може у папка да се стаи.Абе ја мислев овде си пријавил.Пријави овде.Ѕвони у МВР на вибер или нешо. Пријавувај и овде, нема Малта да ја гони, Македонија ќе ја гони, ако овде живее.
@Dreamer 777 најсериозно ти велам пиши име и презиме овде нејзино на некоја од нас и одма се ќе и дознаеме. А па ако е од Куманово , оха одма ќе се најде мало место е .
Епа прашав за во Македонија директно во МВР и ми рекоа дека морам лично да дојдам за да поднесам пријава. А не можам да доаѓам само специјално за тоа, плус секако во моментов не можам да доаѓам заради правилата во Малта со коронава. А инаку од тука ми рекоа дека можат да ја гонат преку интерпол би се поврзале со мк полиција само дека им требаат сите докази за да нема нешто што не го знаат во смисла.
Епа супер ако може така @nena2010 у право си.Или пиши нѝ у лп. Има кумановки овде доста, а може и мајка ѝ ќе прочита
Иако ме прогонува повеќе од две години не знам фали е во ред да ја спомнувам со име и презиме тука и плус можеби ако пријавувам после во полиција ќе треба да им го кажувам и тоа?! Не знам стварно
А бе пиши на некоја од нас во ЛП и готово. Да дознаеме кои се нејзините, да им се обратиш фино лепо и чао пријатно. Ако они не превземат нешто тогаш ти земај принт скринови, принтај досие и во полиција. Спомни им дека си сега тсрански државјанин, и речи му ако овде поднесам приваја Интерпол ќе ја гони да не ја правиме големата зауздајте си ја. @Ljubova би се зачудила кога некоја со ментално пореметување ќе се фиксира на некој, дека е нејзин, дека е мажот на нејзиниот живот дека вака дека така и тоа само зашто и се насмевнал у пролазу.
Да ама ова е болест. Женава треба да се лечи. Не сакам да замислам ако беше дечково тука како ќе го малтретираше.
Па прво ми изјавува љубов па по 5 минути ме вреѓа ми се заканува па после пак ми изјавува љубов и така. Тој еден ист циклус и е стандарден на менување расположение во пораки. Сега веќе не може да ми праќа можеби месец дена пораки со новата опција на фб и само нови профили прави и ми праќа follow requests и јас ја блокирам... Не сум сигурен ама мислам околу 27-8 години дека има Инаку по сликите на профилите од кои пробува да ме заследи видов дека се ишишала скрос на нула (а претходно долга коса имала) и во пораките последни ми има спомнувано дека последна љубов ќе и бидам јас, дека немало да сака никој после мене (а буквално ја немам ни допрено девојкава за рака ни камоли па што). Ми има пишувано дека заради мене се ишишала и ми има пишувано дека ќе се самоубие ама јас пораките ги немав отварано па на една моја пријателка и пишувала да ме исконтактира пошто ќе се самоубиела инаку. И јас морав да и објаснувам на пријателката што е проблемот. Значи многу главоболки без никаква причина. Да не зборувам па што си имам девојка тука и што требаш нејзе да и објаснувам.
Се знаеш ти со девојкава? Другари сте биле? Дефинитивно и треба психијатриска помош. Нејзините ништо не забележуваат според нејзиното однесување?
Не ја познавам лично освен од фб крсток период пред 2 и нешто години ми пишуваше кратко и кога приметив дека не е во ред психички и кажав дека сакам да прекинам контакт и тоа е тоа. Меѓутоа не прекина она и почна со закани и навреди и ја блокирав прв пат тогаш. Ниту најмалку не сме биле другари. Ниту оддаааалеку. А за нејзините не знам кои се луѓето и не ги познавам така да не можам да кажам.
Мислев дека ти е бивша па затоа те замара. Контактирај ги нејзините за да преземат нешто, пред се за нејзиното здравје.
Стара темава ми падна во очи описот што го даде не го спомна на име ама според изгледот како го опиша одма дојдов до заклучок кој е. Типот е безопасен пробва така нападно да се додворува после извесно време се откажува не е ич опасен