1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со ерекцијата

Дискусија во 'Секс' започната од snegulcence, 18 јануари 2010.

  1. darlingB

    darlingB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    127
    Не можеме да имаме секс

    Девојки , ве молам за помош :) Имаме односи со дечкото веќе година и пол, па се беше во најдобар ред се до пред некој месец и пол. Сега никако не сака да му стане.. го гледам дека се пали кога сме заедно, но проблемот е сеуште тука. Ова се случува веќе некое време, како што кажав скоро 2 месеци,па не знам што да правам :sweat: , затоа ве молам за било каков совет. Благодарам однапред :*
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Не се секирај,тоа може да се случи на секое машко.Тоа највеќе се случува од стресови,нервоза,умор и уште не знам што,само зависи кој како ке го прифати тоа,бидејки ако премнгу мисли и се нервира ке има големи проблеми со психата а исто така и со ерекцијата и нема да може да се сконцентрира(да се крене)или пак ке дојде до тоа и за 2 мин опппп го снема.Значи ман нервоза и да се случи пак слободно направете малку пауза да се стабилизира работата и потоа АЈМО ЈОВО НА НОВО :) :)
    позззз :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, точно е тоа за нервозата, дечко ми имаше стресен период и мислам дека затоа ни се случуваше ова. Сега за среќа се е во ред. :) :*
     
  4. rabiosa87

    rabiosa87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Често во вашите одговори читам ,,, ако му се случи тоа разговарајте со него ,,,, тоа уште повеќе ке ја влоши ситуацијата, па машките не се машина секогаш да им се дига ,,,, воопшто не е проблем ако тоа му се случува по некогаш, немојте да го препрашувате и да барате проблем каде што нема, бидеќи на тој начин вие ќе го создадеет проблемот , со вашето навалување ,,, па злато до мене ли е?,,,,, правете се дека нисто не сте забележале, запрете за момент со чинот но продолжете да го палите....
    Во многу случаи пенисот им паѓа кога ставаат кондом , бидеќи несакајќи се повредуваат , се скубнуваат или штипкаат со кондомот,,,,не мора одма тука да поставувате прашања што е сега проблемот, едноставно продолжете да го факате таму каде што се пали,,
    ,,,сево ова го зборам од искуство , на мојот дечко му падна на среде однос и јас се направив паметна да прашам што е работата па последица на тој муабет долго време му се случуваше , со секоја негова помисла и страв да не ме разочара, да не му падне пак тоа и се случуваше , па пак правевме муабет па јас со сцените ,,до мене ли е ти се здосадив ли,, бла бла.... на тој начин му создадов уште поголем притисок , создадов проблем каде што го немаше.....
     
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Еве и јас како машко ќе ви откријам дека некогаш може да се јави проблем со ерекција кај било кое машко па и на младите во 20-ите години во чија група спаѓам и јас.

    Причините кои доведуваат до неможност да се постигне ерекција се разновидни: психолошки лош момент, ненаспиеност, замор, најаденост, штотуку внесено поголемо количество храна, неквалитетно или малку спиење (најчесто заради ова мене некогаш нејќе да ми еректира :) ), “плодност“ на денови (и ние машките имаме денови кога некои хормони повеќе се лачат и ни ја “креваат“ машкоста многу полесно од останатите денови) итн. Многу фактори се во игра. Нормално зборам за оние што не страдаат од импотенција, далеку било тоа од мене... :)

    Околу внесување на храна и најадување... претпоставувам знаете дека кога ќе внесеме храна циркулацијата на крвта се концентрира во дигестивниот систем за да ја “процесира“ храната. Ерекција се постигнува на тој начин што крвта ја исполнува главната вена што минува низ пенисот, на тој начин сунѓерестото ткиво се проширува и расне магичното “стапче“. Многу добро го објаснив ова. :lol: Зборот ми беше во моменти кога крвотокот е претежно концентриран во дигестивниот систем, многу потешко е да се пренасочи и да оди накај пенисот. Затоа, пред секс - храна не, ова за машки важи! :D

    И најпотентен момак може да има проблеми со ерекција. Па и ја како прилично потентен млад тип имам проблеми со ерекција и не е ништо страшно да се признае. Само морам да нагласам дека под “проблем“ не подразбирам постојана неможност за ерекција, туку одредени моменти кога едноставно нејќе да ми се дигне. Се случува и тоа не е ништо страшно, секогаш има нареден пат. :) Исто и на вас женските не ви се сака секогаш, така ли? Значи се е релативно.
     
    На SunnyGirl2, Elena69221, Meggy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ahhhh

    ahhhh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    и јас се соочувам со ваков проблем во последно време..во врска сме 5 год. и порано немало ваков проблем..значи се е ок во врската не се караме се слагаме мегутоа последние два месеци се случува следново... сме имале само едаш во овие 2 месеци он нема многу желба а и кога има се возбудува поЧнуваме и ке влезе неколку пати и му се спушта тоа веќе месец ипол последниве 6-7 пати кога сме пробале.. После тоа е секако нервозен знае дека имаме проблем и ништо не прави во врска со тоа. Ми кажува дека гледа порно и дека сам може да се задоволи...и уште понеубаво се осеќам..не знам што му се случува пробав да разговарам со него неколку пати и сам признава дека е свесен дека имамме проблем т.е. он има психиЧки проблем и ншто му викам и да не гледа порно зошто можеби и тоа е проблемот ама ништо џабе се е исто веќе 2 месеци...а фрустрирачки е зошто се гледаме скоро секој ден имам потреби..мислам нема потреба да објаснувам како се осеќам..не знам што да направам понатака?
    а морам да кажам дека супер изгледам секогаш средена намирисана секси долен веш не знам...
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Воопшто не ми се допаѓа што ти го кажал тоа за порното.
    Во ред е да е нервозен ,ама седни го пак поразговарајте нека ти каже.Објасни му дека и ти имаш потреби и дека ќе го сфатиш ако има проблем тој,но нека ти каже барем дали е до тебе,конкретно нека каже.зошто 5 години не е малку,сепак имате изградено врска ,па искрено може да се разговара за се,него вака да се имачуваш во прашалници да се прашуваш што е.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    може би ќе ме разбереш погрешно, но еве остави го сам да започне, не го форсирај ете кога ќе има потреба тој за секс тогаш имајте... Знаеш од кој причини ти го кажувам ова може би во главата на партнерот постој страв леле да не ми се спушти и штом помислува веќе бењата е направена, а се разбира и тука постој желбата да те задоволи и веднаш имаш контра ефект. Никако не го напнувај ајде да имаме секс или ајде да пробаме да видиме дали ќе ти се спушти.... Сум го имала овој проблем со партнерот и затоа ти кажувам полека и без напнување и се ќе биде во ред. Сепак машкото его е големо и верувај дека поминува низ тежок период во кој му треба доста разбирање и комуникација за истиот, сепак сте засегнати двајцата. А што се однесува до твојте потреди ете одреден период препушти му се на самозадоволувањето и уживај така се ќе си дојде без карање на свое место ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. diskretenbt

    diskretenbt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Кажи му на дечкоти да не гледеа сам порно филмови и да го дрка па после тоа ти да не му си интересна
    Вака сега ке направиш... одбери по твој вкус некој порно филм и гледајте го заедно но во меѓу време ќе го бакнуваш по целото тело ќе го натераш да се сврти на стомак а ти нежно ќе го бакнуваш додека тој мора да гледа во телевизорот а ти полека со едната рака ќе му го галиш алатот.Незнам дали имаш пробано да му го лижиш аналот тоа ќе го доведи до лудило.
    Секогаш прави нешто различно од тоа што сте го правеле поздрав......
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не може да ја одржи ерекцијата

    На мојот партнер му се случи првиот пат кога имавме односи (и на двајцата ни беше прв пат). После тоа се си беше океј. Можеби од премногу еуфорија..којзнае :D
     
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    10 намирници за појака ерекција

    Месо и риба

    Протеините кои се наоѓаат во пилешкото месо и рибата ќе ја зголемат вашата сексуалната моќ, но освен тоа, редовното конзумирање на оваа храна ќе ви помогне да го намалите и „појасот за спасување”, што сигурно ќе го зголеми вашиот сексуален нагон. Кога изгледате подобро, сигурно и ќе се чувствувате подобро.

    Црвено вино

    Алкохолот во мали количини не може да ви наштети, а веќе којзнае колку пати имате прочитано дека црвеното вино делува добро на вашето срце. Малку алкохол (не повеќе од 2 чаши) ќе ве опушти, а кога сте опуштени – се е полесно.

    Авокадо

    Авокадото ја зголемува желбата за секс, а воедно го ослободува и телото од штетните токсини.
    Авокадото е полно со масло и витамини кои го подобруваат сексуалното здравје кај мажите.

    Чоколадо

    Црното чоколадо ќе го подобри вашето расположение, а со тоа ќе ве направи и порасположени за водење љубов. Кога сте веќе во продавница и посегнувате по кондоми, не заборавајте да се почастите и со едно квалитетно чоколадо. Ќе ви се исплати.

    Семки од тиква

    Семките од тиква го намалуваат ризикот од рак на простата. Богати се со цинк кој помага вашите приватни делови да работат како што треба. Значи, кога следите битен натпревар, воопшто не е “селски” да грицнете и по некоја семка.

    Лута црвена пиперка

    Се смета дека овој зеленчук го зголемува сексуалниот нагон кај мажите. Познато е дека спортистите од јужноамериканските држави, како допинг, често јадат црвени пиперки пред битни спортски настани со цел да ја зголемат својата издржливост. А затоа што знаеме дека издржливоста е битна и во сексот, тогаш вклучете и некое луто пиперче во ручекот.

    Смокви

    Докажано е дека смоквите помагаат за одржување на правилен крвен притисок и овозможуваат добро циркулирање на крвта низ сите делови од машкото тело.

    Банани

    Бананата е богата со калиум, кој исто така влијае позитивно на крвната циркулација. Лекарите веруваат дека бананите се совршеното овошје, а тоа што помагаат во подобрување на сексуалниот нагон е само една од причините за ова мислење. Не е воопшто чудно што мајмуните ги обожаваат.

    Остриги

    Уште од античко време се верува дека остригите претставуваат голем афродизијак. Познато е дека римските цареви редовно ги конзумирале со цел да ја зголемат својата сексуална моќ, па затоа не се сомневаме дека ќе ви помогнат и на вас.

    Бадеми

    Бадемите помагаат вашето срце правилно да ја извршува својата работа и да одржува добра циркулација во сите делови од вашето тело. Вкусни се и добро одат со алкохол – повторно, во умерена количина.

    Консумирајте здрава храна и водете љубов! Наздравје!
     
  12. YoungWidow

    YoungWidow Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ocajna :(

    decko mi ima 33 godini, znaci 12 godini sme razlika . Kolku pati i da probuvame da imame seksualni odnosi nemu ne mu se diga (samo ednas vsusnost uspea). ne znam sto e rabotata a sram mi e da ja otvoram temata za da ne go navredam
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ocajna :(

    Па мораш да разговараш со него и да откриете што е проблемот , да оди на лекар и сл , во спротивено ќе останиш во вашата врска без секс, во која не знам колку ќе бидеш среќна. Тоа е моето мислење, се надевам, некои феминки кои се нашле во иста или слична ситуација, ќе ти дадат попрактични совети.
     
    На MiladyDeWinter, YoungWidow и Srce01 им се допаѓа ова.
  14. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Ocajna :(

    Мораш да разговараш за тоа со него и не гледам зошто да ти се лути. Разбирам машко е и можеби ќе се навреди ама не можеш така. Млада си и имаш потреба од тоа.
    Разликата во години не ви ја коментирам, друга тема е тоа, ама ако не му се дига сега замисли кога ќе биде стар а ти далеку помлада.
    Во секој случај, разговарајте, можеби е во прашање медицински проблем кој може да се реши. :)
     
    На YoungWidow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Ocajna :(

    страм не страм само отворен разговор. нема поента премолчувањето. инаку да, твоите години се друга тема на муабет и нема потреба да ја коментираме сега, секој со свој памет а ценам реално мислење и став.позз
     
    На YoungWidow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Ocajna :(

    Тоа е навистина проблем зошто дечкото е млад и незнам зошто нема ерекција или пак е се до свеста, јас викам дека се поаѓа од главата, штознам пробај да го запалиш со подолга предигри или со некоја секси долна облека
     
  17. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    Утрово напишав кои чаеви се користат за полна ерекција во темата не му е доволно цврст мислам дека беше.Отвори и прочитај.
     
  18. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Колку време сте заедно?
    Колку добро го познаваш?
    Колку време поминувате заедно?
    Во принцип дечкото е во години кога би требало да биде во најдобра форма....
    Ама....Обиди се да дознаеш дали можеби е под некоја терапија за која ти не знаеш, дали можеби користи наркотици....Нагаѓам само,ама се се ова можни индикатори за неговиот проблем...
    Обиди се да дознаеш од каде потекнува проблемот, смирено, дискретно, без нагли муабети.
    Кога ќе дознаеш каде лежи проблемот, веќе следува моментот на вистината.
    Мораш да разговараш со него, ако сакаш да му помогнеш нему и на вашата врска.
    Знам, лесно е да се напише....а, тие муабети се многу деликатни...
    Мораш да бидеш многу трпелива и многу,многу толерантна.Чекор по чекор!
     
    На MiladyDeWinter му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Нема проблем со ерекцијата кога е без перзерватив , ама кога ќе го стави веднаш паѓа. |( Чаре?????
     
  20. anushka85

    anushka85 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Не користете презарватив. :) Јас со еден бивши имав сличен таков проблем. Све супер, перфектна ерекција имаше и коа ке коа ке навлечеше презеватив после 5 минути на сред однос му паѓаше. И многу се нервирав. Пробувавме со разни кондоми и пошироки за да не го стегаат и да не го попречуваат проток на крв али џабе.....а сега без презерватив полна ерекција од почеток па се до крај. Перфектно.
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.