па се е можно,но некогас ние самите си правиме и мислиме дека можеби сме јас секогас си велам ке ми дојде а сепак се надевам и вистина пред да ми дојде мокрам на секој 10-15минути во текот на месецот ми се лоши,но ете на крајот ми доага и пропага се во вода малку ми е страв за утре одам на гинеколог ама што е тоа е бас ке прашам за тие таблети а фолна ке си земам не еништо страшно секој ден и по цел ден некогас свесно некогашпотсвесно си мислам на тоа
значи фолна киселина секој може да пие без препорака од доктор а за што точно е истото оти ако отидам во аптека и побарам и ако ме праша таа за што ми е да знам да и кажам за што,малку ми е срам да барам работи за бременост во аптека може сум малку .... ама мн ми е срам ај обајснете ми поубаво ако може
bik23 pa samo kazi go imeto na apcinjata i ke ti gi dadat...samo jas ne znam kako se vikaat tie apcinja vo MKD..i jas pijam apcinja folna ama jas ne ziveam MK i tuka se so drugo ime..moite se vikaat folio forte
Нема што да бараш работи за бременост во аптека,ќе си отидеш кај гинекологот твоји ќе си прашаш се‘ што те интересира,тие се фала богу за тоа таму.Ќе си прашаш и за климофенот,јас колку што знам они најчесто него го препорачуваат како прва алтернатива во потешкотии со бременост и исто и за фолната киселина,која не е штетна,ама па консултација со стручно лице не е на одмет.Ти уште не си бремена,па мислам дека тие жени земаат фолна во помали количини,отколку бремените.Може да ја зема и партнерот,исто и витамин Ц кој ја зголемува подвижноста на сперматозоидите.
Фолната киселина можеш да си ја земеш без проблем, никој во аптека нема да те праша зошто ти е. Само побарај си такви таблети, ги има со различни имиња: Тифол, Фолан, Фоливит или што знам јас, зависно од производителот. Инаку, фолната киселина помага при забременувањето, затоа се препорачува да се пие веднаш штом жената ќе посака да забремени. А во првите месеци од бременоста, посебно во текот на органогенезата ги спречува аномалиите на нервниот систем кај ембрионот. Освен тоа е добра и кај анемичните, помага при ресорпцијата на железото од желудникот. Кломифенот пак е друга приказна. Тој не се зема на своја рака. Можеби може да се купи без рецепт, ама сепак се работи за хормонски таблети. И обично се дава кај жени со полицистични јајници кои поради тоа имаат нередовен циклус т.е нередовна овулација, значи нема сигурност кои денови се плодни. И како сега некоја ако не може да забремени со месеци, а нема полицистични јајници, да го зема кломифенот на своја рака? Подобро не, таков ризик не е потребен. Барем тоа е моето мислење како медицинско лице.
вака јас денес бев кај гинеколог на преглед вагинално ме гледасе се ми е во ред му казав дека почна да ми иде порано ми вели не епроблем во понеделник ке одам пак ми заказа а 3ден од циклусот кога ке добијам а дај боже да не добијам мора да испитам хормони овие фоликостимулирачки и за тироидна се ми изнаписа јас ги имаам иститувано и се мие во ред ама ај ке видиме пред месец правев и папа се ми беше ок мада ке правиме и спрематограм за маж ми го прасав за фолна и ми реце и до сега си требало да земаш почнав од денеска да земам па ќе видиме гледам да сум повеќе опустена ме праса за години ми рече ок ми вели психата и тоа во глава е посилно од се па ќе видиме за кломифен го прашав ми рече никако додека не се видат хормоните неможе а и ми вели немој случајно да ги земас сама без да ти кажам ми вели рано е цекајте вие тек 6месеци сте заедно е тоа е драги мои
е извини сега ја видов пораката вака мене гинекологот ми реце по една на ден јас од денес веќе почнав по една ги зедов од аптека во мало пакување се од 5мг
Девојки, да ве замолам од сега па натаму, вашите коментари за меѓусебната поддршка што си ја давате за бременоста да ги пишувате во оваа тема Поддршка за оние што сакаат да забременат. А оваа тема ќе продолжи за конкретни медицински проблеми во врска со зачнувањето. Поздрав и ви посакувам на сите што побрзо да забремените!
сакам да прашам нешто во врска со фолната јас почнав да земам тифол(фолна) ама моментално имам и имам мн големи болки а во упатството пишува дека не треба да се земаат др лекови освен те дали мозе да се напијам спазмекс (само од нив ми минат болките) или да издржам 2-3 без апчиња
Тифол е само витамин и ништо повеќе, така што можеш да пиеш апчиња против болки. Тоа што го пишувало во упатството да не земаш други лекови, тоа важи за други препарати што содржат фолна киселина. Немај гајле, можеш да си се напиеш некаков аналгетик кога имаш болки (претпоставувам дека зборуваш за менструални болки). Само не во исто време со Тифолот.
Zdravo dragi moi, i jas po prv pat vo zivotot se obiduvam od 15 noemvri za bebence, so mazot mi rabotime redovno na taa tema i posleden pat svrsi vo mene vo ponedelnikot i se molev da ne dobijam i op, denes sabajle dobiv....i se razocarav malku, zatoa sto ne ocekuvav deka ke mi dojde tocno na datata, a imam neredovna menstruacija....a kako sto citam na forumov moze i da ti ide redovno, a da si bremena....taka da, ne znam sto da recam, tuku samo da cekam....
kallias ретко која останала бремена само со еден обид. Затоа еве сега кога надоаѓаат ладните денови, топлете се со мажот ви, водете љубов и направете едно бебенце.
Среќници се тие што од прва им се фаќа. а сакаат нормално. Јас пробував 4 месеци, па дури мислев дека не можеме.Ама кога најмалку се надевавме бидна. Велат требало време да се приспособи спермата Не се секирај ќе биде, наскоро ќе се радуваш со нас
да цирибирибела, многумина така велат, но моја другарка што остана несакајки бремена и тоа првиот ден од менструацијата и од прв пат....значи гаранција нема кога и како да останеме бремени. Секако дека мене не ми се брза и еве веке почнавме со тренинзите за бебенце, па кога ке одлучи Бог тогаш нека биде. Инаку постојано читам на форумов од оваа област и да ви кажам право многу работи научив што не знаев...и наважното од се е да нема стрес,нервози и грижи, а тоа кај мене и сопругот во последно време се случува постојано така да треба да се релаксираме и опуштиме и верувам ке биде...
Дали нередовниот циклус значи и помали шанси за бременост Со пореметување на циклусот се пореметуваат и плодните денови. Мене ми се случи два пати да добија во месецот и тоа од стрес. Крварење имав 20 дена па се исплашив и отидов на киноколог, при прегледот докторот ми рече дека во моментот сум најплодна и покрај тоа што имав крварење и дека пореметувањето на циклусот ја пореметува овулацијата. Доколку тоа се повторува пошесто шансите за забременување се помали така ми рече кинекологот, дали тоа е вистина?
Несакајќи останала од прво. Цирибирела рече дека не се фаќа од прва ако нормално сакаат. Најчесто млади што остануваат несакано бремени, нормално се фатило од еднаш, пошто тие не пробуваат нели. Тогаш опуштено водиш љубов не мислиш на ништо, и затоа одма остануваат бремени. Кога планирате бебе умот ти е таму и потешко се фаќа. Многу има влијание психата.