Рано ви е да одите по испитувања. Три месеци не е долг период за пробување, поретко фаќа од прва. Уживајте, водете љубов и не се преоптоварувајте со тоа дали ќе останеш бремена или не. Ако после подолг период обидување (повеќе од година дена) не забремениш, тогаш може да се направат испитувања. Батрфлај, иако имаш 25 години, не ти е секој ден плоден. Имаш на сајтот Фемина калкулатор за пресметување на плодните денови.
Ili mozebi imam losa procenka na plodnite denovi, bidejki ne dobivam na 28 dena, nekogas na 29 dena,nekogas na 31 den....
Сметај дека плодните денови ти се две до три недели од датумот на добиената менструација. Значи, на пример, денес добиеш, од денес после две недели ќе ти почнат плодните денови. Инаку, исцедокот во плодните денови личи на белка од јајце, ама буквално, поради овулацијата. Така може да познаеш. Инаку, би ти советувала да не се оптоваруваш, прерано ти е да се загрижуваш зошто не можеш да останеш бремена. Има жени со нередовна менструација што им доаѓа на 28 па се до 40 дена, па пак останале трудни. Освен тоа, после долго пазење и чување, не се забременува веднаш. Опушти се и уживај!
Знам дека има тема за симптоми на бременост , меѓутоа ме интересира некои од вас кои им биле првите симптоми, дали било подуеност ... за апетит веќе знам. Но 2 пати до сега , ми се има случено како да ме има фатено некоја инфекција долу , или како прелада и за неколку часа поминува. Во тој период мнг ми се оди по мала нужда а не ми е до толку работата за одење.
Никаде не треба да одиш, зарем не прочита погоре, овдека на сајтот на Фемина имаш калкулатор за таа намена, кои ти се плодни денови.позз
Како може никаде да не треба да оди. Се разбира дека треба да оди на гинеколог, ако до сега веќе не проверила. Калкулаторот не значи дека е точен, на некој плодни денови му се 11-12 ден, на друг можеби 15-ти, па и 20-ти ден, или можеби подоцна. Ќе си провери хормони на 3-ти и на 21-ви ден од циклус пак ќе провери прогестерон, ќе си направи ултразвук на 12-ти ден, ќе и измерат фоликули и ред други работи и ќе и ги утврдат плодните денови. Пред да стават калкулатор на фемина, како утврдувале жените? Или на ѓутуре оделе
Здраво ФЕМИНКИ, ако може ваше размислување и искуство со лош спермограм, како еден проблем за зачнување. Мојот сопруг го направи првиот спермограм во октомври, со утврдена дијагноза:Астенотератозооспермија (бев многу потиштена), но мојот сопруг е оптимист. Од тогаш, значи 3 месеци пиеше Spermotrend, по препорака на докторката од Институтот за хистологија и ембриологија каде го правеше спермограмот, мислам дека Зорка Герасимовска се викаше. Сега деновиве, значи по 3 месеци од првиот тест, сега дијагнозата од спермограмот е умерено хипокинетичен. Дали знаете што значи ова. Ве молам споделете некое искуство !!!!
Од мое искуство мислам дека е време твојот сопруг да си направи спермограм, а после ако има потреба и спермокултура, преглед кај уролог, зависно од тоа каков ќе биде резултатот од спермограмот. Понекогаш ние жените се преоптоваруваме со тоа дека само кај нас може да биде проблемот и само ние закажуваме и одиме на прегледи. Од искуство мое, и двајцата партнери истовремено треба да ги започнат испитувањата (со тоа што кај мажите бројот на испитувањата и начинот е мал и безболен, и се се завршува да не речам за 1 недела, за разлика кај жените испитувањата се подолготрајни и се поврзани со циклусот, така да треба подолг период да се направат сите испитувања).
Здраво феминки...ми треба ваша помош тоест и треба ваша помош на моја другарка...во брак е една година и не можеше да забремени...отиде на гинеколог и и рекоја дека има полицистични јајници друго се е во ред...докторот и препиша некои апчиња за да остане бремена...би сакало некое ваше искуство да споделите дали вистина е до полицистичните јајници или се е до психата зошто многу саакат да имат дете и таа и мажот и...ве молам некоја информација што би била корисна многу ми се има најдено во животот па би сакала сега и јас да и се најдам и да ја посоветувам...поздрав голем
jas sum vo brak 3 godini i otkako sme vo brak probuvam da zacnam no nikako ne m uspeva . bev na ginekolog i se e vo red so mene! dali moze problemot da bide do toa sto mojot soprug e vo stranstvo i tamu ostanuva okolu 4 meseci a koga doagja sedi samo 2 nedeli . ve molam dajte mi nekoj sovet!
A дали твојот сопруг има направено некои испитувања, и тоа е многу важно, а секако и периодот кога сте заедно, дали тогаш се твоите плодни денови и слично,...а ти што имаш испитано и што те советува матичниот гинеколог?!
nema sega zasega a toa sto vikas za periodot koga mi se plodnite denovi e deka imalo i takvi momenti koga bilo toa. se bese doro nemam problemi