Буци , ако ти немаш проблем немора да значи дека и маж ти нема. Најубаво е да си направи испитувања , можеби кај него е проблемот. А ова за плодни и неплодни денови , нема врска, кај мене се фати баш кога nе ми беа плодни деновите значи кога тоа ке сака да се фати ке се фати безразлика дали се плодни или неплодни деновите , но секако треба да си сигурна дека е се во ред и со маж ти
Имам едно прашање за сите што пиеле Дабростон: на преглед матичната ми кажа дека кај мене овулацијата касно - и по големината на фоликулите би требало месецов да ми биде на 20тиот ден (сега е 15ти). Дополнително ми даде Дабростон да пијам од 16тиот ден. Сега сум во недоумица - зар тој не треба да се пие дури после овулација? 16ти ден би било баш после овулација за тие со циклус од 28 дена, кај мене зар не треба подоцна?
pa sega planira koga ke si dojde za makedonija da odi da napravi spermogram. a kaj mene sinoka se sluci nesto cudno i sega go custvuvam istoto izgleda treba da posetam ginekolog. pocna da mi tece edna zoltenikava tecnost i me srbi i od nadvor i od vnatre. duri i stomakot me boli toa mi se slucuva prvpat. ako znae nekoj neka mi objasni sto znaci toa
Ова само ќе кажам како блиц совет ...Чај од Валеријана помагал при зачнување,незнам дали го има кај нас ама во Белград знам дека го има ако сте во можност да си го набавите не е на одмет да се пие,ве поздравувам ои ви посакувам на сите што сте о исчекување побрзо да збремените!
ete i jas kako da go imam toj problem vejke 8 meseci rabotime na toa da imame bebe sme opusteni i dvajcata no koga ke dojde toj period dali ke mi dojde mesecniot ciklus ili ne malce sum ponapnata nesakam da razmisluvam no mislite mise tuka.no nekako cudno se custvuvam ovoj mesec mi dojde menstruacija no samo 4 dena pa mi prekina imav silna bolka vo dolniot del na stomakot i sledniot den nemav krv,sledniot den samo malce i tolku.se custvuvam mnogu omalaksano umorno i imam glavobolka skoro sekoj 2 den,se prasuvam dali mozebi sum ostanata trudna iako imav dobieno a i imam apetit povejke.sepakplaniram denovive da go posetam mojot ginekolog pa se nadevam nema da bide nesto seriozno posto pred 2 god imav cin 1 pa se plasam!
zdravo sakam da ve prasam dali samo koga mise plodni denoj moze da ostanam bremena ili ne! eve vejke 8 meseci pokusvime i nisto pa dali ke mora da gledam plodni denoj sekoj mesec ili samo opusteno i da terame pozzz
Драги феминки и идни мамички, здраво и од мене на сите им посакувам да го осетат тоа благодетно чувство- Бременоста. Еве една информација и од мене, се надевам ќе биде од корист. Сакам да напоменам дека кај мене беше пресудна опуштеноста, редовното одржување на имунитетот со витамини и минерали и нормално си ја осетив овулацијата и му викам на мм-сега е моментот, и... ја слушнавме најубавата вест Растение за забременување - алфалфа или црвена детелина. Извадок од книгата на Susun S. Weed "Wise Woman Herbal For The Childbearing Year". Една од ретките билки за забременување е црвената детелина - Trifolium pratense. Нејзината висока содржина на витамини е особено корисно за матката, додека пак високата содржина на протеини го зајакнува целото тело. Црвената детелина има изводредно висока содржина на лесно усвоиви калциум и магнезиум, кои го релаксираат нервниот систем и помагаат во забременувањето, и високоминерален состав кој ги содржи буквално сите потребни минерали за добро дејство на жлездите во внатрешно лачење и помага да се обноват и балансираат хормоналните функции. И за крај, доста важен е и фактот дека црвената детелина го алкализира телото и може да ги балансира киселинските алкални нивоа на вагината и матката, што доведува до евентуално зачнување и бременост. Исто така сакам да Ви го дадам советот што мене ми го даде мојата мила Докторка-ПРАКТИКУВАЈТЕ СЕКС НА 35 ЧАСА, за да не се утнете И за крај...СО СРЕЌА
Феминки, дали има потреба да ги испитувам хормоните, а имам многу редовен циклус (27-29 ден) и при секој преглед на вагинално ехо имам фоликули?! Кога има потреба да се испитуваат? мојот доктор не ми кажал ништо за тоа дали треба да ги испитам,....... се обидуваме за бебушка, нели како сите феминки?!
Има ли некој искуство за инсеминација или ин витро во Св Лазар, обично гледам сите зборат за Систина? зарем во Св.Лазар не оди никој, нели е тоа специјализирана само за гинекологија и акушерство?!
Проблеми за забременување? Здраво, ме интересира дали консумирањето на марихуана може да ја намали плодноста кај мажот? Имам читамо на нет, ама единствено (според тие извори) нејзината консумација може да ја намали подвижноста на сперматозоидите доколку таа се консмира неколку пати дневно. Јас лично не верувам дека е тоа точно, затоа што мислам дека и мало количество на оваа супстанца влијае на организмот. Не за џабе е забранета со закон. Постои медицинска марихуана, ама таа е против болки кај тешко болните. Дали вие знаете нешто во врска со ова? Инаку, во брак сум година дека, немам деца, во почетокот се трудевме да оставам бремена, а последниве пола година, како да станавме безнадежни. Тоа ни влијае и на сексуалниот живот. Има периоди кога и цел месец немаме односи. На тој начин и си ги намаливме шансите за забременување. А сакаме дете. Многу :'(
Проблеми за забременување? да.дрогата влијае на плодноста,секако негативно.најдобро со мажот ти отидете на гинеколог да се испитате дали сте плодни.и стресот влијае негативно ,бидете трпеливи се ќе дојде на свое место.поздрав
дали и кои помагаат за забременување? сакам да имам деца,се трудиме со месеци и нисто..некаква помош?....
дали и кои помагаат за забременување? Има една цела листа на причини зошто не сте успеале досега да зачнете меѓу нив како можност е и неплодност исто заради една цела листа на причини. Ако не сакате да се советувате со лекар, постојат интернет страници кои нудат совети најпрво да започнете со некои помали промени кои можеби биле причина за досегашниот неуспех. Еве ќе се потрудам да поставам некои прашања: Дали пушите и двајцата? Ако пушите може да се обидете еден период без цигари, неплодноста е за 60% почеста кај пушачите. Дали пиете некои лекови? Можеби имаат некои ефекти. Дали пиете премногу кафе? Престанете со внесот на кофеин, и од каде и од кока коли. Дали имате редовна менструација? Дали крварите имеѓу циклуси? Советување со гинеколог. Дали чувствувате болка за време на сексуален однос? Болка во абдоменот или карлицата може да сугерира на воспаление во некои од органите, јајниците или јајцеводите. Дали имате некоја историја за ХПВ или друга гинеколошка инфекција или болест? Дали се имате проверено за нешто такво? Дали имате проблеми со тежината? Премалку или премногу масно ткиво може да биде причина. Пробајте со промена на исхраната, повеќе протеини, помалку масти и јагленохидрати. Не гладувајте, јадете редовно. Дали имате направено крвна слика? Дали се имате советувано со лекар? Дали имате водено календар за плодни неплодни денови? Има многу вакви чекори на проценка на можни причини. Затоа што сте ја отвориле темата во алтеративна медицина, би ве советувала да не започнувате со некои алтернативни третмани, бајачки и останати, имате многу докажани проценки кои треба да ги поминете. А и неколку месеци не е долг период, можеби се работи чисто за стресен период.
Слична листа им дадоа на мои блиски кога беа да се проверат во Плодност... Значи убаво е сите што сакаме да станеме родители малку да припазиме што внесуваме во организмот, како се однесуваме и што правиме. Ве поздравувам и посакувам радосни вести од сите исчекувателки што поскоро
Здраво девојки имам едно прашање. Пробуваме веќе неколку месеци да забременам но не сум направила никакви тестови освен пап и ехо на преглед пред околу еден месец. Е сега, знам дека може да се продолжи со понатамошни испитувања, но дали треба прво јас да испитам хормони или мм да прави спермограм? Многу сум плашливка за земање крв и се трудам да одложам колку што се може Без разлика, ако е тоа поважно ќе стиснам заби и ќе одам, нема друго...
Како бе се плашиш од крв земање, па штом сакаш да забремениш мора, на трудниците секој месец им земаат крв... испитај се најубаво и не мислете не правење бебе многупати и психата игра улога
Тој страв ми е уште од мала, секогаш ми се лоши кога проверувам крв и се трудам да одам колку што може поретко да проверувам... Не можам да гледам крв, тоа ми е психички проблем Без разлика, не е битен стравот, ќе одам некако, знам дека и секој месец ме чека истото, здравје кога ќе забременам... Прашањето ми беше што се проверува прво, јас или мм? сепак, фала на одговорот
мислиш дали е се во ред со вас за да добиете бебе. епа најдобро е прво мажот да се провери после жената бидејќи има повеќе раб за проверка де ова де она. ама не значи дека право на проверка треба да одите прво така ќе си пробувате пробате е ако не биде после 1 година тогаш по доктори