Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со зачнувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Zaljubena111, 20 февруари 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    еве 7 месеци и ние безуспешно се обидуваме.

    јас испитував крв и хормони се во ред освен пролактинот. еднаш го испитував во адриа лаб еднаш во државна и ми покажа две различни вредности. на тој во адриа лаб ми беше во горната граница а на тој на државна ми беше 38 а треба да биде до 24. гинекологот со резултатот од адриа не ми препиша ништо рече дека нема потреба. ама се мислам дали е ова големо покачување или не... како и да е следно е спремограм на мм па ќе видиме од таму како да продолжиме...
     
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.853
    пролактинот спречува овулации без оглед дали е многу дали емалку покачен треба да се пие терапија за него, најефективен и најдобро се поднесува Достинексот ( иако е малце скап таблетка 350 денари) ама се пие обично на неколку дена..и мене ми беше благо покачен па еве сум на терапија веке неколку месеца. Обавезно да си побараш терапија :hai:
     
  3. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    девојки од искуство ви кажувам за проблеми со хормоните чај од ајдучка трева ама во поголеми количини конзумирање.Знам дека е мн грд за пиење ама за бебенце се би направила.Барем кај мене покажа резултати,па кога можам зошто да не споделам со вас можеби ќе ви помогне и вам.Ви посакувам среќа.позз
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Убаво од тебе што го сподели ова со нас тука :) Многу од нас би направиле се за бебенце во право си :D
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Понекогаш и преголемата желба да се има дете ја спречува бременоста.
    Многу често, се е во ред со организмот, но психата ја спречува бременоста.
    Кај мене беше таков случајот со второто дете.
    Се обидувавме со месеци, но неможевме.
    И кога се откажавме и решивме на ин витро да идеме, едноставно се случи.
    Ви посакувам успех на сите!
     
  6. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    здраво девојки, во брак сум 1 ипол.
    откако стапивме во брак се обидуваме да имаме бебенце но никако да фати :worried:
    мислам дека сме премногу опседнати со тоа па затоа, а имам слушнато дека можеви матката ми е погоре па треба да ставам перница кај колковите додека ми свршува.. хммм
    -исто така имаме една пријателка и има свој манастир таа, па за 1ви мај бевме кај нив... и ја прашав да не не е нешто во ред (бидејќи госпо и праќа глас) ми рече дека се е во ред, кај и да е тука сум била требало да останам бремена, рече да појдам на гениколог. ми кажа дека папокот ми бил проширен и тоа праело нај голем проблем и кај матката зато не сум можела одма да останам.. па ми кажа лебче печено, масло и нане за да ми се собери папокот.
    од првин имав болки во јајниците и папокот додека го носев во спијањето и се осеќам подобро, иначе во MART месец имав многу мачнини :/
    - осетливи гради, оток, болка околу папокот, вртење, гадење, многу спијав, јадев претерано, ми се случуваше во 5 мин да сменам 300 фаци, прачев се смеев и што уште не... направив тест излезе едната дебела црвена а другата бледа.. се издрадував, тука на фемина ми рекоа да го повторам тестот и по 3-4 дена го повторив негативн :worried:
    а март и април тие два месеци имав само 3 дена менструација, само 2 дена имав чиста менст.. а 3тиот ден кафена и 4,5 (иначе ми траеше по 5 дена чиста менст и 6 ми се чистеше)
    - како и да е во Aприл месец имав болка кај папокот исто така ии само имав гадење а неможев да повратам од ко ми кажа жената ми е многу подобро немам гадење не ме боли папокот и сега одвај чекаме со мм да останам бремена, да ни вража по дома (ја напишав цела историја) :lol: поздрав до сите :*
     
  7. buci1234567

    buci1234567 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    девојки сакам да прашам нешто мене ми беа константирани полицистични јајници предходниот месец ми доцнеше мен.па си мислев дека сум бремена бев на доктор и ми кажа за проблемот. сакам да прашам колкави ми се шансите да забременам еве и овој месец повторно ми доцни не примам терапија сеуште треба одкако ќе ми дојде да почнам со терапија ама ете сеуште немам добиено :( :( ве молам за совет
     
  8. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Дали знаете каде можам да најдам Трибестан и Спеман ?
     
  9. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Вака, ме интересира дали е можно и покрај редовна менструација, да има некој проблем со забременувањето? Значи дали има некоја што одсекогаш имала редовна менструација,а ете да има некој проблем да забремени или тоа не е можно. Можеби е глупо прашањето ама ете нз, а ме интересира :) :)
     
  10. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Спеманот го имаш во зегин околу 500 ден беше 30 таблети јас го земав за мм
     
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    Драга femina91 можно е како не,еве јас сум пример откако имам добиено циклусот ми е точен како швајцарски сат,остај што ми доаѓаше на секои 28 дена па да не претерам и сатот приближно исто.Па имав проблеми со забременувањето.Не можев да забременам едно 7-8 месеци знам дека за некого не се ништо ама за мене беа како цела вечност.
     
  12. sad.princess

    sad.princess Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки :)
    Јас една година пробувам да останам бремена и никако да биде.. (Бев на преглед во Мк. Ми кажаа само кандида и ја излечив, кога дојдов тука почнавме да пробуваме ама никако не бива и конечно пред две недели отидов на гинеколог (пред тоа неможев уште немав добиено некои документи кои ми беа потребни) и ми открија кламидија ми дадоа лекарства и сега во понеделник ке одам на контрола па се надевам дека после тоа се ке биди во ред.

    Гинекологот ми кажуваше дека стресот влијае многу и дека некои поради тоа неможат да зачнат..
    Дај боже сите што чекаат во најскоро време да се пофалат , мислам дека нема ништо поубаво на светот од тоа да станеш мајка.. :inlove:
     
  13. Ljubopitna90

    Ljubopitna90 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdr feminski jas sum nova zdravo na site veke 2 ipol godni smo zanjeno nemosam da ostanam bremena dali znajete nekoja solucija za toa fala vi mnogu
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.979
    Пол:
    Женски
    Pravevte li isputuvanja?kako na primer eho brisevi proodnost na kanali kaj tebe,spermogam kaj maz ti eho isto taka?
     
    На Ljubopitna90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ljubopitna90

    Ljubopitna90 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    fala mnogu joy1 za pomosta a sepak sum pravena operacija na stomakot mosnoli i toa so pravena operacija da ne mosma da ostanam bremena fala mnogu....
     
  16. Acka-Macka

    Acka-Macka Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не можам да останам бремена

    Здраво на сите можеби грешно ќе го поставам прашањето и на грешно место меѓутоа имам проблем па ке ве молам совет од вас.Инаку во врска бев 11 години.Сега сум во брак 1 година а пробуваме за бебенце некаде пред 4 месеци но никако да останам бремена.Многу луѓе сум слушнала да ми кажуваат како тие долгите врски од многу чување па не успеале да забременат после тоа, затоа сум во голема паника и страв еве 4 месеци не можам да забременам а ми кажаа дека се е во ред освен матка која што било свртена наназад оволација имам месечниот циклус ми е во ред дали од самата мисла дали од положбата на матката има некој пробблем ќе ве молам некој да ми помогне ви благодарам однапред секој одговор би ми значел
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Матката не знае за твојата врска со партнерот. Како, мислам, нема мозок, не овулира демек се изнервирала нешто или ?? :| Ја мајката, вие ќе си играте на ти го дај ми го со неа 11 години :rofl: .

    Шта речи а не заплакати ?
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acka-Macka

    Acka-Macka Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    дали е смешно или не за ова ќе ви суди господ а не јас, јас ви простувам што се смеете за вакви тешки работи
     
  19. Acka-Macka

    Acka-Macka Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    колку само нечовечност има насекаде
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Сега Бог го обвинуваш за сопствениот интелектуален капацитет ? Прочитај си го постот повторно и прсни од смеа.

    LOL.