Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со зачнувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Zaljubena111, 20 февруари 2010.

  1. Acka-Macka

    Acka-Macka Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    боже помогни му на овој простак
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Веројатно девојката слушнала за оние што со години користеле контрацепција. Или погрешно сфатила, или погрешно се изразила тука. Во секој случај, не е за смеење работава, поготово не човек кога си има мака. Не кажа ништо толку страшно, поготово не за да се употребат такви навреди и сарказам.

    Инаку, 4 месеци не се ништо за да се посомневаш дека имате проблем, не секогаш оди според планот за жал. Продолжете упорно да се обидувате и без разочарување и опсесија, психата е моќна работа.
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    ^^ Истите муабети ги имам слушнато од една `маалска тетка`, прилично простичка жена - демек поради многу посакување да не останеш бремена (кога не сакаш, нели) после (кога ќе сакаш) тешко ќе зачнеш... Глупости и бабини деветини!
     
  4. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    нема врска положбата на матката
     
  5. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    поздравче девојки! околу 1,5 година со мм се обидуваме за бебенце, во тој период останав еднаш бремена но уште во првиот месец имав спонтан и ми беше направена киретажа. од тогаш помина една година и се обидуваме за бебе но бидејќи немаше резултат бев на лекар и докторката ми рече да испитам хрмони а резултатот беше дека сите ми беа многу ниски. ми препиша фолна киселина и цикло прогинова. дали некоја од вас имала позитивен исход од цикло прогинова и за колку време?! :hai:
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Како тоа ти беа ниски?! Некои е убаво да се ниски, како ФСХ на пример. Тоа покажува подобри резерви на јајце клетки.
    Не сум пиела цикло прогинова, ама колку што знам тоа го даваат обично за регулирање на циклусот.
    А одиш само кај матичната на прегледи? Си консултирала некој друг специјалист?
     
  7. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    prolaktinot nizok i Progesteronot...ispitav i drugi no rezultatot mi se kaj maticnata. ne neodam kaj drugi doktori osven kaj maticnata. a ovie mi gi prepisa poradi sto sodrzat hormoni i zaradi ciklusite bidejki do sega so ovie ciklusi sti gi imav vide deka za zal ne mi se sozdavaat novi jajcekletki. veke neznam sto ke probam sega so ovaa terapija pa ako neide ke se bara drugo care (ako voopsto go ima).
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Лазаревски ми кажа дека пролактинот идеално треба да е до 16 иако границата (мислам) беше 25. Незнам колку ти бил тебе. Не се сеќавам дека ми спомнале прогестерон да проверувам.
    Како тоа не ти создаваат нови јајце клетки?! Ако ФСХ ти е добар значи имаш добри резерви, а ако не ти созреваат доволно оние кои ги имаш се пие кломифен. Еве и со една колешка зборев сега, она пие од твоиве апчиња и неа и ги дале за обновување на слузницата после хистероскопија.
    Искрено не сум чула дека некој ги користел за твојава намена.
    По мене поарно да си консултираш некој специјалист.
     
  9. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    епа што да кажам незнам ни јас она што мо го кажа докторката беше тоа, а читав во упатството на апчињата и пишува дека се користат и за кога се има значително намалена работа на репродуктивните органи. докторката каде што одам е навистина супер доктор и не верувам дека може да ми ја згреши терапијата. по други форуми исто читав дека им ги препишале за истиот проблем како и мојот.
     
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    Јас пиев циклопрогинова за регулорање на циклус.Но за жал не останав бремена.Ги пиев три месеци и прекинав оти ептен малку почнав да крварам за време на менструацијата,скоро ич.А инаку читав тогаш по форумите за апчињава и има доста што останале додека ги пиеле.Се надевам ке успеете за брзо време.
     
  11. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    благодарам многу за одговорот! се надевам конечно ќе ја биде работава! :*
     
  12. cvekence 03

    cvekence 03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите јас сум нова на форумот и се извинувам за евентуални грешки.Со маж ми веке двеипол години се обидуваме да имаме бебенце но неуспешно. Ги имам направено сите возможни испитувања како земање на брисеви, проверка на хормони, пап тестови хсг спермограм и се е во ред. пред два месеци бев кај др Таше во плодност и тој ми рече дека имам задебелување на левиот јаник и дека хсг ето му е сомнително. Ми препорача да направам лапароскопија. Ако има некој вакво искуство нека ми писе мислење. поззззз
     
    На zlaticko123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Јас имам направено лапароскопија и хисероскопија. Веднаш после интервенцијата останав бремена. Моја препорака е да си направиш нема што да изгубиш, само можеш да ги зголемиш шансите за забременување.
     
    На TheGetmaki, mal.ecka и cvekence 03 им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со цикло прогинова.
    Мојот проблем се полицистични јајници како и пролонгирани овулации... Се случува еднаш на 2-3 години и да ми се измести скрос циклусот, т.е. да ми "скокне"...

    Последно така беше лани во декември. На 40ти ден имав ендометриум за 17ти ден. Докторот ми препиша дабростон до добивање, а после тоа да почнам со контрацепција 2-3 месеци за да си "фатат ред" хормоните... Почнав со јасмин како најлесни од контрацептивите, но набрзо почнав да крварам по малку од нив. Докторот ми кажа да ги допијам по 2 на ден, па после да пијам цикло прогинова уште 2 месеци.

    Иако не се контрацептиви, не е чудно нивното користење при олигоменореи, затоа што даваат некое темпо на организмот.

    Откако ги допив, бев на контрола дали има фоликул и колкав е, и останав бремена баш на таа овулација.

    Не велам дека е тоа од цикло прогиновата, можеби да сум одела на "сигурни" овулации со фоликулометрии ќе биднала порано работата... Но ете, не ми било претходно приоритет.

    Сакам да споделам дека кај мене помогнаа при регулирање на циклусот, а во однос на забременувањето, мислам дека голема улога играше психичката опуштеност...
     
    На cvekence 03 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cvekence 03

    cvekence 03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Сите зборуваат за таа психичка опуштеност,но никој не казува како се постигнува таа.Како поминува времето во чекање се потешко се постигнува таа опуштеност. Еве со мене и машми е се во ред а ние сеуште неможеме да се израдуваме. В чера баш ја гледав емисијата со баба Рада и гостува парот од Стојаково кој тврди дека благодарение нанив -лекот што го прават над две илјади жени си добиле бебенце.Треба ли и вакво нешто да се проба?
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    На zlaticko123 и cvekence 03 им се допаѓа ова.
  17. Lanic

    Lanic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    zdravo zenski!neznaev vo koja tema da go postavam moeto prasanje,pa se resiv za tuka iako neznam dali e soodvetno.Jas i mojot soprug se obidivame veke 8 meseci za bebe.Imam redovna menstruacija od 28 dena,i sekoj mesec si ja cuvstvuvam ovulacijata.Za ovoj period dodeka se obiduvame mnogu dobro gi zapoznav zbacite koi mi gi dava moeto telo.Od ispituvanja gi napravivme site osnovni i kaj mene i nego se e vo red.Edno nesto me maci,posle sekoj odnos imam cuvstvo deka cela sperma izlaga od mene.SE cedi vo tekot na nokta na utresniot den.dali e toa normalno me interesira,.Dali nekoj od vas ke spodeli nekoe takvo iskustvo a sto ostanala bremena i pokraj toa.Ve molam za sovet zasto mnogu se grizam.Pozdrav do site
     
  18. Arnisa

    Arnisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Нормално е да истекува и не е ништо страшно. Може дури и сабајлето со првата мокрача пак да ти протече не се плаши не е ништо страшно
     
    На Lanic му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Una1988

    Una1988 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Мила, читам и срцето ми се корне...истата ситуација ја помина и мојата сестра, знам како ти било (или како ти е) поминал голем период од овој твој пост. Сега читам и душава ме боли, бидејќи точно вака се чуствувам јас за мојата сестра. Боли и тоа многу боли, но се надевам дека ке се радувам наскоро и јас и дека се ќе помине :*
     
  20. zlaticko123

    zlaticko123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zrdavo duso da jas istite rezultati gi pravev i za zal hsg bese loso mi bese zapuseni kanalite i pravev laparskopija vo drzavna bolnica kaj dr.Tofoski dobar doktor no za zal i tmu neuspesna bese operacijata ni so laparskopija ne uspea da mi gi otpusta kanalite i sega mi otana samo inv a ti preporacuvam laparskopija da si napravis moze ke uspeat da otpusat nedaj boze ako e zapuseno kaj tebe so lesno...