Дали со нередовна менструација може да се забремени? Одсекогаш го имам тој проблем и никако неможам да го решам што и да направам пак ми е нередовна...
Може, ама потешко е да го погодиш времето кога имаш овулација. Има опција да ти 'предизвикаат' овулација со терапија, за да знаеш точно во кое време се случува, па тогаш поактивно да 'работите на случајот'.
Не знам искрено. Мене ми беше нередовна на времето, и сакаше тогашната матична да ми препише терапија, ама не бев спремна за раѓање... После ми се среди сама од себе. Зборни си со гинекологот, најдобро тој/таа ќе знае. Може и зависи од пациент-до пациент. Немој да се грижиш и се' најдобро
Може да се забремени без никаков проблем. Јас цело време добивам на 35 дена , на 40, некогаш и повеќе од 40 дена ,и порано се ме мачеше тоа дека коа ќе сакам да останам бремена ќе ми треба повеќе време. Е сега јас знаев кога имам овулација во месецот , си ги познавав симптомите. Два пати останав бремена со имање односи во плодните денови, при први обиди
jas nekolku meseci probuvam so maz mi da ostanam bremena ama (penisot mu e mnogu mal )dali ima vrska so toa
Nekolku meseci probuvam so maz mi da ostanuvam bremena (penisot mu e mnogu mal ) dali ima vrska so toa ? :/
Здраво. Одамна не сум пишала ништо на темава, правеме и пауза поради други обврски. Размислуваме за трансфер на последните змарзнати ембеиони-6 то инвитро. Е сега сакам да прашам дали некој има искуство со информо дијагностика. Бев на таков скен и ми рече таа месец дена пред трансферот да одам некакви терапии и капки да ми дава за регенерација на матка и јајници а и као надбубрежната жлезда слабо ми лачела хормони, а се чудам секогаш добри ми биле. Разговарав и со друга докторка таа па ми нуди други суплементи само треба да одам да види што ми фали, као ако има недостиг на цинк во матката неможе да се врзе плодот со неа, ама цинков бил во посебна форма, лактат...Има ли некој што слушнал искуства за ова?
@bebaa не сум информирана за ова. Ама сакам да ти кажам повеќе од 3 години се обидувавме за второ дете,со мака во прав успеав да го регулирам циклусот а последниот месец зедов пиев цинк. Дали коцките се поклопија или цинкот помогна ама баш тој месец останав бремена. Еве ја тераме 16 недела. Може ума некоја повеќе искуство ќе ти пише,како и да е ти посакувам успех и во најбрзо време да бидеш со полно меше
Баш ме интересираше за цинкот колку време го пиеше пред да останеш бремена(ти го препорачаа или сама си почна да пиеш) и јас почнав да пијам скору 1 месец и речиси цела година пробуваме за бебе.
Никој не ми го препорача,ама од девојкиве што ги читам во вештачко сите скоро пијат. Бидејќи маката ми помогна ми се регулира циклусот,ајде реков и тоа да земам да пробам зијан сигурно ќе немам. Еден месец го пиев,наредниот останав бремена.Дали имаше улога баш цинкот незнам,ама битно трудна останав. Пиј види каков резултат ќе имаш. А имате вие некој посебен проблем или за идиопатски стерилитет се работи?
Не знам точно уште хсг остана да направам плус имам нередовна менст. и немам овулација поради тоа. А маката како ја пиеше, во нешто ја ставаше и колку време? Thank you
Мене после пораѓајот циклусот ми се поремети,ехо,хормони се во ред. Пиев и хормонска терапија,додека пијам добро е,а прекинам циклусот пак катастрофа. Со мака почнав со капсули некој месец пиев ама немав никаков ефект,после зедов корен од мака во прав. Одма првиот месец добив на 28 ден. Продолжив да ја пијам,добивав супер,меѓутоа немаше бременост,ама голем напредок во врска со циклусот. Потоа ја прекинав на месец ипол менував држави,а и да ми одмори организмот. Потоа ја почнав пак ама зедов и цинк плус и конечно успех.Иначе 8-9 месеци сигурно ја конзумирав со паузи. Ја пиев претежно насабајле една кафена лажичка во вода или сок од портокал. Ама читав со какао ја пијат,во смути ја ставаат. Ќе си најдеш начин на кој тебе ти одговара да ја конзумираш. Ти посакувам побрзо успех.
Здраво девојки. Неможам да најдам соодветна тема за моево прашање. Малку е необично. Пред неколку месеци маж ми се снимаше на рентген на пределот на препоните (поради камен во бубрегот). Требаше да го кршат ласерски, но бидејќи беше мало камче го одложија. Е сега прашањево ми е дали некоја од вас знае дали има шанси да забременам (со оглед на тоа што тој беше на зрачење) и ако има колкави се шансите. Инаку веќе имаме дечиња, но би сакала да знам дали можам да се надевам на нова бременост Благодарам.