Еве и јас воопшто не се чувам веќе 7 месеци и ништо, а за ќерка ми се чував па излезе бебе Се е индивидуално.
Ајде и за тебе да се радуваме овој месец.... За која дата се пријавуваш за овој месец за НЕдобивање ????
Јас исто имам проблем со зачнувањето..Малку болна тема за мене,но ете тука ке се обидам да се испразнам и да исцедам дел од моите стравови Значи мажена сум веќе 2 години и некој месец,позади себе имам еден спонтан и залудно обидување да останам трудна повторно..Трагично го доживеав сето тоа што ми се случи и сеуште имам последици и страв дали ќе останам пак бремена и дали ако останам ќе го задржам плодот.. Со мене е се во ред,направени се сите можни испитувања одговорот на докторите беше дека секоја 8ма жена има спонтан од засега необјасниви причини,едноставно се случува..Смешно нели!?? Истото било и пред 15/20 год додека не ја откриле кламидијата...Еве после спонтаниот воопшто не се пазев по налог на мојот доктор и до ден денес не сум останала трудна..Сили немам да смогнам да одам на преглед на еден обичен женски преглед кој што мораме да го направиме барем еднаш годишно..Страшни трауми доживеав,незнам како да се изборам со овој страв кој ме демне..А уште пострашна е мојата реакција на трудни жени или веста дека некоја е трудна..Занемувам и се правам дека не слушам...Секој месец ми е само нов предиѕвик дека токму овој месец можеби ќе се случи бременост и секој месец само разочарување кога ќе видам дека сум добила...Тоа само ме потсетува дека и овој месец не успеавме и дека пак треба да се трудиме...И да ќе се трудам и ќе се борам и не се предавам и Вие не се предавајте во животот има и полоши работи..Сите ќе бидеме мајки тоа го знам сигурна сум,не сме мавале по Бога со каменја ке имаме и ние деца ке имаме и ние некој нас душата да ни ја вади како што ние на нашите родители сме им ја ваделе (нормално во позитивна мсилса да не бидам погрешно сфатена) ..Јас се пријавувам да не добијам на 4 ноември ..Позз и среќно на сите
Замзара се надевам дека тоа измачување за тебе ќе заврши... А да пробаш со некои како да ти кажам.... со помош од некој друг, да побараш помош од една жена од Кавадарци или Неготино беше, така некако... Не и го знам името на жената, знам само дека има црквичка и дека секоја што била кај неа останала трудна. Јас не сум била таму бидејќи само 3 месеци се обидуваме, но кај тебе е подолго малку, па ако не се плашиш од такви работи, можам да ти најдам телефонски број да стапиш во контакт со жената.. Пиши ми ЛП ако сакаш ќе се договориме... Позз
Devojki da vi kazam jas treba da NE dobijam megu 15 i 18 oktomvri....a veke 5 dena ima tapa bolka vo dolniot del na stomakot, a 3 dena me bolata gradite toa se kaj mene sekogas PMS, velat deka toa bile i simptomi na bremenost no neznam...mi predostanuva samo da cekam....ako nekoja od vas e ili bila bremena dali moze da kaze del od cuvstvata vo rana bremenost.. podrav
Здраво на сите девојки,јас сум нова на форумов и би сакала да го поделам мојот проблем со вас. Пред две години на случаен пап тест констатиран ми е hpv-18,и од тогаш секојдневно пијам витамн ц,цинк,алое .....правам редовни контроли и вирусот се уште постои,но тоа не е најголемиот проблем после неколку месеци на едниот јајник ми открија тумур на едниот јајник,и како најголем стручнак ми го осоција др.Стојоски Марјан и секако со милиони оргенции ме прими и ми направија лапараскопска операција и за срека се работеше за бенигно ткиво,од тогас одам редвно на контроли кај Стојоски и успатно се појавуваат водени цисти и сами пукаат,но кај мене постои голем страв и психичко опседнатост зосто пробуваме 5-6 месеци да забременам и тоа уште не е десено,наредно треба во ноември да одам пофторно на контрола се надевам ке биде во ред,па од пред некој де4н поцнав да пијам и фолна киселина се надевам и тоа ке ми помогне,исто би замолила и за број од таа зеничка што се спомнува во Неготино па би пробала и со тоа,можеби сите ќе ми казите дека треба повејке време да помине за да забременам но сепак премногу сум психички опседната ради тие тумури и хпв дека нема да забременам,поззззззззззз за сите
Драганаааа незнам дали знаеш ама др. Марјан Стојовски го фатија со пари од мито и мислам дека повеќе не работи. Ако имаш информации за него дали работи те молам да ми пишеш. Поздрав
Ќе побарам број од жената и утре најдоцна ќе ве исвестам.Кој сака да го добие бројот само со ЛП. Ајде среќно и сите да НЕ добиеме, па да летаат частовки по форумов! А бај д веј моја другарка се излечи од ХПВ исто кај Оливера во Деметра.Не знам, но жената ја сметам за голем професионалец во својата работа !
Да,во право си беше во притвор но скоро сега е ослободен од обвиненијето и за брзо време ке почне на работа 1-2 недели најмногу ,само ке видиме во која болница
Фала многу. Изгубив секаков контакт со него, а он ми ја водеше бременоста прва и он ме породи. Фантастичен лекар. Се надевам дека ќе ти помогне многу. И те молам немој да те фаќаат депресии се што е твое ќе си дојде. Кај некого порано кај некого покасно. Немој да губиш надеж
Неса дај помагаааааааај ! Имаш поминато веќе една бременост. Можно е уште сеа да имам симптоми на бременост?Ми се гади, спијам многу, подуена сум во мешето, јадам се што може да се јаде(дури и она што никогаш не сум јадела) ))) Аааааааа не ме држи место..... Едвај чекам да си направам тестче... Ама до 20ти има време...Ајт ќе издржам некако
блонд и јас сум во таква ситуација, и јас треба да цекам до 19 за тест. Инаку освен болни гради и болка во деолниот дел на стомакот кои ги имам веке 4-5 дена други симптоми немам, а тие ми се скоро секогас симптоми пред да добијам. А ,да забелезав дека рано на сабалје кај 3-4 саат одам во ВЦ, а нема ни гадење ни повракање...... Па ајде тие сто имаат родено или сто се бремени нека не посеоветуваат несто! поздрав
Срцки, а да ве прашам... дали ви се спие многу? И тоа може да биде симптом на бременост, дури и како прв, без да се јави нешто друго претходно. Искрено ви посакувам да ви се исполни желбата за бременост, која жена не сака?!
Annath знаес понекогас кога несто сакаме да биде како на пример сега бременост и сами си даваме симптоми...но да ти казам јас спијам скоро по 10 до 12 саати...на пример вцера вецер си легнав во 23 саат станав кај 4 сабаље да одам во ВЦ и да му направам кафе и сендвиц на мазот ми за на работа(тоа траесе 10 мин. и пак си прилегнав и постоа станав во 10.30... така ми е веке последниве 5-6 дена....но не осекам гадење и не сум повракала до сега...само стомак ме подболува и градите ме болат тоа е се!
Јас кога останав трудна појма немав, бидејќи не ни планирав. Значи немав никакви, ама баш никакви , а плус и си добив месецот. Тест направив бидејќи менструацијата не ми беше како и обично. По кафеава беше крвта. Е откога го направив тестот ќе паднев во несвест . Се до 9 месец не ми се лошеше, али во 9 беше хорор. наместо да се поправам, како сите нормални трудници, јас ослабнав скоро 5 кила. И да не бидам офф топик. Толку.
Знам како е Beluvce84, и тоа е сосема нормално. А потребата од сон, раното заспивање (ако тоа претходно не ти било навика) може да биде прв симптом, уште од најрана бременост. Ајде, ќе биде, не губи надеж