Проблеми со зглобови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Flier, 13 јануари 2024.

  1. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Збирна тема за проблематика што го мачи секој човек барем неколку пати во животот.
    Колено, рамо, колкови или скочен зглоб и лакт.

    Постојат три категории за оваа проблематика и тоа дегенеративни, трауматски и акутни повреди.
    Артритот или артрозата е дегенеративно уништување на рскавицата и коската најчесто на коленото или на колкот.
    Од трауматски повреди настануваат после несреќи било спортски или посериозни.
    Акутните повреди се лесни повреди што може да бидат од спортска природа и доаѓа до воспаление или истегнување на некоја тетива.

    Решавањето на маката зависи од типот ако не се работи за поголема несреќа се препорачува физикална терапија во која денешно време постојат многу иновативни методи и додатно потребни се вежби за зајакнување на мускулатурата.
    Докторската ортопедска работа може да вклучи и нехируршко лекување од типот на инекции за подмачкување или плазма со тромбоцити од сопствена крв позната како прп метода.
    Овие методи се користат за дегенеративни промени и зависно од годините и симптомите крајно би било вградување на вештачки зглоб од типот на вештачки колк или колено.
    За спортски повреди постои и артроскопија која вклучува минимална хирургија за решавање на скинати лигаменти на колено, лабрум или менискус зависно од повредата.
    Важат две правила конзервативното лекување е подобро од хируршкото освен во ситуација кога мора да се направи операција и мускулатурата е многу важна за зачувување на зглобот било пред операција или за да се реши проблемот