Женски еве ја групата. Аднете ја, сега за сега е подесена на ,,затворена,, група значи може секој да ја најди но само членовите да ја видат содржината, да се подсобереме па ќе сменам во ,,тајна,, и додадете ги само тие што ги знаете и знаете дека стварно се соочуват со проблемот. Ќе ја додадеме покасно и Менче Точи, да не ја барам сега во празна група да ја додавам, не би изгледало сериозно од нас.
Прво за боледувањето од матичните! Нема шанси да се промени и да биде повеќе од 15 дена, законот за сите основи и состојби е тој, 15 од матичен за понатаму специјалист и комисија, но и кога комисијата дава без проблем боледување, односно го продолжува што би барале повеќе и би имале замерка?! Законот е таков заради контрола, ако е инаку ќе има многу малверзации. Намерно посочив како ми го продолжуваа, првин до трансвер за да знаат дали ќе има, па до тест. Ако е поинаку замисли колку жени ќе го злоупотребат тоа и ќе отсуствуваат од работа, ни ред, ни распоред ќе се нема!! Проблем ти за боледување немаш, матичниот без проблем ќе ти го отвори, ама проблемот ќе настане од фирмата/газдата што ќе те нема на работа, бидејќи без тебе ќе пропадне бизнисот Посакувам сите да наидете како мојот газда, кога сакаш иди на работа, кога сакаш не иди, боледување земи си колку можеш повеќе, лошо ти е спиј си дома Spoiler: Газда мм ми е газда ^^ пред некој ден чув на вести дека ваучер за 4то дете никој не побарал/искористил откако го донеле законот, се прашувам зашто?! а за 3то дете ако добро запомнив побарани се 8 ваучери ^^ ова со групава поглупо неможеше да се изведе!!
Како што гледам и во Бугарија има 3 ваучери. Фонд “Ин витро” финансира до 3 процедури! (https://pravatami.bg/5028 ) Сепак текстот е од Apr 24, 2014. Разгледував официјалниот (или полу официјалнот) сајт да најдам инфо http://www.car-bg.org/index.html Еве за Европа, ама за 2009 Извор: http://humrep.oxfordjournals.org/content/early/2012/12/05/humrep.des418.full Според ова како што гледам Белгија 6 обиди кои се целосно покриени. Ме зачудува ова што дури и во Холандија има само 3 ivf ама се целосно покриени. дали некој од вас живее во странство? Можеме ли да најдеме веродостојни информации/стории?
Bugarija ima tri obidi ama tie sto doniraat jk imaat mnogu popusti i samite bolnici davaat kako nagradi za nekoj parovi plus po1 obid
пробај да најдеш тоа што го кажуваш со факти. лепејте и линкови, да имаме сите пристап. мои мили драги пријателки имам прашање. како се собравме така многу на број на фб? многу позитивно сум изненадена од бројот
Здраво еве ме и мене тука.... Подршка за повеќе ваучери за прво дете, а и не би било лошо лековите за машки стерилитет да ги покрие државата, и малце да ја развие машката свест за навремена проверка на спермограм затоа што се почесто и почесто машкиот стерилитет е присутен
https://forum.femina.mk/threads/Биохемиска-бременост.16140/ Еве постои тема за биохемиска бременост. Можеш да прочиташ што те интересира.