Живеам во стамбена зграда (може да се нарече и куќа) со брат ми и уште една фамилија која пред околу 20 год го купи делот од дедо ми.Сите имаме посебни влезови и дворовите ни се оградени. Е сега со брат ми имаме неколку годишни проблеми со комшијата.За што се работи. Тој е по професија стаклар и столар(сега веќе во пензија). Со години наназад работеше и сеуште работи непријавен(на црно) во неговата дејност во дворот притоа создава голема галама при што нормално нас ни смета бидејќи нашите прозори гледаат во неговиот двор. Многупати сме го опоменувале но попусто,едноставно не игнорира.Пријавен е неколку пати во ујп,во пазарна но само е опоменат но не и санкциониран и човекот без гајле си продолжува со работа. Да е уште полошо,бидејќе како стаклар скоро и да нема работа сега почна во дворот да носи отпадно дрво(стари врати,рамки од прозорци итн) го сече со циркулар и го складира во дворот,гаражата па и таванот и во есен и во зима го продава,така да целиот двор му е претворен во една огромна депонија(стакло,железо,отпадно дрво и што уште него).Бидејќи се работи за отпадно фарбано дрво кое е суво како барут на овие температури може лесно да се запали и да изгори целата куќа. Пробавме да разговараме со него за последиците но тој едноставно не игнорира. Веќе незнаеме кај да се обратиме .Молам за совет ако некој може да помогне.
Негаторна тужба, врз основа на член 161 од Законот за сопственост и други стварни права. Цитирам: Ако во остварувањето на правото трето лице го вознемирува сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане со тоа вознемирување. Кога со вознемирувањето од став 1 на овој член е причинета штета, сопственикот има право да бара и надоместок на штета според општите правила за надоместок на штета. Правото на поднесување тужба од став 1 на овој член не застарува.
Хмм За каков сопственик би се работело ако тој самиот е сопственик на 1/3 од куќата т.е на неговиот стан а најверојатно и на толку од дворот?
Разбирам дека ве вознемирува галамата и погледот на неуредниот двор, но колку што разбрав тој простор е негова сопственост, легално откупен, па негово е како ќе се грижи за него. Не ги знам законите, па вака површно гледано би рекла дека пријавата би можела да се заснова на постојаната галама, а за тоа дека не ви се допаѓа погледот на дворот, малку потешко.
од 1 до 4 сабајле пушти му бетовен на 40 vol и звучникот накај него , гарант ќе се иссели или од Стоја - Метак. ама секоја вечер, убиј го, ќе се откажи веруј
Пушти му тужба за загрозување на безбедноста (тоа што викаш дека може да се запали се) или викни му полиција да го опомени за галамата. Он си работи на својот имот така што за тоа што ти пишале погоре не можеш да го тужиш.Куќата и дворот каде што работи и живее веќе не се ваша сопственост.Така што ти останува или за бучавост/вознемирување или за загрозување на безбедност.А да, или можеш да му стегнеш пријава дека работи на црно. Без кавги, со среќа
Ти му обезбедуваш егзистенција па волку инспекции што му пушташ? Ако некој не уништува нешто што е ваше/заедничко, или со неговата дејност не ви влијае вас нормално функционирање нема шо да се реагира. Ако не пак ела живеј во центар со куп кафиќи околу и пробај да пријавиш во инспекција ради галама. Може па и ќе дојде некој. Околу мене со години има градилиште од една страна, станбена зграда се гради, од друга еден човек сам си ја гради куќата, сам си уредува, само звукот од машината за сечење плочки да го слушаш секој ден доволно е. Ама он си го знае есапот, не му давам јас пари за куќата па да му кажувам мајстори да викне и за кратко време се да биде готово, зарем он самиот не знае како е полесно, ама ете така му дозволува џебот. Ај сопри ги колите на улица навечер да не чкрипат. Тој ако толку години ја работи таа работа сигурно знае што е запаливо, што не. Мене комшијата ми вика инспекција зимница коа правам, 3 дена годишно е тоа, по некој саат само, идат инспектори си прајме муабет и толку, господ нека се симне ако сака, мој имот е шо сакам ќе праам. И законот ми дозволува да си правам зимница на мојот имот, на јавна површина не е дозволено а и сигурно нема да земам ќумбе во некој парк и да печам пиперки таму.
Не знам во која општина си, во опшина Карпош смееш да пријавиш отпад на приватен имот ако сметаш дека е штетен , еве поточно што пишува: Отпад пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа. Во право сте за тоа што го велите, дека негов имот е и што сака може да прави, меѓутоа не е воопшто во ред, замислете на една улица СИТЕ што живеат на неа да почнат да работат на приватен имот, индустриски зони ќе станат населбите. Тие што плаќаат за деловни објекти за да работат глупи се, не можат во двор да си работат сите? Веројатно членката зборува за СЕКОЈДНЕВНА галама, мене не ми пречи чат пат некој да си средува тоа што треба низ двор или да се гради на улица или па некој пиперки да си пече, ама секој божји ден да слушам таква галама веројатно ќе се мрднам. Консултирај се се правно лице најубаво...
Гледај ја серијата The Sopranos и одговорот таму се крие. Не можам да ти кажам директно зашто јас ќе го јадам место комшијата.
Во негово комшијата може што сака да си прави до мила воља само во периодот од 17 до 19 и од 23 до 05 треба да овозможи мир и спокојство на соседите.
Здраво. Можеби мојот проблем не е за во оваа тема меѓутоа бидејки е поврзан со насловот си реков ајде да го споделам тука проблемот. Од неодамна живеам во зграда заедно со сопругот и дете од 1 година. Меѓутоа луѓето од станот што се наоѓа под нашиот постојано ни ѕвонат на врата и не вознемируваат (викање,навреди и сл).По нивно сме оделе многу гласно, сме тропале, а ние пола од денот не сме ни дома. Можеби малово што си движи натака навака по станот се слуша долу ама има 1 година колку може да тропа оно. Последниот пат паднаа и закани како ако уште еднаш се качел ке сме виделе што ке биде. Бидејќи понекогаш сум сама во станот со малото сакав да ве прашам каде можам да го пријавам ако пак ми дојдат на врата? Дали треба да звонам дирекно на 192 или има некој друг број?
192 нормално. Ќе пријавиш малтретирање. Они ќе го предупредат и доколку продолжи ќе треба да го тужите.