Проблеми со комшијата

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 22 август 2019.

  1. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Живеам во стамбена зграда (може да се нарече и куќа) со брат ми и уште една фамилија која пред околу 20 год го купи делот од дедо ми.Сите имаме посебни влезови и дворовите ни се оградени.
    Е сега со брат ми имаме неколку годишни проблеми со комшијата.За што се работи.
    Тој е по професија стаклар и столар(сега веќе во пензија).
    Со години наназад работеше и сеуште работи непријавен(на црно) во неговата дејност во дворот притоа создава голема галама при што нормално нас ни смета бидејќи нашите прозори гледаат во неговиот двор.
    Многупати сме го опоменувале но попусто,едноставно не игнорира.Пријавен е неколку пати во ујп,во пазарна но само е опоменат но не и санкциониран и човекот без гајле си продолжува со работа.
    Да е уште полошо,бидејќе како стаклар скоро и да нема работа сега почна во дворот да носи отпадно дрво(стари врати,рамки од прозорци итн) го сече со циркулар и го складира во дворот,гаражата па и таванот и во есен и во зима го продава,така да целиот двор му е претворен во една огромна депонија(стакло,железо,отпадно дрво и што уште него).Бидејќи се работи за отпадно фарбано дрво кое е суво како барут на овие температури може лесно да се запали и да изгори целата куќа.
    Пробавме да разговараме со него за последиците но тој едноставно не игнорира.
    Веќе незнаеме кај да се обратиме .Молам за совет ако некој може да помогне.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Негаторна тужба, врз основа на член 161 од Законот за сопственост и други стварни права.
    Цитирам:

    Ако во остварувањето на правото трето лице го вознемирува сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане со тоа вознемирување.

    Кога со вознемирувањето од став 1 на овој член е причинета штета, сопственикот има право да бара и надоместок на штета според општите правила за надоместок на штета.

    Правото на поднесување тужба од став 1 на овој член не застарува.
     
    На sj *O* и mime87 им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.637
    Допаѓања:
    135.807
    Хмм
    За каков сопственик би се работело ако тој самиот е сопственик на 1/3 од куќата т.е на неговиот стан а најверојатно и на толку од дворот?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.760
    Разбирам дека ве вознемирува галамата и погледот на неуредниот двор, но колку што разбрав тој простор е негова сопственост, легално откупен, па негово е како ќе се грижи за него.

    Не ги знам законите, па вака површно гледано би рекла дека пријавата би можела да се заснова на постојаната галама, а за тоа дека не ви се допаѓа погледот на дворот, малку потешко.
     
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    141.431
    Пол:
    Женски
    Стај си дупли прозори.
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Машки
    од 1 до 4 сабајле пушти му бетовен на 40 vol и звучникот накај него , гарант ќе се иссели или од Стоја - Метак. ама секоја вечер, убиј го, ќе се откажи веруј
     
    На Herrera, Јаневски и La.loca им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    18.475
    Пол:
    Женски
    Пушти му тужба за загрозување на безбедноста (тоа што викаш дека може да се запали се) или викни му полиција да го опомени за галамата.
    Он си работи на својот имот така што за тоа што ти пишале погоре не можеш да го тужиш.Куќата и дворот каде што работи и живее веќе не се ваша сопственост.Така што ти останува или за бучавост/вознемирување или за загрозување на безбедност.А да, или можеш да му стегнеш пријава дека работи на црно.
    Без кавги, со среќа
     
    На La.loca и mime87 им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.452
    Пол:
    Женски
    Ти му обезбедуваш егзистенција па волку инспекции што му пушташ? :?:
    Ако некој не уништува нешто што е ваше/заедничко, или со неговата дејност не ви влијае вас нормално функционирање нема шо да се реагира. Ако не пак ела живеј во центар со куп кафиќи околу и пробај да пријавиш во инспекција ради галама. Може па и ќе дојде некој. Околу мене со години има градилиште од една страна, станбена зграда се гради, од друга еден човек сам си ја гради куќата, сам си уредува, само звукот од машината за сечење плочки да го слушаш секој ден доволно е. Ама он си го знае есапот, не му давам јас пари за куќата па да му кажувам мајстори да викне и за кратко време се да биде готово, зарем он самиот не знае како е полесно, ама ете така му дозволува џебот. Ај сопри ги колите на улица навечер да не чкрипат. Тој ако толку години ја работи таа работа сигурно знае што е запаливо, што не.
    Мене комшијата ми вика инспекција зимница коа правам, 3 дена годишно е тоа, по некој саат само, идат инспектори си прајме муабет и толку, господ нека се симне ако сака, мој имот е шо сакам ќе праам. И законот ми дозволува да си правам зимница на мојот имот, на јавна површина не е дозволено а и сигурно нема да земам ќумбе во некој парк и да печам пиперки таму.
     
    На 1112, PinkGirl* и vaga95 им се допаѓа ова.
  9. LunaGrey

    LunaGrey Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    18.052
    Пол:
    Женски
    Не знам во која општина си, во опшина Карпош смееш да пријавиш отпад на приватен имот ако сметаш дека е штетен , еве поточно што пишува:

    Отпад

    • пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.
    Во право сте за тоа што го велите, дека негов имот е и што сака може да прави, меѓутоа не е воопшто во ред, замислете на една улица СИТЕ што живеат на неа да почнат да работат на приватен имот, индустриски зони ќе станат населбите. Тие што плаќаат за деловни објекти за да работат глупи се, не можат во двор да си работат сите?

    Веројатно членката зборува за СЕКОЈДНЕВНА галама, мене не ми пречи чат пат некој да си средува тоа што треба низ двор или да се гради на улица или па некој пиперки да си пече, ама секој божји ден да слушам таква галама веројатно ќе се мрднам.

    Консултирај се се правно лице најубаво...
     
    На M&M, Lolipop23, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. "Zoki"

    "Zoki" Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    8.398
    Пол:
    Машки
    А да си ставиш ти звучна изолација,дупли прозори па сите среќни и весели да бидете.:D
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.168
    Допаѓања:
    141.988
    Пријавувајте и пријавувајте и пријавувајте...
    Или продадете ја куќата.
     
    На M&M и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.732
    Пол:
    Машки
    Гледај ја серијата The Sopranos и одговорот таму се крие.
    Не можам да ти кажам директно зашто јас ќе го јадам место комшијата.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Што убави предлози, кога би функционирал правниот систем.