Телефоните не работат како компјутерите кои дозволуваат да се вратат апликации кои веќе биле избришани од канта. Постојат некои апликации за враќање на слики но тие само ја враќаат мини-сликата(Thumbnail) од избришаните слики додека телефонот уште ја памти како кеш меморија.Овие слики повратени вака се многу матни и се мала резолуција. Ако користиш Google Photos провери дали сликите се во канта. Се што е избришано од овде оди во канта за еден месец а потоа автоматски се бриши. Сликите повратени назад од канта се како оригинални(не се 100% оригинални; секоја слика што аплаудираш на google photos се компресира малку, бидејќи гугл сакаат некако да заработат пари.
Здраво дечки. Имам андроид, меѓутоа проблемот се состои во тоа што секојпат кога макар за милиметар ќе го помрднам од положбата во која стои ми се прави бел екран на кој го пишува следното: Собрана нова ознака. Ознаката е празна или телефонот не е порамнет. Па, би сакала да прашам во што би можел да е проблемот, бидејќи буквално на секои 10 секунди ми се појавува ова известување од самиот телефон? Однапред ви благодарам за помошта и одвоеното време.
Поголем проблем од мојот тлефон немам направено. Ми пукна екранот на Samsung j3 дали имате инфо колку е цената за поравка на тој телефон и каде?
Си уклучила опција за некоја ознака, побарај во подесувања за да ја исклучиш опцијата за ознаки. Не знам зашто не ставате стаклена фолија. Оди во некоја од мобиларите прашај за цена, треба да е помалку од 50е.
Имам samsung A3 и сè си беше супер со камерата.Денес сликав со задна камера и сликите ми се замаглени.. Spoiler (кај предната камера ги вади чисти). Има начин некако да се среди? Пребарував во опции, ама не најдов ништо..
Провери да не ти е на Pro Mode. Кога си во Pro Mode ти самата си местиш, односно мануално е се. Види во камерата да не има прашина, стаклото од камерата да не е оштетено..
@StefanDrv го средив вчера со force stop и restart проблемот, откако најдов видео на youtube.Сепак, фала ти
Здр,имам samsung galaxy j3 2017 се е ок освен тоа што на инстаграм неможам "in live" да се сликнам наместо сликата се појавува зелена боја на цел екран..само кога се сликам во живо така прави..Ако знае некој како се оправа нека пише
Дали некој знае од што би можело да ми се случува следното: скролам на некоја апликација, во ред си е интернетот и после отприлика 5 мин како да се губи интернетот и сликите ги дава матни, видеата не почнуваат. Штом ќе се случи тоа, правам off/on на вифито и веднаш во истата секунда кога ќе си се поврзе на мрежата се' си е во ред, отвара слики и видеа, а после негде 5 мин пак истото и така морам цело време да правам исклучи/уклучи за да се оправи. Не е до мојата мрежа, имам пробано и на друга; меморија имам доволно. Чаре?
Извини вака што упаѓам во овој пос, но доколку се разбираш сакам да прашам за мојот телефон (iPhone 6), синоќа на You tube слушав песна и телефонот почна да трепка околу 1 минута и се исклучи сега не се вклучува.. дали можеби е софтверот?
не бев недостапна, ѕвонеше само кај мене не покажуваше на екранот, оставен е во сервис ќе видиме што ќе ме крстат
Со самсунг искуство некој околу виберот ми треба. Кога е заклучен не ѕвони, кога ќе отворам апп тогаш ѕвони и пораки стигаат. Но тоа не е се Најјако е што тоа само дома на вифито го прави, на моб податоци не и на вифи во кафич пример нормалнп работи. Сите можни сетинзи се направени и пак не работи Anyone?
Корисници на Самсунг ј - серијата да ве прашам дали имате симнато ad blocker на вашиот телефон и на кој принцип работи, дали само за пребарувачи или општо за сите реклами кои се појавуваат на телефонот?
На телефонот имам Viber ама со стариот број, сега имам нов број и дали ќе можам да инсталирам WhatsApp со новиов број, а Viber да ми стои со стариот број?