Имам нов телефон Samsung Galaxy J3 2017 кој го користам два месеца. Од вчера сам се вклучува и светнува екранот. Дали имам ненамерно вклучено некоја опција или нешто друго е во прашање?
Да споделам едно искуство. Имам Самсунг Галакси ј5 2017 и од нигде никаде ми се појави флека на екранот која за неполни 3 дена ми се прошири низ цел екран. Свесна дека менување на екран би ме чинело вртоглаво( барем така мислев) а сеуште е под гаранција, телефонот го чувам премногу добро,никогаш не ми паднал во вода, никогаш не сум го оставила без заштитна фолија и маска го однесов во сервис со гаранцијата и без дамка на екранот ми го сменија екранот за само 4 дена и не платив ништо,како нов ми го дадоа. Нов екран кај приватни лица чини 2800 денари и добивате гаранција за истиот. Ќе поставам слика како изгледаше мојот екран пред и потоа. Се надевам некому ќе му послужи информацијава и доколку имате некој проблем да го решите прво со гаранција. Во сервисот ми се погодија љубезни луѓе, но имајте во предвид дека можат да бидат и безобразни.
Дали на некој му се случило на самсунг ј4+ дел од коментарите кога ќе отворам да ги читам на некој пост се бледи ?кога има повеќе коментари на било кој пост некои од нив се бледи
Ми се појави пред некој ден кога по групите рекоа дека имало масовно бришење на членови, си викам дали ми се расипа телефонов или нешто друго е во прашање , да се утешам со тебе малку штом и на друг истото му се случува
Дали од скршен телефон iPhone 7+ некако може да се извадат сликите и видеата? Или да не се надевам залудно? Многу е искршен.
Сигурно имаш iCloud. Симни ја апликацијата на компјутер и сите слики ќе ти се таму, бидејќи како што сликаш, сликите автоматски се зачувуваат на iCloud. Ќе ги имаш сите слики.
Ако ти се на icloud да. https://www.icloud.com/iphone_welcome/ Еве ако не сакаш да симнуваш. Најави се и симни си ги во компјутер. @ЕденЧлен мене не ми сакаше со кабел да ги префрлам сликите.Само преку icloud
Ми падна телефонот, екранот се распукна цел (работи телефонот) немав заштитно стакло. Претпоставувам дека можам да го сменам екранот, прашањето ми е колку би ме коштало ако знае некој?
Ако и работи телефонот и дисплејот и тачот... Нели може само ,, тач стаклото да го смени",наместо цел дисплеј, м?
Како е можно на Шаоми (Xiaomi) нов купен (не половен) со 4, 5 симнати апликации од моја страна да остани достапен простор од 5,56 GB, a на тел има спецификација RAM 2 GB, ROM 16 GB. А, што има на системските апликации освен ФБ и останати MIOI форум и уште некоја друга апликација слично с.... И после ќе ми кажи некој едни од идните најпродавани телифони ќе се.
Пак јас ... марфи не ме остава. Направив factory reset на телефонов. Сега ми бара google account/samsung account. Знам дека ми беше поврзан со телефонскиот број. Не се сеќавам на пасвордот. Пред година, две ми е направен. Пробав, утнав, сега вика за 24ч дури можам да се логирам. Има ли начин да го средам сама или да го носам на сервис?