Дали можеби некој знае во што е проблемот со мојот мобилен телефон(Samsung Galaxy J6)? Проблемот е во тоа што,кога ќе уклучам некогаш на Инстаграм или Снапчат,ми дава во боја(розевко-виолетово),(Прикачив слика.Сликата што ја прикачив е рандом,само да покажам како ми дава.). А на пример,ако го пратам истото видео кај другарка,видеото е сосема во ред,и го дава нормално. Дали некој знае што е проблемот?
Во последниве два-три дена од време на време ми прекинува да ми работи тачот. Значи се закочува телефонов, не можам никаде да притиснам. Се додека не го исклучам на копчето од страна не сака да работи. Дали и на некој друг му се случило ова?
За Factory reset разбрав ама за тоа кеш на бутлоадерот не баш. Малку сум лаик за телефони ама сепак фала ти
Имам некој проблем со телефонот. Ми вели дека немам сим-картичка.Проверив се`, картичката е наместена точно.Повиците се исто така забранети(само за итен повик). Дали знаете во што е проблемот?
Здраво да прашам дали кога телефонот е под гаранција и по трет пат се носи на сервис а не работи се гаси , треба да ми дадат нов или такво нешто не прават.
Првин ми се направи една црна дамка па таа се намали долу па сега горе помала. Се работи за Шиаоми Редми 5. Се сумљам на две работи, ми беше остаен во кола на сонце и второ ми падна на земја со екран. Од шо можи да е?
За мене беше најлош телефон што сум го имала. Можеби тоа е зошто сум навикната на Самсунг, не знам. Го сменив најбрзо што можев. Се прават и некои линии по екран и тоа не од паѓање или удар. Ми кочеше страшно. Другите од Huawei не знам какви се, но јас не сакав веќе да ризикувам о тие телефони.
Од првото веројатно. Имаат осетливи екрани да. Веројатно ќе треба да менуваш екран, но најдобро купи си нов.
Скоро разгледував Huawei во тој ценовен ранг и тоа во Сетек од следниве три модели P30 lite P40 lite E P smart Z. Последниот модел мене ми остави најдобар впечаток.
Дали некој има Huawei P40 или од поновите генерации кои немаат Google Play? Пробав да функционирам со AppGallery, ама гледам дека недостасуваат многу апликации кои ги користам секојдневно. Баш бев задоволен од Huawei, ама мислам дека нема да продолжам понатаму со нив.
Пробај спушти ја апликацијата MoreApps од AppGallery каде ги имало сите апликации кои недостасуваат. Ова го гледав кај еден јутубер кој го претставуваше телефонот