Се работи за Samsung A50, купен во јули 2019год. Кога го земав истиот ден отпатував надвор од градот, па не можев да го вратам, и на тоа остана. Имено, првиот ден по купувањето се исклучи сам од себе, на допир беше прегреан, и воопшто не реагираше околу 24ч., по што го ставив повторно на полнач и се вклучи и функционираше најнормално. Оттогаш немав некои посебни проблеми, но последниов месец до два почна сам од себе да се рестартира (најчесто додека сум на viber video calls, поретко додека се допишувам), и што е „необично“ е тоа што по рестартот не бара sim card password, а и сите апликации кои во моментот на рестартот биле отворени кога ќе се вклучи поново се сѐ уште отворени. Дали е некоја фабричка/софтверска грешка, и има ли начин да се избегнат тие рандом рестартирања?
Да, ова е за iCloud простор. Оди во поставки па кај што ти е името и презимето кликни на него и види дали беше во плаќање и достава,или во претплати.
Можеш и од пц да се уклучиш на icloud мислам, не сум сигурна. Или поднеси барање во тутунска банка за стопирање на тие средства.
И јас имам ист проблем, во текот на денот така се исклучува на неколку секунди и повторно се вклучува, исто како што опишуваш, нема ден да пропушти Јас приметив дека е од кога апдејтирав софтвер (а не сакав, на грешка стиснав), во август мислам беше. Инаку се работи за Samsung Galaxy A7 2018.
Здраво женски Во опциите на телефонот ако се блокират повиците автоматски се блокират и пораките. Знаете ли дали може да се блокират само повиците од одреден број, а да може да се примат пораки од тој број?
Оваа SD картичка се мисли на мемориска? Чисти чисти, сите непотребни работи ги избришав ама пак е полна меморијата.
кој телефон? ако е некој со quick charge, земи послаб полнач, поспоро ке се пуни, ама нема да загрева.
Имам самсинг а40 стар година и половина, но во последниве неколку денови кога ќе дојди батеријата до кај 15 % одма почнува да се намалува на 14%, а кога ќе го ставам на полнач наместо да се зголемува таа се намалува до 0%. Дали знаете зошто е така?
не би требало да е до ладно јас сум имала ист таков случај со самсунг ј3 2017 и беше до полначот тоа каблето што се ваде како усб што е (мислам дека добро објаснив)
Здраво дечки! За време на разговор значи кога разговарам со некого, телефонот се исклучува, што може да е?
Здраво, на messemger камера ќе се гледам и ќе одам на чат да пишувам и камерата ја нема значи ко ќе пишуваш во исто време можиш да го гледаш и да пишуваш а сеа треби да не пишам за да го гледам. Како да го средам?