Да да, има проблем со самите апликации, нешто глобално е. Пробај да ја преинталираш и да избришеш кеш може да ти помогне
На повеќе апликации ова ми се покажува веќе 3 дена ... Живци искинав ... Рестартирав сто пати , извадив картичка ќе извадев и батерија ама s9+ e целосна батерија е ... Наново ги спуштив ... па сега и playstore исто вака ме зеза ...
Од вчера имам проблем со фб, поточно кога ќе отворам некоја страна или статија од фб ми се затвара одма сама, не сите туку некои само. Исто и игри што се преку фб не ми отвара, и од месинџер пример игри не отвара. Има некој ваков проблем или до мојот телефон е?
Имам еден проблем веќе подолго време. Ништо не може да ми се отвори на телефонот кога некој ќе ми прати на месенџер датотека пример од word или пак некоја презентација, па морам да одам од компјутер да ја отворам, на телефонот само можам да ја симнам и кога ќе кликнам да ја отворам ми вели дека датотеката не може да се отвори. Претходно пред неколку месеци знам дека можеше, многу пати сум ги симнувала и ми се отвараа ама сега не може. Имам ставено и мемориска картичка, да не е нешто поврзано со тоа?
Може да биде непознат формат на фајлот па да немаш инсталирано соодветна апликација на телефонот да го отвориш или пак ако немаш ажурирано апликацијата исто може да не ти отвора.
Последниве неколку дена заприметив дека не можам да споделам некоја фотографија од мојов телефон, но сега открив дека сликите се зачувани со формат heic, наместо jpg. Некои слики ги прави со едниот, а некои со другиот формат. Дали е можно јас некоја опција да имам вклучено, или од самата опција на камера да биде така?