Да, најверојатно е тоа. На Самсунг можеш да видиш и во Галери app, во settings да ја најдеш опцијата Convert HEIF when sharing и исклучиш.
Не знам дали е за овде прашањето...Купив нов телефон и нова сим картичка (празна, без контакти) бидејќи го изгубив телефонот. За да се најавам со акаунтот на gmail, што треба?
Можеби е глупо прашањето, но не се разбирам, дали треба да одам на create an account и да ја внесам меил адресата?
Ако имаш постар андроид можно е веќе да немаш поддршка, односно да не можеш да ажурираш апликации. Пробај прво со factory reset на телефонот, ако после тоа пак не сака веројатно е до андроидот.
Можно е да се избришал и некој апдејт за самиот андроид, па сега не можеш да симнуваш ништо. Пример знам дека за андроид 4 веќе нема апдејти, ако телефонот ти е надграден од андроид 4 на андроид 5 преку апдејт, со фабричко ресетирање тој апдејт е избришан и мораш да го инсталираш одново. Не сум некој експерт на темава, ама ако е постар модел телефонот очекувано е да прави проблеми, ако е понов носи го на сервис.
Здраво, дали некој знае колку е промена на екран за HUAWEI P smart 2021? Отприлика колку ќе ме фати.. На интернет видов 3100 ама не знам колку е точно. Многу си го сакам телефонот, драг подарок ми е, душата ми плаче денес кога пукна екранот
Земав вчера нов телефон Самсунг А32 и сим картичката не може да се стави пошто има опција само за нано картички или грешка сум. И дали треба да одам во ВИП да ми направат нова картичка и колку кошта тоа? Благодарам
Веројатно имаш стара картичка. Појди во А1, ќе ти дадат нова. Не се сеќавам колку точно кошташе, ама беше некоја симболична сума, ако не беше и бесплатно...