Settings>general>software updates тука треба да има опција да се исклучи. Ако веќе си на последниот ios 16 ќе треба да направиш апдејт на следната доколку има наредни 3/4 месеци ако не тогаш зачувај податоци преку itunes заштити бекапот со пин за да зачува и лозинки, правиш ресторе/формат и би требало да се среди. Често пати се случува да треба нова инсталација бидејќи апдејтот не е добро подесен/инсталиран.
Зависи кој модел и кој тип на екран&тач користи, може и батеријата е подуена па затоа се притиска. Ниеден сервис нема да даде точно мислење бидејќи како таков не може да го отвори да види проблемот и да го врати во првобитна состојба
Не е за тука прашањево, ама имам голем проблем. Дали некој е запознаен, дали доколку не ги отвораш снаповите, меѓутоа ти стигнуваат снапови и ти стојат така неотворени, расте бројката(скорот) на снап? Или мора да отвориш или да направиш некаква интеракција за да се зголеми бројот.
Ако блокираш контакт на телефон (број да неможе да ти звони) дали истовремено ќе се блокира и на viber??
Во последно време имам проблем со меморијата на телефонот. Буквално не можам да симнам повеќе од 5-6 апликации. Не знам до што е, пробав и со sd картичка една што ја имав дома ама не ми ја прифаќа. Би купила и друга ако оваа не е океј, ама мислите дека е нормално со 32г меморија да не можам нормално да си функционирам на телефонов?
Според мене денеска 32 гига се многу малку…. Повеќето телефони се со по 120 и нагоре. Самите апдејти на телефоните зафаќаат доста место па можеби затоа немаш место за апликации. Пробај да прочепкаш во сетингс што точно ти завзема меморија па тргни од таму
не се инсталираат апликациите на сд картичка под дифолт, мислам требаше да се смени во сетингс https://mobiletrans.wondershare.com...t any app, go,instead of the internal storage.
Ти благодарам. Инаку телефонов не ми е некој кој знае колку стар, пред година и нешто ми е земен самсунг и тоа од поновите тогаш. Не знам од прилика на колку време се менуваат телефони, но освен меморијата се друго е супер.
Чудно како со толку малку, а понов. Требало да гледаш уште тогаш, навистина е малку меморија. Но и членката погоре ти пишала за апп на сд картичка да видиш дали се ако не се да ги префрлиш.
Како да тргнам забрана за појдовни повици? Не можам да донирам на хуманитарни акции ниту да платам паркинг, ми вели дека имам забрана за појдовни повици.
3 до сега, ниеден проблем. Освен едниот ајфон 7 не се слушаше добро па го сменив во текот на една недела
Го остаив телефонот во ледиком да сменат батерија бидејќи не ми држеше воопшто на 75% ми беше дојдено батери хелт,го земав телефонот во ужасна состојба,камерата целосно заматена (му рекле на маж ми дека имала некоја точка ама не била проблем шо реално и немав никаков проблем јас со камерата до преходно.)И демек ја средиле точката а сега е ужас….на екранот ми се појавиа жолти линии од страните….Ми го расипаа телефонот незнам што да правам