Зошто вака излегува ми пишува да ја форматирам мемориската картичка, дали броевите ќе ми се избришат?
Доколку некој ми го знае icloudot и пасвордот дали е можно да се најаби од друг телефон и јас да не добијам никакво известување ?
Мене ми го откупија Iphone SE 2020 во Fixit во Чаир, но треба да одиш до таму да ти кажат дали може да ти го откупат и за колку Обично ми кажаа дека не откупуваат стари телефони ама мојот беше ептен зачуван и во последно време им ги барале тие.
Имам Honor и се океј беше се дур не решив после два месеци игнорирање на нотификацијата за апдејт - да апдејтирам системот. Одредени апликации, пример пребарувачот, рандом "мрзнат" и крешнуваат. Некогаш не "мрзнат" си скролам ама добивам инфо да почекам или исклучам апликацијата. Кога ќе манам почекај и функционира нормално, по некоја секунда известувањето излегва пак, и пак, и пак. Дур не одберам да исклучам, па да приклучам на ново. Вакви проблеми сум немала пред апдејт на системот. Се случва и со други апликации ама најчесто забележливо е на пребарувачот шо го користам. И не знам уствари дали да праќам репорт за пребарувачот или некако да се жалам дека апдејтот е багован. Хелп.
Го однесов телофонот во мобилара да му сменат екран(ми падна на плочки и морав,екранот откажа)ајде сменија екран,но има некое минимално трепкање,звукот хрчиОд што може да биде,дали може пак да откаже екранот?Утре ако одам ќе ми го средат ова со звукот и трепкањево?Некој вакво искуство имал досега?
Можеби од тоа што ти паднал нешто и звучникоѕ да се расипал, нема врска со екранот. Можеш пак на сервис да видите дали се поправа
Од паѓањето оштетен е звучниот систем. Нема да го средат, ѓабе е се, од искуство ти кажувам само пари фрлање е.
Им спомнав дека не ми функционира звукот(морав затоа што страничното копче за отклучување/заклучување не ми работеше,рекоа ќе средиме донеси го пак),но пак е исто,хрчи не се слуша јасно...Може негде да ми го сменат звукот?Затоа што досега не сум го менувала звучникот,не ми узлегил ваков проблем...
Ти кажав од искуство, залудно ќе го носиш пак, нема да го направат, само пари ќе ти земаат и ништо нема да добиеш. Оштетен е целиот аудио систем, не мора да значи дека само хардверот е проблем, некогаш и софтверски т.е електрониката е проблем покрај хардверот, тоа е од паѓањето, тоа е исто како мозочен удар или потрес на мозокот, ќе те оправат малце ама нема да бидеш како претходно. Не си ги фрлај парите залудно.
Проблем со Redmi 12 ,постојано ми се ротира,влегувам во сетингс исклучувам ротација,по некое време пак уклучена стои,само по себе прави така..Помош,чаре? Инаку нов е купен пред 3 месеци...
Имам еден проблем. Датотеките од word или power point не ми се отвараат на телефонот. Најчесто па скоро и секогаш ми ги праќаат на месенџер, кликам на нив и веднаш ме носи во office (таму отсекогаш сум ги отварала и се беше супер) и цело време ми врти, не ми се отвара ништо. Пробав и на меил да ми пратат да видам дали од таму ќе ги отвори ама не, пак исто. Едноставно не сакаат да се симнат. Па луѓето мора скриншотови да ми праќаат. Некој да ми каже ако знае во што е проблемот и како да го решам? Се си беше океј до пред некое време, се отвараа сите, сега не сака.