Во ред, инаку доколку активираш преку апликација добиваш повеќе интернет за иста цена, повеќе инфо на линкот. https://www.telekom.mk/dopolnitelni-paketi-internet.nspx
Новиот самсунг с24 е топ, и од серијата а исто новиот (не знам точно која бројка). Блиски ги користат и се задоволни
Huawei p40 lite пречисти слики вади и батеријата држи по 3 дена само нема гоогле плеј и зезнато е за апликации..... Види хуавеи или ред ми се исто добри, самсунг јас никогаш во животот не би купила, не познавам човек кој имал самсунг а немал проблем со батеријата....
Кој има подобра камера и поиздржлива батерија? Може некои мани и предности? Кој е подобар 128gb /6gb рам или 256gb/ 8gb рам???
Батеријата им е иста, но во пракса А55 би извадил повеќе. Предности на А55 се подобар екран, подобар процесор, подобри камери, но не премногу. Главната им е иста, широкоаголната и селфи камерите се подобри. Предност на А35 е цената и добиеното за таа цена. 8/256 е секако подобро.
Долго време сум корисник на самсунг и досега не сум користела ајфон ама сега сега се мислам дали ајфон 13ка да земам пошто треба да купувам нов. Многу луѓе сакаат да ме предомислат да не земам пошто ќе ми било тешко префрлувањето од android на ios и не знам што да правам. Мислење од вас шо имате ајфон?
Се учи брзо. Користам 11/12 години веќе. Од ајфон нема ништо подобро. Во друштво тројца андроидовци сменија на ајфон благодарение на мене, и дечкото и братучетка ми плус... Види некоја другарка или другар што има ајфон расчепкај го ако ти дозволуваат да видиш што како (ма да има и на јутјуб) ама сепак пак ќе ти кажам дека брзо ќе се навикнеш. Види ако можеш земи Pro модел. Овде https://www.apple.com/iphone/compare/ можеш да ги споредуваш ајфон со ајфон.
Фала. Највеќе ми беше за google, goole chrome, особено gmail пошто многу ми е потребен ама пред некој ден разгледував кај другарка и видов дека сите можат да се симнат преку app store.
Ќе си ги симнеш не е страшно. За мене е подобар ајфонот. Само не би ти препорачала да земеш сега 13ка. Веќе е стар модел. Јас го користев до летово, не дека е лош, но се префрлив на 15ка веќе ми изминаа две години како го имав.
Ок, сфаќам, само тоа веќе е доста стар модел и си има последици. Не мислам да те напаѓам, но за тие пари може да купиш андроид што ќе биде нов и нема да имаш мака да го користиш. Или земи понов ајфон на рати
Апсолутно да си земеш и нема врска што е постар модел функционира беспрекорно исто како и новите ајфони веќе 2ра ипол година го користам. Така што дефинитивно да си земеш и да не му ја мислиш Најдобро направен ајфон ever
А зошто го смени после две години? Искрено јас подолго време користам телефон и не можам на секои две години да го мењам. Ако ми врши работа ајфонот само за две години онда нема ни да земам.
Општо познато е дека секој тел не само ајфоните после втората година почнуваат да багуваат, да трошат повеќе батерија и сл. Мене ми беше се уште океј телефонот, не дека му беше нешто, само јас си ги менувам на две или три години, имам субвенции.
Вака, може ќе треснам глупост ама да си прашам. Договорот го продолживме пред пола година, неки земавме телефони се тоа. На Магента сме. Е сега сакам да земам пак телефон, дали може нели целата сум без поени само на рати да се плаќа, дали даваат така ??