Не прифаќа никаква команда, ни кога ќе му ставиш дата кабел, никако. А не може да се извади батеријата, не се отвара
Додека не се надогради сам софтверот ништо. Јас ова го имам само кога му правам ажурирање на софтвер сам си се ажурира се и после сам си се уклучува.
@ninja35 Однеси го во некоја мобилара, ако треба да го надоградиш софтверот сега како и да е чим не реагира не можеш ништо, таму ќе ти кажат што и како.
Пред еден саат го земав од мобилара... Ова тука ми е последен обид пред да го плеснам од шести спрат...
А мене често знае да ми се затвори апликацијата, безразлика која, најчесто инстаграмот и фејсбук. А и додека сум на јутуб и слушам музика често знае да ми снема месенџерот т.е „главичките“ . Од што прави така? Го имам форматирано еднаш, а и прилично нов ми е мобилниот не би требало така да прави.
Ех, не ти се фрла сакаш нагоре да го фрлиш и пак да го фатиш.Надолу го тресни. Инаку мојот телефон и кога готвам со мокри раце го користам, и цел екран е вода.Почна во последно да ми се побркува тачот, ама ич не ми е гајле.Го искористив максимално, нека цркне
До апликациите е. И мене ми правеше така фејсбукот и инстаграмот. Едино решение е да чекаш нов апдејт на апликациите.
Носи го на сервис. Рачунај внатре ти е се отидено. 90% е софтверот. Ќе ти го исфлешуваат и ќе ти стават нов софтвер.
Ако е софтвер повеќе од 600 денари нема да ти земат. Ама ако е хардвер незнам. И моли се да не е чипот за меморија.
@Jenniffer И мене така почна да ми прави од кога поминаа три месеци од купувањето, редовно прави така и навика ми стана. Неколку пати му имам правено фабрички рестарт, но тоа нема ништо сменето, до самиот телефон си е.