Здраво, незнам дали е за тука прашањето ама ај да си ја пробам среќата Вака, имам симнато апликација за свирење тапани од Гугл плеј и сеа се беше у ред свирев со месеци (уште од зимоска) и некни почна да ми прави проблеми почна да сецка Од што може да биде? Меморија имам, ја рестартирав аплилацијата, апдејт и напраив на апликацијата, мобилниот го рестартирав... да ја инсталирам одново ако не?
Мобилниот не мора да значи дека кочи од вируси, туку затоа што имаш инсталирано апликации кои бараат посилна конфигурација.
Пробај да ја деинсталираш апликацијата поточно избришеш. Но и не мораш тоа , направи само Force Stop или Clear Data/Clear Cache. Повеќе ти препорачувам да пробаш со Force Stop бидејќи со Clear Data можно е се што ти е зачувано во апликацијата да ти се избрише . И ако веќе одлучуваш да ја деинсталираш логирај се на некој акаунт на Gmail за се да ти остане зачувано за секој случај. Можно е и андроид да ти е слаб за новиот Update, ако пак нешто не е во ред симни антивирус да исчистиш вируси зошто може да биде и тоа причината ти го препорачувам Avast или CM Antivirus, доколку најде вируси антивирусот ке ги избрише потоа пак пробај со апликацијата.
Ми сопре одеднаш цел Андриоид систем, ништо не ми отвара... дали можам чаре да му најдам или мора на сервис да го носам?
Дечки, имам еден проблем веќе подолго време, користам HTC Desire 310 веќе 1 година и последнава недела одеднаш почна телефонот сам да ми се исклучува (а батерија наполната) и пробувам да се уклучи - но не се уклучува. Дури по 1-2 часа повторно се приклучува. На почетокот мислев дека батеријата ја презагревам па од тоа, но еве скоро воопшто не го користам и повторно истото. Имате некое искуство или совет?
Незнаев каде да го поставам прашањево. Дечко ми зема нов тел инсталира viber но кога му пишувам на viber тел не добива известување ниту титка мелодијата за пристигната порака, исто и кога ѕвонам . Го деактивира па наново го инсталира и пак исто ... На некој им се случило ова?
@thewriter, и мене ми се случува истото, мислам дека проблемот е во батеријата. Може си по цел ден на телефон. Мене син ми нон - стоп ми гледаше цртани, не ме оставаше да го полнам. А кога ќе го полнев, за 20 минути батеријата беше 100%, а малце ќе го чепнам, одма се троши и доаѓа на 30%... И сега де се гаси, де се исклучува. Ми рекоа ако батеријата била проблем, 15 евра било. Ме интересира, дали ти го поправи твојот? Во што бил проблемот?
Дечки имам леново вибе ц се случува сам да си се изгаси иако полна е батеријата и ми иде да го треснам од земја хахах иконите од апликаците по два пати ми ги има ако некој знае што се случува нека пише?
дечки имам huawei p8lite.Веќе два месеци имам проблем со вклучување на wi-fi. Еднаш се поврзува,сам се исклучува,некогаш воопшто нема поврзаност -.- дали знаете што е проблемот?
Проблемот може да е и софтверски,а може и да е до вифи чипот,најубаво однеси го во сервис да си го средат.
Можно е да има софтверски недостаток телефонот. Некое баг-че да заебава постојано. Исто и кај мене прави така, само што јас имам Redmi Note 2. Ќе му мавнам рестарт на телефонот и си работи најнормално. пребарај на гугл, ги има сите верзии на WhatsApp.
http://www.apkmirror.com/apk/whatsa...lease/whatsapp-2-11-498-android-apk-download/ Ги имаш тука сите верзии на Whatsapp. Која ти треба, таа симни ја. Кога апликацијата ќе се симне, само притисни на неа и автоматски ќе се инсталира самата. Потоа иди во Google Play Store и најди ја Whatsapp, потоа во горниот десен агол ќе пронајдеш три точки, кога ќе притиснеш на нив има опција Auto-update. Отштиклирај и кулирај се надевам помогнав
се извинувам имам едно прашање ако некој знае ... имам лг к8 скоро е нов 4 месеци а последните 3 недели блицот воопшто не ми работи ако некој знае што можам да му направам или да го носам на сервис