Имам 16 години и мислам дека мојата мајка е типичен пример за токсичен родител. Моите родители се разведени и веќе неколку години немам контакт со мојот татко. За секој мој успех таа прво го гледа она што сум го згрешила и ме прекорува за тоа иако сум постигнала доста добри резултати да не речам најдобри од сите. Постојано сака да разговараме за нешто бидејќи веќе не сум мала сум пораснала, но кога ќе дојди време да излезам тогаш сум мала и несмеам.... Пред 1 месец имав ужасна караница со мојата мајка при која почна да ме турка, влече за коса и посака да го напуштам домот. Не ја интересира каде ќе одам ни ништо само да и се тргнам од глава. Плачејќи отидов кај дедо ми, му раскажав за ситуацијата и тоа "се реши". Но вечерва истото се повтори. Бев излезена и кога се вратив со убаво без карање ја замолив за ситници да не ми се јавува кога сум излезена со друштвото. Не сум толку мала и веќе срам ми е кога пред сите и се објаснувам на мајка ми каде се наоѓам во моментот и со кого сум (иако знае) и кога ќе се вратам. Веднаш почна да вика дека додека живеам кај нејзе тоа нема да се случи несмеам да се вратам ни секунда покасно од дозволеното бидејќи ќе заклучува од сега и повторно ми спомна за напуштање од домот. Имам чувство како да не сум посакувана и не би сакала да живеам со неа доколку е така. Постојано ми зборува како долку не е по нејзино можам слободно да го напуштам домот. Ве молам помогнете ми незнам каде да се обратам и што би можела да направам во мојава ситуација...
Нoрмaлнo е дa ти сметaaт oвие рaбoти бидејќи си тинејџеркa. Сите кoгa сме биле вo тие гoдини сме пoминaле буквaлнo низ истoтo, aмa мoрaш дa рaзбереш декa oнa ти е мaјкa и нoрмaлнo е дa е зaгриженa, знaм декa ти е "тешкo" дa јa пoднесувaш сегa, aмa зa некoлку гoдини ќе биде пoдoбрo.
Не почнувај расправии без врска со неа, можеби е нервозна поради разводот. Ако рекла во колку да се вратиш, врати се, не и противречи, затоа што сепак си мала, имаш 16 години. Труди се да не ја провоцираш, иако можеби не секогаш таа е во право.
Добро озбилни ли сте со коментариве и зошто да? Без ќотек не можеле да се воспитаат нормални деца, ако те затвараат дома и те малтретираат а дечко ти револтиран кажал лош збор за нив - дечкото откачи го, и тебе не те почитува (ова во друга тема), те влече мајка за коса и сака да си одиш - ама тинејџерка си, ќе ти фали мајчичка... Жената фрустрациите од разводот ги исфрла на ќерка си, и никаде не видов да рече оти ја провоцира, освен ако просечно и скроз нормално однесување на 16 годишник е провокација? Нема многу можности да се направи нешто на таа возраст за жал, но и не е нормално вакво однесување со дете. Многумина сме искусувале постојано критики и прекори и покрај солиден успех, но не значи дека тоа е во ред... а за бркањето да не зборувам. Какви ниски критериуми за родителство се промовираат по форумов, страшно. Само така нека си читаат постари и нека си тераат, да им ги загорчуваат најубавите години на децата - ама да си знаат дека на крај пак они некако ќе се во право пред просечната раја. Пу!
Aко тегнење за коса и бркање од дома е грижливост, тогаш кај е границата меѓу грижливост и психичко/физичко насилство од родител? Уствари нема. Не постои насилен родител, само грижлив. Мајка ми ме помодри од ќотек - ама мајка ти е, се грижи, утре ќе ја бараш. Со дечко ми малце се скаравме -раскини му на копилето. Знам дека не се исти ама дали шамар различно ќе боли удрен од различна рака? Од дечко ќе се разделиш, а од родител? Ќе трпиш... Да почнам да кажувам како влијае на психа оваа такозвана грижливост? Поарно не.
Грижа?Можеби кога и се јавува за да знае каде е тоа е поради грижа и тоа е во ред.Ама со психичкото и физичкото насилство?Да не и биде ниеден успех признаен?Само грешките да и се бројат?Во најдоброто кое го направила маани да и наоѓа?Да ја брка од дома и да ја остава пред врата ако задоцни?Тоа ви е нормално?Немам коментар.Не велам дека тинејџерите не се бунтуваат за ситници,но ова е психофизичко насилство. Девојче мислам дека мајка ти има комплекси и проблеми со себе и затоа вака се однесува.Навистина ми е жал за тебе.Учи и постигнувај резултати за себе,немој поради бунт да го расипеш успехот.Игнорирај ја кога се расправа,бидејќи таа има проблем со себе,а не со тебе.А во врска со јавувањето,ич да не се замараш кога ти се јавува пред друштво дали тие нешто ќе кажат.Тоа не е нивна работа.
Грешка бев дека менталните проблеми се решаваат со активност со ова сум сигурна дека треба некои луѓе да појдат на психијатар а може и во лудница... Ке го упропасти девојчето
@Teen888 во години си кога природно ги преувеличуваш работите, не свесно, и во период на бунтовност. Тоа што мајка ти сака да разговарате, ти се јавува цело време значи дека се интересира и грижи за тебе. Тоа што е разведена, самохран родител, сама мора да мисли на финансии, со дете во луди години, значи и дека е под голем притисок, не само од околината, туку и од самата себе. Некои родители полесно се снаоѓаат, некои потешко се носат со ситуацијата во која се. На неа сигурно и е потребен разговор со стручно лице, а до тогаш, за да си помогнеш и за да и помогнеш оти мене ми изгледа дека на неа и треба помош, пробај да не ти е проблем да одговориш кога ќе те побара, секогаш можеш да се тргнеш на страна на 2 минути, и да си доаѓаш дома на време. Ова ти го велам оти и јас сум била тинејџер, сите сме биле, и сите сме биле склони да преувеличуваме, да се бунтуваме и многу работи кај родителите да ни сметаат. Денеска, за многу работи велам дека биле во право. За некое време од сега, можеби и ти ќе велиш така за некои работи. А за влечењето за коса, кое е последица на немоќ и не знаење како да се справи со ситуацијата, можеби со тек на време ако пробаш да градиш поздрав однос со неа, ќе создадете поголема близина. Или ако таа продолжи така, ќе ви се разделат патиштата. Не знам дали ќе ме сфатиш, муабетот ми е, дека на твојата мајка и треба период да преброди и соочи со се со што се соочува. Можеби тоа ќе се случи, можеби нема. Ти ќе го знаеш тоа со сигурност кога ќе имаш повеќе години и изграден карактер.
Читав и среќа стигнав до мислењата на @Someonespecial и @Tan4ence .. Како бе луѓе "Мајка е, се грижи"? Мојата мајка не се грижела што на 16 години не се однесувала вака? Јас сфаќам да има ограничено време на излегување (освен ако е 10-11саат, тогаш ни тоа не го сфаќам). Ама на 16 години ти да си го тепаш детето и да го бркаш од дома затоа што не ти е по замисла, па стварно не можам да сфатам.
Божее како ги преувеличувате работиве како и вие да сте тинејџери. Па дали ако родителот на детето му рече напушти го домот ако не ме послушаш за тоа и тоа, тоа го мисли сериозно?! Секој родител во немоќ после зборење и зборење ќе изгуби живци кога детето не сака да го послуша за нешто, и му се заканува на тој начин, а далеку од тоа дека тоа го мисли сериозно. Не можам да се пофалам дека сум била мирно дете во тинејџерските години, ниту пак сега, мојте милион пати ми рекле ако продолжиш по свое веќе дома не иди, некогаш намерно ми заклучувале (ќе ме остават 15 мин пред врата) и ми отвораат пак.
@Snowflake97 вакви ситуации си имала? Да, секакви караници има ама не треба се да се оправдува и да се застанува на страна на родител.
Абе и мене не ме пуштаа да каснам ниту минута дома ама никогаш не ме удариле и не ми рекле не се враќај дома, ќе ти заклучам врата оди каде сакаш. Мислам треба да се свестите дека ова не е нормално понашање и не е здраво, посебно не за млад човек кој сега треба да оформи мислења, друштва и да одбира вистински патишта. Најмногу подршка и разбирање треба да има дете во овие години, кое не е веќе дете ама не е ниту возрасен. Океј е да се ставаат граници ама тепањето и теглењето за коса не е е една од тие граници. Девојче пробај некое време не се противречи, доаѓај на време дома и не се карај за ситници, тебе ти вријат хормони моментално и те сфаќаме дека ова ужасно те нервира, нормално е и мене е нервираше многу. Јави и се кога се јавува и понашај се смирено, ќе видиш дали е само период, дали е стрес ради развод и оти е самохран родител или има подлабок проблем кој ќе треба да се реши на друг начин. Во право си не е здраво однесувањето на мајка ти и не треба да ја разбереш, ама моментално не си во состојба да го решиш проблемот сама и со дерење, кавги и инает уште полошо ќе е. Бидејќи се гледа дека си зрела пробај посмирено ти да пристапиш на ситуацијата и ќе видиш како ќе биде.
Колку и да се согласувам со тоа дека секој ќотек што јас сум го добила бил од корист и да денес ја барам мојата мамичка и фала му на бога тука е, верувајте луѓе постојат родители што после развод го замразуваат звоето дете барем на момент и тоа знае да излезе од контрола. Значи да, мала си сите се на некој начин во право со тоа што ти го кажуваат, и да, послушај ја мајкати не се противи секогаш потруди се да правиш извесно време се како ќе ти каже, но ако продолжи со истото темпо верувај дека ќе мораш едноставно да ја прифатиш таква каква што е, дури и да и помогниш, ќе созрееш многу повеќе за некоја година и верувај ми дека со други очи ќе ја гледаш ситуацијава, Пред било кој и да се побуни, ова го кажувам од сопствено искуство, верувајте, постојат многу луѓе што можат да си го мразат сопственото дете, или пак го сакаат длабоко восебе, но никогаш нема да знаат тоа да го искажат.
Многу ме иритира минимизирањето на токсичното родителство. Грижење и контролирање се два различни поими, не значи по дифолт дека ако улогата е родител, грижата е причината за сите невољи кои им ги приредуваат на своите деца. Ја правдате мајката, сигурно последици имала од разводот, кој знае низ што све поминала. Епа, погодете што. И тоа дете има поминато низ сето тоа, веројатно и со дупли интензитет има осетено што све се дешавало во нивните животи. Затоа сега и треба стабилна особа која на прав начин ќе ја усмери, ќе и биде потпора, да и биде најдобар пријател. Со самото тоа што девојчево пишува на форумов, бара совет, покажува дека не е индиферентна према ситуацијава, не е у фазон, нека се дере јас пак ќе си правам по свое, туку покажува зрелост и бара решение. Коментарите во вид на, ќе ја бараш еден ден, тинејџерка си смири се, кога ќе бидеш родител ќе видиш, ви се крајно ниски, глупи и безосетни. Инаку @Teen888.. Пробај да ја начекаш во добро расположение и да разговараш смирено и отворено со неа, кажи и што све ти смета у вашиот однос, дека прави да се осеќаш лошо и дека се осеќаш непожелно. Се зависи на колкава спремност за соработка ќе наидеш од другата страна. Камо среќа со компромис да успеете да се најдете на средина и да продолжите мирно со животот. У другиот случај, полошиот.. фокусирај го паметот на други ствари,игнорирај на кавги, па здравје за 2 години ако запишуваш факс, ќе имаш можност да најдеш работа и да живееш оделно на раат. Се најдобро.
Тоа што те бара на телефон кога си излезена значи дека се грижи за тебе и не си голема колку што си мислиш и 25 години да си кога излегуваш од дома таа ќе те чека,нема за што да ти е срам да му објаснуваш каде си и со кој се.Не треба со насилство тоа не ја оправдувам секако ама може сака да си поблиска со неа пробај така да решиш
“За секој мој успех таа прво го гледа она што сум го згрешила и ме прекорува за тоа иако сум постигнала доста добри резултати да не речам најдобри од сите. “ - За ова еден ден ќе и бидеш благодарна, ова ќе те осамостои, ќе те направи да бидеш уште посилна и да стремиш само кон успех и напредок, знаејќи дека секогаш може и подобро- наспроти оние родители кои ги величат своите деца дека се најдобри, најпаметни, а крајниот резултат е јасен (креирање на мамини галеничиња) “Постојано сака да разговараме за нешто бидејќи веќе не сум мала сум пораснала, но кога ќе дојди време да излезам тогаш сум мала и несмеам....”- точно со твои 16год си доволно порасната за да разговараш со мајка на секоја тема, но во вториов дел не си доволно јасна за каков тип на излегувања мислиш дека си мала? ако мислиш на излегувања од типот на заглавување во доцните часови.... е тогаш стварно си мала. Некако површински ја опиша ситуацијата, млада си, тинејџерка, се сакаш да пробаш, се те интересира, можеби си ја преминала границата со тоа твое излегување, затоа реакцијата на мајката ти се манифестира со дерење, поголема контрола кај се движиш, родител на нервоза се ќе каже... ама па влечење за коса не смеела тоа никако да си го дозволи
Тоа што рекла да оди кај сака не е за правдање, не смее така да прави одговорен родител, никој така не смее, но ако веќе е така, девојче труди се да не создаваш кавги, затоа што си мала уште сепак. Може и е тешко па се истура.
Јас сум мајка на 16 годишњак Тука ја гледате едната страна и бидете сигурни дека не е скроз така како шо пишува девојчето Ако ја чуете страната на мајката ке чуето уште сто работи други Тинејџер е и преувеличува еве пр јас ке речам дојди си во 1 најкасно он редовно у 2 у 2,30 ама еднаш не си дошол на време Ти трубиш нон стоп оди на школо само седи на час ке ти турат двојка не и не он изостаноци еден тон и пред исклучување од училиште сега и на полагање А се пружено и нахранет,и облечен,и прошетан,и летување и зимување и со пари задоволен и не и не тоа шо си го знае си го тера е богами си заслужувате дечиња и карање и плескање некогаш железни нерви а имаш ке ти ги сокинат Така да до тинејџерот од погоре слушај ја мајка ти кревај и на телефон оти тој телефон и за оа ти е купен за да може да зна кај си со кој си кога се вракаш ако не и креваш има конмотно право да ти го земе оти очигледно и не т требал има уште многу за пишување ама ме мрзе а за тие со не разбират почекајте само да ви дојде на глава се шо викав јас не така се на глава ми дојде
Се слушате ли,бре? Оправдувате мајка која тегне и влече дете за коса и ѝ прети со бркање. Тоа не е во ред.Тоа не е нормално! Едно е да ја бара на телефон,друго е да ја тегне за коса.Ова второво нормален човек не го прави. @Teen888 Одговарај ѝ на повиците.Ако ти е непријатно пред друштвото,стани и оддалечи се,па збори на раат.Доаѓај дома на време. Игнорирај ги нејзините навреди. Ако си блиска со дедо ти,разговарај со него,кажи му колку ти е тешко. Или со друг од фамилија. Учи си,посвети се на образованието.