1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со родителите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Teen888, 20 јуни 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    И јас кога бев помала мајками значи неможеш 2 реда маабет се на телефоно зјапа седнеш она на телефоно ако не и презбореш нема ни да ти презборе. Фала му на господ преку психолошки книги си го најдов некако патот. Иначе тешко е со таков родител со ништо не гледа пред себе освен социјални мрежи.
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Што да правам со користољубив родители? Не се сиромашни но така банално се однесуваат постојано бараат ли бараат пари,прехрамбени намирници,антибиотици и мн Др незнам што веќе да правам...
    Постојано велам немам,немам,немам но никако да разберат... Ако може совет не сакам да се карам и расправам
     
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    8.752
    Пол:
    Женски
    @NORA17 не можеш да игнорираш туку само да ги седнеш и да кажеш дека тие се твои пари и дека нема што да бараат од тебе. Никако не потпаднувај на лажирани сценарија, очекувај да се однесуваат поинаку откако нема да ги добијат парите (не си сфаќај лично). Биди поладна и терај си го твоето.
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Јас постојано попуштам повторно и повторно но ете од мојата прва плата до сега постојано им давам колку што можам но веќе почна да му смета на маж ми иако во последно време се намалија "давачките" порано и цела плата им ја давав сега не е така но навикнати се(facepalm) тешко е за одвикнување:(
     
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    8.752
    Пол:
    Женски
    @NORA17 Им имам давано се' шо сум имала, сум пробала со пола од парите - не бива и така. Сум го полнела фрижидерот и пак биле незадоволни. Гледај си го семејството таму, помогни им некогаш кога ти сметаш дека можеш и прави си го твојот есап. Нема зошто да ти се наметнува грижа на совест, те искористуваат и плус додадни недоразбирања си создаваш со маж ти.
     
  6. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    @NORA17 треба да сфатат дека кога си била сама си можела и цела плата да им ја даваш, ама сега парите се заеднички со маж ти и треба да се свесни дека тоа му смета.
    Мм додека бил сам скоро цела плата нив им ја праќал, на почетокот даваше и помагаше уште ама престана заради мене. Едноставно игнорирај ги, ептен ако се во тесно ќе им помогнеш ама да ги издржуваш цел живот неможеш.
    Бев во улогата на маж ти и знам како му е. На почетокот беа изненадени како он не ги прашува дали имаат доволно за месецот, ама сега се навикнаа и не ни спомнуваат за тоа.
    Неможам и јас да работам за нив, а они по цел ден да лежат дома, а на моите не сум и пратила ни за роденден подарок, камоли секој месец да ги издржувам.
     
    На NORA17, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    ЗБЕСНУВАМ КОГА ЧИТАМ ВАКВИ МИСЛЕЊА. Девојчето има проблем, океј тинејџерка е да, сите се проблематични на тие години, но сериозно поддржувате психичко насилство ? Па и физичко, влечење за коса? И мојата мајка овие работи ми ги правеше мене, мојата беше и полоша ситуација. Од многу помала се тресев од страв кога бев дома со неа. Ме омаловажуваше, секогаш бев неспособната и наивна личност во нејзините очи. Тогаш сите вака мислеа и за мене, дека јас треба да ја разберам, дека таа е родител и е во право, а јас сум само тинејџерка која ништо не знае и безвеза се бунтува.. Е сега после толку години, јас имам проблеми со себе, мајка ми не може да ми направи и каже ништо веќе. Но имам длабоки траги од минатото, од детството и од тинејџерските години имам длабоки белези. Никогаш не сум се чувствувала сигурна во себе, проблеми имав долго време со самодовербата, се чувствував секогаш како да не вредам ништо. Се што мајка ми правеше тогаш се одрази на мене подоцна, бидејќи морав да ја разберам и бидејќи бев само тинејџерка... Страшно е тоа што некои луѓе не ја гледаат сериозноста на ситуациите во кои се наоѓаат некои тинејџери.. Баш поради тоа што се во тинејџерски години, овие работи многу лошо влијаат на психата. Можат целосно да уништат нечиј живот и таа личност засекогаш да има последици..
     
    На shekerna му/ѝ се допаѓа ова.