@M&M да пробаш со 2-3 киви со кокосово масло? Кај мене кивито има магично дејство кога ништо друго не делува. На колешка пак за девојчето (2 години е) педијатарот и препорача ЕВАКОЛ прашок, тој и јас го пиев за време на бременост пред да го откријам дејството на кивите.
Сега баш зборев со педијатар исто за евакол прашакот ми спомна. Не ми јаде киви баш ама ќе земам и кокосово па со нешто ако и ги измешам може ќе помине. Не знам кравјово млеко да не и орави проблем, не пие многу ама по 100-150мл 2 пати макс во денот. Тупав ден во секој пиглед. Работа еден куп а го мислам малоно, заспала сирота од мака уште во 11:30, едвај чекам да помине работново време да си одам. Фала ви на сите
Ke te zaboravev za malku, imavme kaka-eksplozija pa miev presoblakav eve jas vo frizider gi cuvam zos se topat na toplo, od zegin gi zemav
@M&M сега брзо почна да пие кравјо малата? Ако од скоро пие, од него е запекот. Кај поголемиот син имавме од кравјото проблем. Дома не пиеше до две и пол години, во градинка една чаша се напи и цела недела имаше проблем. После тоа се плашеше да кака поради болката и стискаше. Исфрли го млекото и види како ќе биде ситуацијата. А за моментално олеснување, само микро клизма, Easy Lax, ги земам од Зегин.
@M&M И јас сакав да ти пишам дека е од кравјото млеко. Ако веќе сака млекце, можеш на хумана да и земеш има за поголеми дечиња не мириса лошо како другите адаптирани млека. Пробиотик исто можеш да даваш, а кај мене после пораѓај најмногу помагаше лажица маслиново масло и чаша јогурт.
Она пие некое време 1 преку ден јас кога не сум дома, чат пат со снегулки или бисквити. 1 недела како не цица веќе и сега пие мачку пред спиење, сама бара ама само 150мл и давам не повеќе. Ќе земам некое адаптирано за над годинка да видам дали ќе има разлика па полека и да се одвикне целосно од млеко Фала ти, сака млеко ама пазам на количина, сега престана да циџа па тоа и е како утеха малку Ќе пробам со друго нлеко баш и помислив, знам дека кравјото кај некои деца прави проблем. Уште лежи и е кенкава цел ден ја мислам ќе пробам да се шмугнам порано од работа
Пак има проблем од што се измачи во петокот сега не сака да кака, вчера цел ден како ќе и дојде нагон го враќа. Еве ја од сабајле е цела кенкава а не ми сорабпотува ич. Не сака ништо да јаде. И дадов од прашочето вчера, плаче не сака чепче и ми е жал да и правам трауми. Ќе се молиме цел ден. Како ќе и го сузбијам стравот не знам
Пак иста песна, од вчера се стега и враќа. Бара млеко пред спиење ај и купив адаптирано за големи не го сака, 99% сум сигурна дека од кравјото почна приблемот ама она го дуплира со стравот. Како ќе се справиме со ова не знам, уплав има од чепчиња а не сакам дополнително да ја трауматизирам, пак и давав прашик лаксатив ама и тоа не е трајно ррешене. Не знам веќе што да и зборам да и го разбијам овој страв
Исто беше со големиов. Не сакаше никако да кака поради стравот од болка и по 5-6 дена стискаше додека ептен не можеше да додржи. Дури и пролив еднаш успеа да го издржи да не го пушти, се чудев како, ама затоа после три дена од wc не излезе. Немаше што не пробав, од разговор, храна што омекнува, секое сабајле масло на гладно, па смути со суво овошје киснето од претходната вечер, семиња, житарици, ама џабе, детето од страв не можеше да се опушти никако. Со самото тоа стана и понервозен, со чести тантруми и плачки секој ден после градинка. Па и му се развикав еднаш, уште се каам за тоа нема вина во детето, ама се изнервирав што не сфаќаше дека нема да го боли ако не стиска кога ќе му дојде нагон. А како да ме сфати кога одвај три години имаше и се што знаеше е дека го боли. Кај нас се оддолжи, две и пол години. За олеснување не користев чепчиња, само микроклизми. Мислев и на психолог да го носам, да ја надмине траумата, ама преку ноќ престана да се стиска, некаде околу петтата година. Криво ми е што чекав толку да трае, што не го однесов порано на психолог да го средиме тоа порано. Ама ќе знам за второво, не дај Боже низ истото да поминуваме.
Оф се надевам нема толку да ја држи. Јас еднаш со големиов го поминав исто на 3г, ама бргу му помина. Ова па е помало башка уште во пелени што дополнително и отежнува а не сака да чуе да седне на нокширче. Ништо ќе се молиме нема друго, еве пак со чепче денес и се искакала ама не сакам бре вака да тера. А какви де тие микроклизми?
Овие се, ги има во Зегин, без нив дома не сум ни ден Нека не те буни што пишува на кутијава за возрасни, иста е ваква и за деца. Не сум ги користела одамна, фала Богу, ама си ги чувам за секој случај. Стискам палци брзо да го решите ова, ако мора и психолог консултирајте, барем да ве насочи што и како да правите. Што побезболно да биде
Фала не знам колку ќе може со психолог со оглед на тоа што има само 2г. И овие сигурно ќе и бидат трауматични душичка после чепчињава не ми дава крема да ја намачкам кога и ставам пелена
Со психолог ти да збориш да ве насочи како да зборите со неа за да го надминете проблемот. А не девојчето да го носиш. Ама ајде, види како ќе биде месецов, белки ќе се опушти да не се стега. Мене ден денес ми е траума ако големиов не оди по голема нужда еден ден, камоли повеќе. А се случува тоа, само не стиска веќе.
Здраво мајки. Молам за совет. Малата пелените ги остави во октомври. За мочање одамна немаше мака - маката беше какањето. Кога ќе извадев пелена гледав дека не сака да кака. Некако се натера во шоља со адаптер, ама беше со страв и паника, и после ден - два се ослободи. Почна да кажува, почна во градинка да оди во шоља, и така два месеци и кусур. Сè додека не и се заврте нешто пак во глава дека се плаши од каката. Почна да вика дека ја чеша газето - а сето тоа мислам психички и тоа кога ќе и се прикакаше. Купив и крема со цинк оксид и нистатин, и навечер (има пелена) ја мачкав слој подебел. Некогаш и е поцрвено газето, ама најчесто е во ред. Почна да се жали гаќите и се пикале во газето. Се нешто и смета. Бевме и на педијатар вика дека е ок. Деновиве кака само ако ја седнам и се е со молење, плачење, навивање, па и закани. Од што ја оставив прво, изгледа и се стврдна каката па може и не и беше нешто пријатно да кака. Па и тоа и објаснував дека не треба да чека, дека така само е полошо... приказни еден тон. А максимално што причекав е ден и пол ама таа претходно какаше по 2-3 пати дневно, па си велам може за неа и ден и пол е многу. Пробав со сирупче природно да ја протера, сè што направив е да се покака малку течно во гаќи саат после сирупот. Јаде деновиве супи, смутија, ама не е проблемот со столицата - проблемот е што држи и не кажува. Дури не дава ни знаци како претходно кога можев да ја познаам. Нерви кинам деновиве и не знам како да и помогнам. Само мелам, објаснувам, ама џабе. Совет? Искуство?
Имам јас слична мака 1 неделно обично ја фаќа таква криза, уште е во пелени ама јас си поврзувам со престанок на цицање, од тогаш почна ова. Не држи со денови бидејќи е научена секој ден да си кака, ама ја приметувам кога се стега и нејќе да се искака, наредниот ден е цел ден со плачки и тресење. Ако не успее сама и ставам микро клизма тука ми ја препорачаа, или чепче мада второво многу не помага. Ова и е многу стресно па ме моли, не ставај ништо сама ќе какам, па така се убедуваме. И давав и лаксатив за деца на неколку пати. Еве и вчера цел ден ништо, денес на цела мака поред температурава и тоа и фалеше па некако успеа сама ама мислам дека не се докака, и олесни малку па се олабави. Денес на преглед ми препорача докторката сируп од слива и смоква навечер се дава и рече нека пие подолго време. Го купив па ќе видам дали има разлика. Полека трпение зборување форсирање течности, не знам друго што да кажам ама многу е мачно, јас со неа барабар плачам кога ќе ја фати ептен криза.
@M&M ошав вари и од суви сливи и друго суво овошје и свежо јаболче можеш да ставиш, кивито измешај го со некое друго овошје и овесни снегулки...повеќе масло во јадењата. Зборувај и дека ќе ја боли мешето повеќе, ако не кака...дека си до неа и ако ја боли ко ќе кака да ти каже (не дека можеш ти нешто да направиш...битно да се осеќа побезбедно оти си тука). Столицата и е средена (само стравот и е?) или уште е со поцврста столица? Со помин ајде. И ние сме често со тврда столица.
Не е толку до столицата стравот е повеќе. Знае неколку дена да кака без проблем па пак и се враќа и по два дена да е со плачки и веќе 2м биднаа вака. Се надевам ќе помине брзо овој период
Имам прашање....Глупо-неглупо тоа е. Столицата на бебо не е тврда секогаш, течникава е, ама не е пролив вода (да е пролив ќе кака 3 пати во саат време, он кака еднаш до два пати во денот)...Значи не течна, ама не е ни тврдо скроз. Во грдинка ми викаат течна столица има, пролив да не има...Е сега, да прашам, да не прашам, колку е ова нормално? (по Богу, па и јас не с - - - м секој ден исто).