И кај моиве е така, секој ден различно. Некогаш им влијае храна, некогаш колку сме шетале на воздух, обична настинка, заб... За мене е нормално тоа.
Мајки дали е можно синчево што се стиска понекогаш за какање да има крв после во каките? И јас и свекрва ми приметивме крв неколку пати во каките, а он знае некогаш да се стиска дека заигран и да држи се додека ептен не му дојде да кака...
Не нормална си е.. од црвено нешто што јадел не е, зашто не ни јадел црвено толку. Баш крв е се приметува, лигавко е дури како слуз и крваво...
Јас не знам што да правам со малово. И давав поврќе од 15 дена ефекол да и се регулира столицата. Додека го пие е ок, кога ќе престане 1 недела е ок и послс пак и се враќа проблемот. Значи веќе не е само стравот бидејќи кига и е нормално мека столицата кака без проблем. Ама а осети малку тврдо и почнува тешко да кака, и се чудам зошто има толку тврда столица. Секо ден јаде манџа или супа, леб не јаде многу, секој ден од сабајле смути со киви, ленено масло по 1 лажица, мелено ленено семе и ставам во јадењата, пие јогурт вода од варени суви сливи како чај плус и ги давам после и сливите да ги изеде, цеден портокал. Факт е дека е може малку слаба со вода и течности, ако не ја форсираш сама не и текнува водапортокала. Останува само млекото да е проблем а не пие многу 100мл пред спиење дење и 100мл навечер, бара дама иначе ни толку не би и дала. Еве сега ја натерав јогурт место млеко и заспа, бидејќи сабајле се мачеше 10м, жива вода се направи и не се искака. Знам дека и благото орави проблем, избегавам да и давам а обожава, еве вчера се погоди малку повеќе благо да изеде и одма проблем. Плус не можам никако да ја убедам дека седечки на нокширче или шоља полесно ќе и биде. Значи вакви ситуации имаме барем 1 на 1 недела до 10 дена. Дугите денови е ок и по 2 пати обично си кака, кога полесно кога потешко. Што друго да и давам да нема тврда столица? Не сум паметна веќе
Ништо, сега кога ќе излезе убаво зеленчукот свежи салати и поактивни ќе бидат, белким ќе се среди. Да знаеш дека и движењето е битно. И ние иако пиеме многу течност често има тврда столица...млеко не пиеме, само јогурт.
Абе иако е дома почесто дома не застанува, но стоп трча рипа, обавезно еднаш во денот излегува и нанаво. Еве ја уште не се искака, преска ептњн ја фати криза и пак ништо и помина. Знаж дека на крај со клизма ќе заврши затоа што колку поврќе го враќа се потешко и ссганув? Кокосово масло добро е за столица?
Мислам дека секое масло е добро....наутро по една лажичка масло пијте, измасирајте стомаче, намачкај и долу од маслава што ги прават со тревки како за потпарено... не знам кое е поубаво, малку и внатрешно намачкај ја во анусчето за полесно да пројде (ова мислам дека ќе и помогне...хирурзиве мачкаат некое масло не знам што е...ако знаеш кое време обично кака, пред да кака) и топол напиток.
Сакам да пробам ленено семе да му давам на мојов, он нормално кака, но многу се напиња некогаш и како што реков погоре има крв... па прашањето ми е, колку можам да давам и дали секој ден може?
Јас скоро секој ден и ставам мелено ленено во некој обрик. Во палачинки тесто ставам, во мафини... плус ленено масло и давам да пие по 1 лажичка. Ќе ја оставам 1 недела без кравјо да видам дали ќе направи разлика да знам бар дали е до тоа. Успеавме да се убедиме со јогурт да заспива па ќе видиме како ќе оди.
Јас денес како ужинка му направив млеко со овесни, суви сливи, додадов мелено ленено семе, лажичка несквик и чиа, блендирав, па му се свиѓаше, си го изеде, во мало филџанче од кафе, па мислам секој ден вака меѓу оброци како ужинка да му правам различно и да додавам ленено. А мелено од каде купуваш? Јас земав немелено и сама го мелам, но пак не е ситно ситно..
Од викендов не и давам кравјо млеко до вчера беше супер, вчера потешко се искакача и пак тврдо, денес ич. Преска и дојде се стегна малку и се откажа. Аман веќе а мислев од млекото и е. Сега веќе стварно немам идеја од што може да е и како да се среди
А сирупчиња некои нема за тој проблем? Или и тоа сте пробале? Како да ми стои во сеќавање дека има некој природен сируп на база на сливи...
Не им давајте на деца лекови или лаксативи се ќе испореметите и уште потешко ќе им работат цревата. Чајче од анасон од нане компоти... Не мора по 2 пати да се кака. И еднаш на два три дена е доволно. Да не е повеќе од 4 дена. Моево има 5 години и од храна се суво јаде ама регулирам со овошје зеленчук смути чај... во чајот секогаш ставам ѓумбир во прав во многу мала количина. И никогаш смесме немале проблем
И давав од сливи со амокви нема некој ефект ионака јаде аливи секој ден. @marchi-cool зошто би давала ако немам мака, штом не си имала проблем не знаеш како е да плаче дете од болка. Се што спомна од исхрана си јаде и пак има проблем.
ve razbiram ama ednas stom se dade na detence takvi lekovi posle crevcata stanuvaat mrzlivi taka uste pogolem problem se pravi.
Мене возрасна не ми даваа лаксативи баш поради таа причина, па не на мало дете. Подобро кашичка од сливи дај и наместо сирупи...ама како што кажа сливата не и помага. @M&M подобро појдете на лекар ако не сте биле, да видиш што ќе ти кажат. Киви не ви помагаат,овесни снегулки?...Овој период се поблаги кивите. Мојава зимскиот период не ги сака оти се кисели, ама овој период дека се поблаги ги јаде.
А да пробаш со круша. Крушите исто може да имаат лаксативно дејство. Исто така смокви помагаат. Една пријателка така си ја поправи малата, ама не знам како точно и ги даваше смоквите.