Ова го потврдувам и јас. Како мала имав ваков проблем. Ми кажаа дека ако често користам лаксативи, цревата ќе ми станат мрзливи. Се навикнуваат на лекарства.
Бевме на лекар, лаксативот (за деца) го дадов по препорака на лекар за да се ослободи првенствено од стравот од какање, и и давав кога траеше ова подолго време. Во принцип на своја рака не давам лекови. Од исхрана горе доле се е пробано и сега веќњ има денови кога има супер столица ама ете еднаш на 10тина дена и се случува да и се враќа проблемот.
Denes vo stolicata na kerkami 12+ zabelezav mnogu malo kolku liniicka mala propratena so sluz krv. Od sto moxe da e mesto za panika ima li
Се уби од плачење додека не се искака и во каката имаше крв. Што значи крв во кака? Само да не е нешто сериозно.
Значи дека треба на лекар да ја однесеш. Може да е и хемороид што не ми се верува, може само да се претпоставува.
Ако имало малото потврда столица, може да пукнало капиларче од напонот или да се направила раничка. Ова ако е свежа крв, а претпоставувам дека е свежа. Ништо страшно. Ако се повтори неколку пати, носи на лекар, вака нема потреба да малтретираш дете.
Свежа крв ептен мн се напнуваше вриштеше како никогаш до сега. Можеби дека вчера за прв пат изеде цела банана па предизвикала потврда столица. Фала ви
Бананата во принцип не предизвикува тврда столица, туку ја регулира, со тоа што позелена дава тврда, позрела дава мека столица. Давај му банани со црни точки на лушпите, немој зелени. Ќе помине, не се секирај, Не е ова така ретко кај мали деца, само да не се повторува. Ако се повторува, обично постои фисура (како раничка) што пука на секое какање, ама и тоа се средува.
Ако е свежа крв, не би требало да е страшно нешто (обично свежата крв е од хемороид или ете од ептен тврдата столица што напукнало). Ако е потемна крв со слузови е од погоре од цревата. Но ако се повтори обавезно на лекар. Прво на Хирургија за да проверат позади кај газето, малку неубав преглед е и за дете и за сите што се со детето. Си се изнатрчав јас по лекари за таа крв, а и уште трчам, но кај нас друг е проблемот, не е свежа крв.
Мајки синоќа син ми во изметот имаше нешто чудно, како конец од слуз. Уствари, не ни имаше измет оти пред тоа два пати убаво се искака, само овие како конци беа. Не знам како да објаснам, како лигава слуз проѕирна, низ неа малку кафено од самиот измет. Денеска ќе го носам кај матичната и плус земав чашка да провериме оти ме исплаши, искрено. Имал некој вакво искуство?
Бев кај матичната и рече дека е слуз од секрет, оти беше болен пред недела-две. Градите му се чисти, ама од зголемен секрет можно е да е. Ќе му дадам пробиотик и ќе следам деновиве, па ако има потреба рече и она ќе направиме копрокултура.
Може да е и од некоја храна што потешко се сварила (мене ми се случувало.. но предходно сум имала мака и на стомакот, надуван) Се жалел нешто на меше? , а може и да е тоа и ако имал шлајмови, па низ каки ги исфрлил... Него ние почнавме со феррум лек сируп за железото и каките црно сиви му се, мислам дека е нормално..? 10мл пие на два пати.
Не се пожали на ништо. Нормално си оди во вц, тој ден дури и повеќе, ама повеќе јадеа со сестра му, па и повеќе пати какаа. Јас ич не помислив на шлајм оти ич не ми личеше на тоа. Беа баш како конци. Ама штом докторката ми спомна така, а и ми има најмногу логика оти пред две недели беше со темперарура и секрет, тоа ќе да е. Еве следам секој ден, најнормално е сега се.
Можно ли е лубеница да прави течна столица/пролив? Годинава прв пат јаде, откога почна кака повеќе а од вчера течно ептен
Да, да, лубеницата содржи доста ликопен и знае да предизвика течна столица и дијареа. Не давај по многу и не секој ден.
Здраво мајки, што значи бела столица кај дете од годинка и седум месеци? Бела столица помешано со малку жолто, прв пат гледам вакво нешто кај неа, се јавив на матичен пратив слика дека сабота не работат кај нас и ми кажа дека не е убаво што е бела боја затоа да пратам како ќе кака до понеделник, мене не ме држи место до понеделник да чекам читам страшни работи на нет, ве молам за мислење или искуство некакво, ви благодарам.
@mama100 син ми неколку пати имал бела столица,ама на пр.бил болен не јадел ништо,па бил само на млечни производи млеко,јогурт,к.млеко. Ама за ден два се регулирало.
Izbelena kaka na dete 19 meseci sto znaci? Dosega nikogas ne sum zabelezala da mu e takva kakata kako bela