1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со цимери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WarriorAngel, 20 февруари 2016.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам бидејќи има многу студенти на форумов кои се надевам дека проблемите со цимерите ќе можат да си ги искажат тука, и бидејќи има поискусни луѓе кои би не посоветувале.

    Мојот проблем со цимерката е тоа што не сака да плаќа сметки и кирија навреме или одбива да ги плати. Сега сака високата сметка за струја да ја платиме заедно, сметката да се дели на еднакви делови, но јас и едната цимерка воопшто немаме седено во јануари и не сакаме да дадеме дел. Поради ова, сметката останува на неа и на другата цимерка со која се сложувам добро и веќе две недели избегнува да даде пари за сметки и очекува од нас да платиме сметка за струја која ја немаме трошено. Плус, мене ми должи пари за интернет бидејќи рутерот е мој и не сака да ми ги даде и тие. Цело време кога ќе ја прашаме за сметки таа ќе ме откачи со нешто: се прави демек спие во нејзината соба, а само се крие да не не види, излегува цело време, ми вика дека нема извадено пари а во близина нема банкомат и слични глупости. Значи буквално е како да живееш со инаетливо дете, без поим за одговорност и почит спрема цимери. Плус, планираме да ја исфрлиме од станов бидејќи има направено некои работи што не се за простување и сакам да си ги добијам парите оти штом ќе се исели тешко дека ќе ги добијам. Пробавме на мирен начин - таа само се испонашува, подвикнав, и кажав се во лице и само ќути и се преправа дека спие.
    Затоа барам совет како да постапам во оваа ситуација.
     
  2. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски
    За плакањето на кирија би требало да се договорите кога ви одговара на сите еден датум и тогаш да плаќате бидејки некој е врзан со платата на родителите и слично.
    А ова за сметките не ми е јасно малку :?: како само двете треба да ја платат смтката за струја ?
    Ние сме 4 цимерки и ние пола јануари не бевме во станот две од нас се вратија порано заради испитна сесија а другите дев подоцна и сега треба само две ли да ја платата сметката ?

    Сметките секогаш се делат подеднакво барем кај нас е така нема врска дали јас сум била таму или не :)

    Рутерот бил твој колку што прочитав ама какви пари треба да ти плати за него не разбрав ....

    Инаку решение е да си најдете нова цимерка се гледа дека имате проблеми со неа.
     
    На Despinaa и Cvekence@ им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.222
    Допаѓања:
    124.260
    Некои никогаш нема да научат заеднички живот. За овие работи пред време се договара.

    Инаку јас сум плаќала сметки и кога не сум била у станот. Ако е со броење кој колку бил па колку трошел... кај ви е крајот.

    И бараш надоместок за користење на рутер? Не сфаќам.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Јас и едната цел јануари и плус две недели од февруари не бевме во станот ниеден ден, а тие двете беа цел месец и не може да очекуваат од мене да им ја платам сметката.:D Рутерот е мој и интернетот е на мое име, па ја делиме сметката па и за таа сметка ми нема дадено пари.
     
    На kjukli и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски
    Како што напиша членката погоре ако гледате така кој колку има потрошено и дали јас сум седела во станот или не нема далеку да стигнете.
    Тогаш најубаво ке ви биде да седите секоја во посебна соба со посебни струјомери и водомери и интернет и секоја нека си плајка за себе да нема забуни :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    Па чекајте девојакта рече дека нема седено во јануари што значи дека не е должна да плаќа..замисли другата цимерка си начукала сметка од 10 000 илјади ден за цел јануари и сега јас треба да и ја плакам ..мислам размислете малку ...за другите работи раговарајте си или најдете нова цимерка ...јас не би платила нешто каде што немам учество ниту пак би дозволила некој да плати ако не е присутен цел месец мсилам дека нма логика...
     
    На martine, blackwave, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Aj размисли вака.
    Хипотетички, со маж ти у иднина живеете под ќирија и одите месец дена на одмор. Нормално дека ќе платите и ќирија и сметки, колкави и да се.

    Цимерот летово беше месец дена на одмор, па си плати и кирија и сметки.
     
    На malooto, Bitter-Sweet и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Значи, маж ми ми е фамилија и плус заедно одиме на одмор. И ако сме на одмор сметките дома не би биле 6 000 за струја и 500 за вода туку би биле минимални. Немам намера да плаќам струја на некој што месец и кусур се греел, готвел, бањал. Немам трошено струја, а би требало да платам околу 1.500 денари бидејќи сме четири, а сметката е над 6.000. Киријата си ја платив цела јас, иако знаев дека воопшто нема да седам во јануари, за киријата не ни реков дека е проблем. Проблемот е што цело време се каснеше заради неа со плаќање, а сега воопшто и не сака да плати.
     
    На blackwave, okcenzi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.222
    Допаѓања:
    124.260
    Како сте се договориле? Јас 10 години со цимери не сум чула некој да рече не бев тука, не давам пари. Ако не па, за секој месец бележете кој колку дена бил или не бил у станот па плаќајте по денови. И запишујте кој колку се бања, пере...

    За интернет треба да плати, ама за користење на рутер... на крај твој ќе остане. Ако некоја донесе фрижидер од дома оти овој ви се расипал, ќе плаќате надоместок за користење? Плус викаш дома не се прибирала, тогаш оти да плаќа струја ако само спие у станот, не готви, не се бања, не се грее како другите? Цепидлачите.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Не е цепидлачење да платам 1 500 за сметка за која воопшто немам трошено бидејќи месец ипол не бев во станот. И излегувањето е секогаш кога треба да се дава пари за нешто. Инаку е цело време тука. Не и барам пари за користењето на рутер, мислев на тоа дека интернетот е на мое име и на мене треба да ми ги дава парите.
     
    На rose60 и Beaty им се допаѓа ова.
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    За струја не е логично да се дава пари ако не седиш таму цел месец...Нема логика некој да ми плака што сум трошела јас сум направила сметка и сега др да ми плака ....Мислам дека никој нема вишок па да ги плака за некој друг ....
     
    На blackwave, kjukli, rose60 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Дали се договори пред да си одиш дома? И кажа дека нема да седиш?
    Може да ти рече, ја можев да сменам стан и да си одам со други цимерки и таму да си плаќам по 1500 денари, а сеа пошо тебе ти текнало да не идиш она мора да плаќа 3000.

    Не те напаѓам, ја летово ти викам имав таква ситуација, сметки имавме околу 7500. Ја си имав 2500 денари, пошо мислев дека само ние тројца ќе ја платиме, ама човекот се разбрал со цимерите и си плативме сите по 1900.
     
    На Ицолгудбејбе, Cka и Zeynep им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски
    Ако нејките да плаќате туги сметки бидејки не сте трошеле и не сте биле таму зошто тогаш не седите сами и не си плаќате свои сметки
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @Priroden Да, и кажав дека немам обврски, предавања и испити, дека и во странство ќе бидам и нема да доаѓам. Дури таа ми предложи да сум ја прашала газдарицата да платам пола кирија за јануари, ама ја платив цела без да и речам ништо на газдарицата.

    @k.frosina Да, нејќам да плаќам туѓи сметки и не знам зошто ова го гледате како проблем.
     
    На blackwave, kjukli, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Абе не плаќајте ниту ќирија штом не сте седеле, ако не па.
    Од нешто сосема небитно сте направиле биг дил. Требало да се договорите на време, сега најдобро поделете си ја сметката сите 3 или колку и да сте, не разбрав добро и памет за друг пат.
    Вакви работи не се кажуваат отпосле, откако ќе бидне работата, туку се договарате меѓусебно уште на почетокот на годината.
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Проблемот беше како да се извлечат парите бидејќи таа нејќе да ги даде, а и газдарицата нонстоп врши притисок. А инаку, на почетокот кога се договаравме таа беше најгласна, се на време да се плаќало, а потоа почна да се испонашува.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    380
    Тоа требало пред време да го договорите.
    ЈАс ако не сум тука месец за сметки кои не сум трошела не би платила.
    Имавме ние случај цимерката не беше тука, јас и другата цимерка само си ги поделивме сметките си плативме, нормално кога само ние трошевме ние ќе си платиме.
    Ако направам јас сметка 10 000 за струја не ми е мене некој должен ако не бил тука ако не трошел да ми дава дел .
     
    На blackwave, kjukli, YoungandBeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш не барај изговори во тоа дека таа е постојано излезена и постојано ја одбегнува темата за разговор. Ма има да ја чекам да се врати од излегување ако треба, занимавајќи се со книга или што и да е, ама ќе правам муабет со неа отворено и ќе си кажам fair and square како стојат работите. :)

    Јасно ми е дека многу луѓе не знаат како да живеат со други, но не го негирам фактот дека некогаш треба и да си погледнеме малку во сопствената чинија.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Депозит не дававте пред да се вселите?
    Ако ти е толку до инаетење до 1500 денари од депозитот нека се платат сметките коа ќе се иселува помалку ќе и вратат...
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Значи, сабајле и реков дека треба да собереме пари, а веќе една недела и го зборам истото на секое видување. Ми рече дека вечер ќе собереме, си дојде во 8, изгаси струја и легна да спие, отидов да ја викнам да се разбереме за сметките таа ми кажува дека и се спиело и дека имало време кога да се разбираме. Јас и зборувам дека само таа е проблемот, дека само на неа се чека, дека газдарицата ме вознемирува, ама таа не ме рецка. И плус цело време кажува изговори дека банката не работела, плата им немале пуштено сеуште, ја заборавила картичката и слично.
     
    На rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.