ТИ не можеш мене да ми пишеш „не зборувај многу“. ТИ бараше мислење, си пишав мислење. Не даде податоци дека те крадела. За киријата за рутерот уште не објасни. Како и да е, еве не бараш мислење за крадењето, ама ке си пишам, па лути се. Глупа си што не си ја избркала досега или не си си отишла кога те испокрала. Ко жените што се тепани од мажите. И смета, ама седи со него. И ти така, те ограбила и пак седиш со неа. Мене да ме ограбела цимерка, со полиција среде ноќ ќе летала. Ама ти си одбрала да живееш со крадец, не знам зошто очекуваш мирна глава.
Ако си ги прочитала сите мои мислења во темава ќе си видела дека ќе ја бркаме, само ја чекаме парите да си ги добиеме и ќе лета. Значи да беше некоја мала сметка немаше да се мислиме ама се работи за 3000 и кусур денари што немам намера јас да ги давам. Да, можам да ти кажам да не зборуваш или барем да ги бираш зборовите за тоа што не го знаеш во целост. Немав намера на темава да расправам и како остава нечисти гаќи и чорапи по станов, како не чисти и како краде. Напишав конкретен проблем, вие ја направивте голема. Нема кирија за рутер. Сметката е таа и се дели на еднакви делови, а должи пари и за таа сметка.
Не ти се тебе толку голем проблем тие 1000ден туку сакаш инатот да си го истераш до крај. Инаку на дело ја фативте дека краде?
Проблемот ми е што не сакам 1000 денара да дадам за да и помогнам на ваква личност. И не сакам бидејќи немам трошено струја во тој период, не може да очекува од мене и од другата цимерка сите да дадеме еднаков дел кога јас и другата не сме биле месец ипол во станов, а тие цело време биле тука. Прво кога ми снема пари мислев дека е цимерката што е во соба со мене, но цимерката од другата соба се пожали дека и на неа и фалат пари и после таа ја фати како пробува да краде кога оваа демек отиде да се бања. Се на се, вкупно има украдено околу 3000 денари од сите цимерки заедно.
Проблемот е ова, проблемот е она, ви краде пари, не ви дава дел за сметки...па ШТО ЈА ЧУВАТЕ УШТЕ????? Таа планира така цело време да си седи без да плати. Си седи тука убаво си и е, а нема пари Абе, кога си нашла цимерки ко вас, убаво си ви прави. Фино лепо речете и од 1ви март нека си бара друго сместување. Ете толку е едноставно.
И кажавме да си оди бре луѓе стопати напишав дека само ја гонам пари да ни даде ама не ми успева. Утре ќе дојдат и другите две па може ќе се среди се.
Pa moze znae so ja ceka ako plati,pa zatoa ne vi plaka.Nema ni da vi plati.Platete ja smetkata tie sto vo idnina ke sedite vo stanot,nejze otkazete i go zivealisteto uste vecerva!!!
Колку ќе ја гониш??? Тебе убаво ти е оваа глупа ситуација да трае? Абре девојче, убаво кажа една форумџика погоре дека тебе ти е инаетот да си го истераш! Ако не е така, јас на твое место би ги измизерувала тие пари што треба да ги платам за тој месец, ќе ги платам и нема да ја ГОНАМ за да ми даде пари, па те спиела, па те излезена била, туку автоматски ќе и биде соопштено да го напушти станот без никакви обврски за плаќање. Мир за сите! Ти нема да се осиромашиш, таа нема да се збогати, а работата ќе се реши едноставно. А не, ај ќе се гониме... Како ви се прави тоа не знам... Едноставно сфати дека не со секој можеш да исправаш криви дрини и полесно ќе ти биде. Освен веќе ако и на тебе не ти е интересно така повуци - потегни со месеци...
Ја чекам бидејќи не се малце пари. 3000 од оваа сметка, 1500 од таа што треба да дојде воопшто не се малку пари. Ако си отиде а не даде пари на нас трите ќе останат 6000 и кусур и плус парите од наредната сметка што ќе дојдат, тоа се над 3000 по човек. Не е баш лесно да се купи мир.
А штo aкo тие 10000ден е рaмнење нa предхoдни сметки и ненaвременo прoчитaн струјoмер. ? Кoгa живееш сo цимерки не мoжеш тaкa дa делиш. Акo е тaкa зoштo јa плaќaш киријaтa нa стaнoт? Нели не си седелa. Oвa се дoгoвaрa сo време.
Јас на твое место би стегнала срце, би платила, но после да ја избркате од станот... Не е исто да се дружиш со некого и да живееш со некого... значи би платила, таа под итно да замине и после мирна глава... вака само си создаваш себеси нервози, нејзе очигледно мува не ја лази.
И што дека? Мене ми се случило како студентка да платам зимно време за сметки за еден месец над 3000ден., па еве жива сум уште, не пропаднавме финансиски од еден таков месец. Запомни - два остри камења брашно не мелат! Таа може намерно сега уште повеќе инает ви тера кога ве гледа такви збеснати, па си ја прави интересна. А вие сте се фатиле на мамецот , гризете ли гризете...
Сметка не иде од не трошење на струја ....Можеш да делиш така зошто сигурно и таа не би плакала јас да се лигавам да трошам струја за некој друг да ми ја плака ...Ако нема никој во станот еднотавно си плакаш основната сума што иде од 100 или 200 ден незнам што не ти е јасно...Јас ке си направам сметка од 200 евра и да додјеш да ми ја палтиш во ред ли...
Напротив, многу е лесно да се купи малку мир со едно покруто р'жење, ама очигледно не ви се брза и си одолговлекувате со „на ти го-дај ми го“. Мене не ми е јасно, како може да живеете така со неподмирени сметки и со проблеми толку долго време. За овие работи се зборува отворено, ако треба и со повишен тон. Колку е, толку е, еден месец ќе преживеете со помал џепарлак, не е болка за умирање - ни се случило на сите. Барем ќе имате чисти сметки и мирна совест, вака на ништо не сте. A вие пак што викате дека основна сума како надоместок за сметка за струја е 100-200 денари, ви се чудам на муабетот и на умот. Сигурно не сте виделе никогаш во животот сметка за струја ама тоа е друго дваесет, ајде, нема врска.
Струјата е читана за периодот од 25 декември до 25 јануари и сметката за тој период е 6 700. Јас не бев тука од 23 - ти декември до 12 - ти февруари. Ако не ја плати оваа сметка нема да ја плати и наредната а таа цел месец си троши и од наредната.
Хм, мене и на другарка ми ни се имаше случено, третата цимерка да не сака да даде пари затоа што во јуни седела само една недела... Нашиот договор беше до 31 jуни, па и се обративме на газдарицата фино-лепо, си го плативме нашиот дел а тие што правеа, правеа. Друг пат не имаше украдено, и дадовме пари да плати сметка , не ја платила, ја скинала и ја пикнала како платена во пликото... Кога разбравме и кажавме на газдарицата, исто девојчето си отишло си ја платило сметката од свој џеб и нас ич не ни чуеше. Ти кога си чиста и исправна, никој ништо не ти може... Од друга страна знаеш каде си се заглавила? Таму кај што бараш некој трет да ги ти плаќа сметките... Ако не си седела јануари, требало уште во декември да пробаш да се договориш за да не плаќаш (иако ова според мене не е во ред ,али ок). А сега вие сте на исто, ти неќеш да плаќаш -она неќе да плаќа. Ти како што имаш "оправдание" зошто не сакаш да плаќаш за јануари, и таа може ќе си најде причинка зошто да не плаќа. Може си вика, јас најмалку се врткам во станот, ај пола ќирија ќе му платам Триста ума, триста чуда сте. Ништо не прајте вака
Значи кажав дека нема да седам и уште тогаш и кажав дека ќе и дадам за таксите, интернет, вода и кабловска. Струја и кажавме - колку да си потроши толку да си плати бидејќи не бев само јас отсутна, две цимерки бевме.
Ненaвременoтo читaње нa струјoмерoт е истo тaкa пoтрoшенa струјa нo oд предхoните месеци. Вo случaј дa не е јaснo
Таа ако се прави будала, тогаш и вие правете се уште побудали. Нека си замине обавезно ама прво задолжително нека ви ги врати на сите цимерки парите што ги должи. Седнете сите 4 и убаво зборувајте. Објаснете и убаво што мислите, и да си бара друг стан. Ако не сака ништо да ви врати, тогаш јавете се кај нејзините: Добар ден, ние сме цимерките на ќерка ви, сакаме да ви кажеме дека ни должи околу 150 евра. Би сакале да ни ги вратите парите преку сметка или на рака, не е битно, туку битно е дека и нас не ни растат на дрво и ни се потребни. Фала, чао. Глупо е, ама како што реков, таа ако е будала тогаш вие бидете бетер од неа. Не и ги оставајте така парите...колку и да се.