1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со цимери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WarriorAngel, 20 февруари 2016.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Ова со цифриве прво викаш 1000ка многу ми менува плус, после 3000ден, па 3000+1500 дека се 6000, а сметката 6700. 3000од човек се 12000ден за 4 цимерки.
    И ништо не разбрав - сметкава е 12 000 или 6000?
     
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Некои од претходните цифри се приближни бројки. Сметката е 6 700, јас и дадов 500 за струјата, платив четврт дел од вода, кабловска и интернет. Е сега, како што советуваше ти, ако не даде пари, тие 6700 ќе се делат на трите што остануваме, и со тоа таа си оди и не ја плаќа ни наредната која ќе биде околу 8 000 како што обично ни е сметката за струја и и тие 8 000 ќе се делат на три. Значи, ако само ја оставиме така 6 700 + 8 000 ќе се делат на нас трите што му доаѓа по 4 900 од човек и плус другите сметки доаѓа 5 400 од човек.

    Таа треба да даде 3 600 за сегашниве сметки и околу 2 400 за наредната кога ќе стигне. Ако не ги плати, тоа е плус 2 000 за сите три цимерки. Речиси киријата ќе си ја покријам јас со тие пари отколку да ги плеснам за неа.
     
    Последна измена: 21 февруари 2016
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    8.115
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel A zosto ednostavno ne ja namavate, podobro delete gi smetkite trite cimerki, platete go sega nejziniot del i ajde cao prijatno, so se partli, ako treba.Ne mi e jasno kako voopsto ste ja trpele tolku vreme posle tolku gluposti, pa ne bi za niedni pari.
    Vo ovaa situacija vie ste glupavite, a taa si svirka, si koristi dur moze.
    I ovaa so cifrive mnogu konfuzno...Kraj kraeva doagja prolet ke imate mali smetki za struja, stom se pari vo prasanje.
    I morate da se javite na nejzinite barem da ja posramotite, ako ne drugo, kazite za smetkite i mnogu bitno za kradenjeto.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel очигледно е дека девојката ги има потрошено сите парии затоа одбива да плати.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Eве ти еден совет од мене, а рачунај во прва година сменав 5 стана од кои 3 ми беа со цимерки.
    Не дека јас сум цвеќе за мирисање,ама ете не сме се погодиле со ставовите и карактерите.
    Во првиот стан, каде што беше договорено да живемее 3 испадна 4, па на двете девојчиња дечковците и оп 6 луѓе во стан од 50-55 квадрати. Нормално без драма си заминав.
    Втора ситуација, ужасна нехигиена, ако ти кажам дека живеев со две девојчиња од кои едната се капеше само еднаш во недела (значи не се ни туширање во текот на неделата), а другата еднаш на две недели. ДА! ЕДНАШ НА 14 дена.... Станот, ужас. Само јас средував и реков ова не бива вака. И пак си заминав.
    Трет пат, цимерката супер на почетокот но си фати дечко. Детево живееше со нас година и пол, колку што бев со неа цимерка. На почетокот не се бунев затоа што мислев нормално ајде почеток на врска им е убаво им е. Но подоцна кога почнаа да се служат со мои работи ми сметаше. 30 пати речено сторени, џабе. Истото.Киријата ја дечевме јас и таја исто и сметките, дечкото денар не даде, ДЕНАР!! Море до родители стигнавме, ајде моите кај нејзините се јавуваа, нејзините безобразни. И тоа помина. Некако издржав, со нервози, вика стрес, не зборување, а во исти стан живееш ќе се начекаш у кујна кафе ќе треба да варите, гости ти доаѓаат они оптегнати по двосед тросед. Ептен непријатно.
    МИслам на темава имам да напишам 10 страни. А за последната замина, сметки не плати и кирија. Море нервози, море зошто јас да плаќам, па не и плаќам па вака така. Е не ми креваше на телофон и слично.
    Се сметам компетента затоа што добро знам што значи да живееш со некој кој не ти е погоден.
    Најдобронамерен совет,ако можете да извлечете пари океј. Пробај со закана, затоа што со убаво кај овие луѓе не поминува, ако успеете да извлече ари супер, во спротивно парталите и надвор. Дајте и рок и озбилно сите работи и надвор од станот и ти среќна и мир у кучи.
    МОжеби сеа уште ќе те нервира фактот зошто ти да платиш нејзин дел од сметка за струја, но после неколкку месеци ќе ме разбериш.
    Нема ништо побитно од мирот во станот.
     
    На kjukli, rose60, Umbrella22 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Затоа дур си студент, само во студентски му е мајката. Не се замараш ни со кирии, ни сметки, ни јадења, ни пиења, се ти е на рака дадено. Јадење секое време, греење секое време, вода секое време...е сега, нормално зависи кој студентски, и со кои цимери ќе се паднеш. Па ако си имаш врски за во апсолвентска соба, уживање. Ни со цимери, ни со глупости ќе се замараш. Ако ти се шета шетај, ако ти се оди по комшии оди, ако сакаш да си сам заклучи ја вратата и одмарај.
    А во стан, ем дупло повеќе пари се трошат, ем дупло повеќе нервози. Знам како е и така и така, и никој не може да ме убеди дека поубаво било во стан, а овој проблем е чист пример за тоа.
    Некоја идна студентка ако го чита ова и ако се мисли дали во студентски или во стан...ич не се мисли, бирај студентски. А после студирање ако останеш во друг град, ако се вработиш, ќе заработуваш и можеш само со една цимерка/или дечко да делите кирија, и башка нема да им бидеш на товар на твоите.
     
    На kjukli, rose60, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дечки една работа за цимерско живеење и делење стан. Трошоците се делат на еднакви делови, без разлика кој колку време седел. Ако сте се нафатиле тоа е правило број 1.
    Една година седев со цимерки и скоро секој викенд бев дома, а јануари обавезно си седев дома а цимерките си идеа многу ретко и сметките секогаш сум си ги подмирувала без да помислам дали сум седела или не. Тоа е договорот и сите станари си ја делат сметката, а ваше право е колку ќе седите во станот и колку ќе трошите.

    Не знам зошто сте зачудени од овој факт. :)
     
    На stetoskop, Annath, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    И двете што бевме отсутни месец ипол (23 декември - 12 февруари) им кажавме на другите две дека ќе им дадеме за другите трошоци подеднаков дел, а струја колку ќе си потрошат нека си платат двете сами. И тие се согласија без збор. Дури се израдуваа што сами ќе останат, цел стан на нив двете, ќе правеле што сакале. Е сега едната дава пари, а другата не сака да плати, сака на четири да се дели сметката. Работата е што им дојде голема сметка, па сега заборава на договореното. И понудив дел од сметката што нејќе да го прифати, сака само да се дели сметката на четири делови.
    Мое право е колку ќе седам и мое право е да нејќам да плаќам туѓ трошок. Да беше некоја асална цимерка ај, ќе подзамижеш, ама во никој случај нејќам да и помогнам.
     
    Последна измена: 22 февруари 2016
    На kjukli, rose60, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Дури да се договорите која што ќе плати, ќе дојдат батките од ЕВН и ќе ви ја сецнат струјата.
    Жити сè, за Бога милога, многу ја тупите.

    Твое право е колку ќе седиш, кога, како и така натаму, ама туѓ трошок - хм, не би рекла. Цимерки сте, заедно живеете. Седнете, направете математика и платете, аманте.
    Потоа дотичната нека си ги собере куферите, или на крај краева, па одете си вие ако толку не ви чини ситуацијата, најдете друг стан и плаќајте си што сакате и како сакате.

    Многу инает водиш и ситуацијата ми е налик две тврдоглави тинејџерки, а не студентки. Било што било, ама имај го на ум она кое ти го кажа Мими погоре и применувај го во иднина.
    На кој не му чини живеење со цимери и сака да води евиденција кој колку седел, не седел, трошел или не, нека си живее сам, ете и за тоа има решение.
     
    На stetoskop, Annath, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    И јас Ангелче мислам дека не си во право, бар во делот за сметките. Каква е цимерката, натаму не навлегувам, очигледно е дека не знае да одржува некој нормален соживот.

    Ако седите заедно, пример, од септември до јуни, десет месеци, се знае, во тие десет месеци, се делат сметки и кирија. Секој треба да си е свесен за тоа.:)

    Јас две години по ред не сум седела септември, јануари и јуни, а секогаш сум ги плаќала, сосе сметки, сосе кирија. Лани не седев во септември, пола октомври, (не бев во државата) јануари и пола февруари (пак не бев во државата), а пола мај го преседов, пола не, оти пак не бев во државата. :rofl: Значи немав никакви шанси ни да стапнам во станот речиси пола година, ама кога сум се нафатила, седам и плаќам од кога до кога е договорено. Не ми се криви цимерките за тоа јас кај се акам. :)

    Само не е убаво што ми изгледа дека ете, искористиле период сами, малце повеќе се опуштиле, бојлери, греалки, плус ладно, плус јануари, оп, рипнала сметката. И се знае, идат сметки, седнуваат сите заедно, собираш, делиш на 4, пример денеска среда, до понеделник да се донесат пари, толку, нема потреба за дискусија понатаму. Ама јебеш, затоа очи се отвораат на почеток, а сега веќе орото до крај се игра.

    И убаво ви вика Мишела, платете си прво, па после решавајте кој на кого и што должи... оти ќе ви стасаат и извршители и чуда и бакрачи, па низ нос ќе ви испаднат 1000 денари, што ќе станат многу повеќе ако ви исклучат, приклучат, пишат некое казниче и така.
     
    На Annath, Victorian, Umbrella22 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.401
    А колку години живеете по кирии со цимерки? Прва година ви е?
    Мене 10 годишното искуство со цимери ме научило дека договор се прави пред вселување, дека го почитуваш договорот и дека не смееш да си направиш непријател од оној со кој делиш живеалиште.

    А тоа да ја кажете на мајка и... Мислам дека луѓе со начукани 18 години кои живеат сами немаат потреба да бараат помош од родители и да тужикаат. Плус ко што разбрав девојкава сама си го вади лебот, не и даваат од дома. Проблемот треба како возрасни да го решат, не како во градинка со: Ќе те кажам на мама.
     
    На rose60, Annath, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Има и такви кои отстапуваат од договорот, што го направиле како цимерки. Но сепак тој договор се прави за во туѓ стан,а газдата на станот кога станува збор за негов стан и неподмирени сметки, не ми се верува да не сака да помогне (т.е заеднички да го најдат проблемот).Затоа што ако се инатат двете страни, ќе го оштетат него. Нели едностано може да се иселат и да остават неплатено.
    Така да нешто не ми држе вода ова.
     
    На eloves и Cka им се допаѓа ова.
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се мешаат родители, да кодошите, не ви доликува. Возрасни девојки сте.

    Јас на твое место ќе стиснам заби и ќе се договорам со другите две и ќе ја платиме сметката, без да бараме пари од неа.
    Верувај ми, таа ужива во ова. При очи прави будали од вас, а ништо не и можете. Џабе е се. Нема да ви плати, дур не биде по нејзино.

    Ама таа паметна, вие уште по паметни.

    Знаеш јас да сум што ќе направам?
    Ќе ја платам сметката, па дури и ќе ја спакувам дотичната. Па кога ќе се врати од шетање ќе и кажете дека нема потреба да дава пари, подмирено е се. Само, на пример, да се исели во рок од една недела.
    Толку.

    Да знаеш, нема пари кои што можат да го купат мирот.
     
    На kjukli, rose60, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel Не знам дали имате потпишано договор со газдарицата и дали давате аванс на почетокот на годината (една кирија, пола кирија) која ако е се во ред(платени сите сметки, нема штети во станот и сл) се враќа назад на потстанарите, во спротивно се користи во вакви случаи. Доколку имате дадено таков аванс газдарицата може да го искористи делот од нејзиниот аванс за да ја платите пола од сметката за струја. Иначе се согласувам дека важи седел, неседел се делат сите сметки на бројот на станари подеднакво. Но во случајов се сте се договориле сами да си ја платат струјата, дури ни водата не сте должни да ја платите(ама ајде ќе речиш зачистиле едно друго, во станот, сепак е во интерес на сите), па ништо не ја оправдува неа да ја плати струјата. Освен ако оди во ЕВН и не ѝ извадат извештаи за секое мерење на струјомерот, во случај да се работи за годишно порамнување, па затоа дошла толку висока сметката.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски

    Рок од една недела,ма уште одма штом се враќа куферчето пред врата и дим да ја њама.....јас да и го плаќам долгот,и уште да и давам фора од недела дена.Ма не доаѓа во обѕир,шо на нив парите на дрво им растат :) И ќе плаќаат они за некој неспособен и несериозен да си игра мајтап. 8)
     
    На rose60, cresa-jagoda, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    @WarriorAngel што направи? Денес нели требаше да си дојдат другите цимерки. што тие кажуваат и како ке постапите?
     
    На rose60 и eloves им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Cka девојката сама вади пари, зема плата да, тоа е точно, која што ја троши не ме интересира на што но,за секои сметки досега мајка и и праќаше пари бидејќи дотичната откога ќе земе плата, плаќа кирија (за која додека ја плати ја чекаме една недела) и другите пари ги троши којзнае каде, така да кога ќе дојде ред за плаќање сметки таа нема пари во неа и на крај месец таа е без пари и често позајмуваше пари од нас за јадење да има. Да се однесува како возрасна личност ќе си ги сноси последиците од постапките, а нема да се крие, да се заклучува и да не ми крева на телефон. Да беше вистински возрасен немаше секој месец да и плаче на мајка и на телефон оти нема што да јаде бидејќи не си води ред на пари. Не, не ми е прва година со цимери.

    @babyblond не дававме депозит. Газдарицата ни рече демек ако сакаме да ни го чува станот да и оставиме пари, ама се вселивме одма бидејќи веќе идеше време да се почне со факултет и не ни побара. Инаку, газдарицата се знае со луѓето кои идат да мерат и струја и вода и знаеме дека не е порамнување туку дека доаѓал човек да мери и струја и вода.

    Денеска цел ден го поминав на факултет, едната од автобуска отишла право на работа прва смена, третата пред саат - два си дојде, таа отишла на работа денеска, втора смена е. Разговаравме, решено е дека ќе си оди и се согласивме дека ако не си дојде од работа вечерва дома или ако си дојде и пак излаже нешто за парите ќе се јавиме на нејзините дома, ако таа нема пари нека пратат тие.
    И не, воопшто не ми е срам ако дојде ред да кодошам. Таа нема почит за мене како цимер, јас ич нема да имам за неа. И тие што ги прибрала за цимерки да и бидат во новиот стан и ним ќе им кажам да знаат со каква личност си имаат работа.
     
    Последна измена: 22 февруари 2016
    На kjukli, rose60, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Следува кажување на мајка и ! :rofl:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Леле ама е смешно.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.401
    Возрасни луѓе сте, си играте со кодошење на мајки...

    Пишете и на ливче, ако не дадеш пари ќе пристапиме кон кажување на мајка ти :) И да, смешно е. Треба како возрасни да го решите проблемот. Утре ако се скараш со сопругот, ќе го кажеш на мајка му? Затоа, покажете дека сте возрасни, не деца од градинка.

    А со тоа што ќе ја тужикаш и на нови цимерки... Немам коментар. Мислам дека и мислењата тука што ги доби се во насока дека грешиш, барем повеќето, настрана недогварањето, недавањето пари, па уште и тужикање на мајки, озборување на други... Не е во ред.

    Во толку години под кирија, една мајка не сум видела, а сум имала и полоши работи од една неплатена сметка. Ама затоа е одвоено живеење, за сам да научиш да решаваш проблем, не со мама/мајка и.
     
    На Glasna и Ginger^ им се допаѓа ова.