@Cka нели гледаш не сака да се договорат, оти всушност таа е исто криво колку оваа. Како ќе седне со убаво да разговара за да плати, кога она не сака да си плаќа за јануари? На исто си се, па затоа мајката ја мешаат, поинако не знаат .А нели ни на газдата не му е гајле Чудни ми ти чуда.
Газдарицата дојде, и кажавме што е работата и само ни рече ние да сме се договориле и да и се јавиме да и дадеме платена сметка. И таа не очекуваше дека оваа вака ќе се понаша. Ќе ја мешам ако треба мајката бидејќи си имам работа со дете неизживеано. Што сум и јас крива што направиле голема сметка за која претходно рече дека самите две ќе си ја платат? Самата таа си рече дека не било фер да бара пари од некој што не го направил тој трошок.
Леле леле попара сте направиле. А и ти @WarriorAngel некако си ми нејасна. Во 5 страни на темава кажа 5 различни верзии на ситуацијава. Еднаш ви рекла не прифаќа никако освен да се дели сметката на 4, после ви рекла не е фер да давате пари, па еднаш сама си се издржува нема врска со домашните, па друг пат од дома и праќале пари... Уствари зошто не позборувате со неа смирено? Можеби девојката си има некој проблем кој го крие од вас, кога веќе кажа дека не знаете каде се движи и што прави во слободно време. Може не ги троши парите за глупости, може си има некој лош порок, може некој изнудува пари од неа (лупам ама не дека е невозможно) а ете кажа и дека крадела, што значи некаде е потребно да се однесат тие пари. Штом избегнува разговор и се повлекува во соба, прашајте ја зошто така се однесува. Може и треба помош а не сака и не може да побара од вас пошто секое гледање ја напнувате со сметките. Не можеме да даваме мислење и да судиме кога не ја знаеме другата страна на приказната.
Па во декември рече штом нема да седите нема смисла да ви барам пари, а сега кога виде колкава е сметката се премисли, и рече да сме плаќале еднакво. Една феминка спомна дека може од дома немале да и дадат и затоа кажав дека си зема плата, се прај независна, ама не си води ред за истата. Секој месец се зборуваше смирено со неа и секој месец касневме заради неа, ама ајде каснењето не ни беше толкав проблем колку што сега ни е ова. Секој месец си имаше нов изговор: роденден на внук и - купи еден куп алишта, нова година - еден куп играчки, што ли уште не за дома. Значи не викам да не купува, што сака нека ги прави парите, нејзини се, ама се додека мене не ми прави нервози. Јасно ми е дека и е мерак да купува работи и за внук и и за нејзините дома, и мене ми е мерак да и купам нешто на мајка ми, да ја израдувам, ама прво гледам основните трошоци да ги покријам, па што остане со тоа ќе терам. Таа тоа не го прави. Прво гледа да се накинџури, да испие цела плата, па после сликај се.
Тоа ти е нестабилен карактер,што подалеку од такви,избркајте ја и фурајте си вие живот ама бар мирно и спокојно ќе ви биде
Што ви е бе луѓе? Нормално дека ако девојчето не седело месец ипол во станот нема да дава пари. И јас да сум не би дала. Зашто да давам пари за нешто што не сум го користела. Цццц свашта
Инаш ли ти договор потпишано за изнајмување на станот? Некако на газдарицава не и е гајле ама на крај она ке си ја плати сметката гледам јас. Прво тоа не е за вас да се договарате со чаршиски муабети, сериозни работи се ова. Се мора да си биде дефинирано со договор за изнајмување кој газдарицата требало да го подготви уште на почеток и сите ако сте согласни да си се потпишете и после нема лутиш.
Еее, ама така ке треба газдарицата да пријави и данок, па секој месец да дава по 1000ка... Вака сите пари за неа, приходот никаде го нема, пара на рака, а може и да си зема социјално, нега и не знам уште што што не би ги земала ако прикаже приходи. 3-4 стана вака, 1000 евра месечно. Не прават договори никој, после си ја чукаат главата од вакви случки. Сеа комотно да си отидат овие од станов и да неи платат, сама ќе треба да си плати. Нема доказ дека има кираџии, па и да има, ќе треба да плати данок за сите месеци. И, ја кажавте ли девокава на мајка и?
Сите вие што викате дека треба да се дели сметката а немаш седено во станот еден месец дали ако сме цимерки, вие не сте присутни еден месец и јас си начукам сметка ненормална си пуштам грелаки ,болјери ово оно и доага пример 9000-10000 илјади денари дали вие би делеле сметка со мене ...не ми е јасно стврно...Кога не трошиш струја или си отсутен од дома 1 месец и видете дали за тој месец ке ви дојде 5-6000 или само таксата за струја...Како така ке делиме сметки а некој уживал и не планирал за потрошената струја...
Кaкo уживaл, кoгa јaнуaри беше лaден месец и нoрмaлнo е дa се греaт. Дa не се бaњa зa дa не е висoкa сметкaтa? Нa свеќa дa учи?Нoрмaлнo декa ќе и дoјде дечкoтo нa гoсти. Немaaт никaде дoгoвoр пoтпишaнo. Кaкo шo рекoв пред некoјa стрaнa, oвaa прoблемaтичнaвa кoмoтнo мoжелa дa рече јa ќе се преселaм чим тaкa е рaбoтaвa. Е сеa зaмисли дa и текнелo дa се пресели, пa дa не мoжaт дa нaјдaт цимеркa зa јaнуaри, ќе требaше и зa киријa дa дoплaтaт плус. Секoјa прикaзнa имa две стрaни.
Нормално дека кога плаќаш ќирија ,плаќаш и сметки,без разлика дали ќе седиш или не,бидејќи сепак другите две цимерки немаат избор во тоа што останале сами,ваш избор било да не седите тој период. Но сепак,вие сами сте се договориле како што велиш тие да си ја платат сметката,иако во право би биле и да не прифатиле така,па вие што сте биле отсутни што ќе правевте доколку уште во декември не се согласиле сами да си ја платат сметката? Ама,се работи за висока сметка,и кога би била постојана како на пример месечна сметка за парно,во ред,но тоа е сметка за која се трошело тој период во кој сте биле договорени само двете да си платат,и навистина е проблем што се предомислила цимерката. Ако сакаш мислење,платете си ја сметката сите подеднакво и тоа е тоа.Ако навистина нема пари одма,може подоцна ќе ви врати нешто,ако не-здравје,чувајте си ги жифците за понатаму во животот, ќе ви требаат тоа е-лекција за друг пат. Многумина сме живееле со цимери и сме имале и вакви или слични ситуации,тоа е дел од цената на различни карактери и живот со цимери.
Epa sama trosela sama ke si plaka ..koga i jas ke bidam tamu i jas ke se gream ke se banjam ke mi doaagat gosti ,decko itn normlano deka ke platam zosto da platam za nesto sto nemam potroseno...kazi dali koga 1 mesec ke si otsuten od doma dali ke ti dodje smetka 6000iljadi ili samo taksata..toa sakam da kazam...a i tocno e deka trebalo da se dogovrat no i devojata rekla deka ke bide otsutna i deka se soglasile deka nema da plakaat...Jas ne bi dozvolila da plakat ako ne se prisutni vo stanot..sum ziveela i jas so cimerki i znam kako e..
@Priroden значи каде и да отиде ќе треба да си плати цела кирија за јануари и ќе треба да ја плати и таа сметка таму. Што, ако се преселела некој ќе ја пушти да седи така без кирија и без да плати сметки? Никој не им вика да учи на струја ама факт е дека се опуштиле и оваа не мислела дека ќе дојде толку голема сметка.
Мислев за вас што не сте седеле цел месец. Ако и текнела на оваа на први јануари да се пресели, вие ќе имавте цимерка помалку и наместо по 50-60 евра месечно ќе платевте по 75-80.
Да ти кажам, поарна ќе беше таа варијанта. Ќе имав мир да се иселеше и ќе платев само илјадарка плус.
Дечки, од моето искуство со цимерлакот, и покрај тоа шо бев две години во студентски дом ( тоа е правата ствар ) ја научив и ја видов на дело лекцијата - чиста сметка долга љубов. Значи, ако сте цимери, сметките и киријата ги делите подеднакво на сите(колку и да ве има) без разлика дали сте биле тука или не. Не мора да ги напињате газдите дека еве оваа си отиде па ние не ја доплаќаме разликата во кирија и слични глупости, а исто и со сметките. Значи вие сами сте си одбрале со кој ке бидете цимери, а не газдите, ЕВН, ПРОАКВА или КОМУНАЛНО и нив не ги интересира кој си заминал или како си заминал, кој колку потрошил и слично туку ги интересира сметката во рокот од тие 15 дена да биде платена и крај. Секако дека има ситуации кога треба да се излезе во пресрет на некој, има тешки ситуации кога е криза и слично али тоа не може да трае засекогаш За сметки и такви глупости пред се треба да се има осет .... не викам да се измрзне или да не се бањаш али па не треба да се замислува некој дека на бања па од толку шо е топло во станот и комшиите да ви реагираат Затоа не се зема секој за цимер Се погоре важи и за цимерство во студентски дом, освен тоа што таму понекогаш и немаш некоја прилика да си ги бираш цимерите
Јас читав темава и еве ќе дадам и мое мислење. Значи ако дотичната особа не плаќа, а самата ја потрошила струјата секако дека е логично самата да си ја плати сметката (ако седела само таа во станот). Е сега вие ако ги чувате стварите во станот мора и вие да платите одреден дел за киријата (ретко кој газда не наплаќа на студенти па дури и на лето за време на распустот летен, само затоа што го чува станот). Во СК знам дека е тоа доста застапено "Ако сакаш и наредната година да ви го чувам станот ќе платите пола од самата кирија, секако со обврска на газдата на станот да ви дозволи некои ствари ваши да си ги оставите таму кои не ви се толку потребни веднаш да ги носите дома". E сега, велиш неплаќа за сметката, а веќе и наредна ќе дојде, договорете се со неа ако нема пари нека продај нешто телефон, лаптоп (ако носи) не сте вие должни да ја трпите. Па, ако немаш пари бе човек, не се брукај ете работела некаде, не мора да оди на факултет (на крај краева незрели луѓе што не знаат да раководат домаќински со своите пари, и не мора да имаат факултетска диплома. Инаку, мора да и побарете сите колективно пари, не само ти да и бараш.
Znaci ne opravduvam neplakanje kirija mora da si plati kirija sekako ,no nema sto da ja plaka strujata sto ne ja potrosila...
А што во случај ако сите сте биле заминати дома, значи никој не користел и трошел струја, и стигнала сметка од 800 денари??? кој ќе ја плати сметката? или ќе му ја оставите на газдата пошо нели никој немаше ?