Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со цимери

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WarriorAngel, 20 февруари 2016.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Не е за 1000 денари бре луѓе, да е за 1000 одамна ќе ги дадевме и ќе си отидеше туку се многу повеќе. Ако не успееме да извлечеме пари 6700 ќе дојдат на товар на нас трите, и исто така наредната сметка која треба да биде околу 8000 исто ќе се дели на три и плус останатите сметки.


    @JonyBravo Ако беше случајот да дојде 800, а никој не седел тука ќе делевме еднакво. И многу пати кажав дека за другите сметки(интернет, вода, кабловска, чистење во зградата и струја во зградата) дадов четврт дел, а за струјата за во станот дадов 500 оти толку можам и сакам да дадам.
    Јас се те разбирам, не ми е прва година со цимери, разбирам што мислиш кога кажуваш како треба да се одвиваат работите во цимерлакот, ама ова со неа не е нормален цимерлак веќе многу време и нејќам јас да помогнам на некој по којзнае кој пат бидејќи не заслужува.

    @crimson Да, го држам станот зафатен но, сум платила кирија за него и и тие самите ги чув како се радуваат што нема да бидеме тука, демек секој ден ќе правеле забави, самите си рекоа дека не би било фер да ни бараат пари оти не сме трошеле. А во случај да сум се иселила и да имало нова цимерка, сметката за струја ќе била многу повеќе од 6700 и пак немало да сака да ја плати оти и тоа ќе и биде многу.

    Утрово пак пробавме да правиме муабет со неа, јас и едната цимерка бевме. Таа почна да вика, се скаравме, и и рековме да биде спакувана до викендот. Ја викнавме пак газдарицата, дојде, и и тие двете се скараа. Газдарицата се јави кај неа дома, прашала дали им кажала оваа дека должи пари и рекле дека не знаеле ништо (а викаше дека од дома пари чека). Им кажа колку треба да пратат и рекоа дека до петок ќе биле парите на сметка на газдарицата ама не верувам бидејќи и нејзините не ми изгледаат на разумни личности.
    Ќе се откажам јас, не и барам пари до петок, па ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека штом газдарицата, сепак е повозрасна и построга, реши да се вмеша ќе се среди.
     
    Последна измена: 24 февруари 2016
    На kim.k, rose60, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Вака, не ги читав туѓите мислења, ќе одговорам само за твоето прочитано, не е за коментирање која што треба да плати и зошто (како се делеле сметките), зошто тоа е ваш однапред договорен план. Значи не ти текнало тебе сега напамет.
    Проблемот е што ги сакате парите назад, а неа да ја истерате.
    Тешко дека и двете работи ќе може да ги остварите, освен ако сте многу мудри да ги извлечите парите од неа (зошто ако и се заканите дека ќе ја истерате можеи сама да си замине).
    Вие сте криви што сте ја толерирале цело време, па дошло до ова.
    Уште првиот, вториот месец требало да расчистите со ваква личност. Не е секој за цимер.И не сте вие должни да плаќате туѓи сметки (освен ако сакате хумано тоа да го правите).
     
    На cresa-jagoda, LUCERKA, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Ретко можи коментар да ме изребоволтира.
    Како личност ското 8 год што седам во Ск, и сум сменала над 6 газди, дозволими да ти кажам дека со сите до еден ден денес си живеам! А дали знаеш зошто? ЗАТОА ШТО БИЛЕ ЛУЃЕ. ИМале разбирање ако немам до 5-10 пари, сепак моите ми праќаат не знаат ни они кога точно плата. Па ќе ме причекале. Околу депозитот во ред е секаде тоа функционира, никаде не сум потпишала нотарски договор. Но,никогаш не ни имало проблем. Со тие што си имала проблем, прво треба да видиш кои се што се, студираат ли работат, учат и слично, по можност и претставник од родителите. Со ова ме интересира да зеам кирија и сметки на 1ви, да ми беше мене газдарица со ова однесување нз како ќе те исрпев,од инат ќе ти каснев затоа што пред се сите ние сме ЛУЃЕ и треба да се има разбирачка.
    И да, уште ова ме интересираше, од градот каде што потекнувам живеам во куќа 300 квадрати, ова го пишувам како може во летно време паушал 3000 ден да ти дојди? МОлим те објасни ми

    P.s. Во станов кај што сум, живеам 4 додини, денес е 25ти веќе тек на 26ти газдата ќе дојди по кирија за фебруари. Но знаеш што? За тоа што ме трпи што доцнам секоја година кречам на моја сметка и перам теписи и душеци, затоа запамти добрината со добро се враќа. А станот, за станот како за свој се грижам, чистење одржување и слично а да, замисли ако нешто се расипи газдата сакаше сам да го покрива трошокот затоа што е презадоволен од начинот на кој го чуваме станот. Запамти, твоете почекување за кирија може да те чини убав и среден стан каде што ќе немаш потреба да реновираш.
     
    На Sesil, okcenzi, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    @macovska стварно нема потреба од трескање од земја на темава. Јас си го дадов своето мислење и искуството кое сум го имала со потстанари а кое не е и така мало . 15 години го издавам тој стан и многу добро знам какви се луѓе има и какви се нелуѓе ми имаат влезено таму. Од секакви изволевања до бегања без да си ги подмират давачките. Ако не си кадарен да живееш сам или под кирија дреми дома со твоите, никој не е должен туги долгови да плака. Ако си се договорил дека ке си плакаш кирија секој месец на определена дата -ќе си ја плакаш киријата, во ред е да те почека газдата неколку дена никој не рипа одма на 1ви или на 15ти или било кој ден од месецот да ти ги земе парите. Ама има многу преваранти и фала богу дека ке сакам да си се заштитам како себе си од туги давачки така и имотот да си го заштитам. Колку што знаат да бидат безобразни станарите уште побезобразни знаат да бидат родителите нивни. Крај краева јас за тој стан пари имам дадено од уста имам двоено и нема да дозволам некој зулум да ми праи под мој покрив. Сум имала студенти, сум имала парови, сум имала вработени во иснтитуции , сум имала постари луге и со сите различно било. Не се жалам од сите, имало навистина фер кираџии кои ако им стигнала плата порано, кирија и порано од договореното плаќале ама сум имала и кираџии кои извољевале сметки ај да не плакам секој месец ај на 6 месеци да ти ги плакам што е сулудо, едни сакале интернет и телефон ајде приклучи им ,тие што дошле после нив не сакале па ајде трчај да исклучуваш, едните биле цимери сакале посебни кревети тие што дошле после нив биле дечко и девојка сакале брачен кревет ... Се што било расипано јас сум поправала и тоа не сум го наплаќала иако се расипало додека они седеле во тој стан од кај да знам можеби од нивна немарност ми го расипале, сијалица да им пукнела ја сум идела да им ја сменам сијалицата , едни кадата ја имаа запушено па мајстор коа им однесов да види што е се чудеше мајсторот и им кажа дека тие туфни коса што им се запушила коа се бањале треба да се исчистат и сл безобразлуци. Сум имала и цимери кои како проблемот на девојката која ја отвори темата се испокараа мегу себе па едниот си излезе од станот па тој што остана се лигавеше се бркаа по градов да си ги поделат давачките за на крај и вториот на најбезобразен начин со неплатени сметки и без да ми го врати клучот си кидна. Е ради такви со години уназад секој договор за закуп си го заверувам на нотар за да се поштедам од вакви главоболки.Ако не сакаш на нотар да дојдеш молим лепо ке си најдам други кираџии не се ни први ни последни. И мене секој месец од УЈП ме даночат за тој приход ама попрво данок ке плакам отколку тие чисти пари во џеб да ги имам и секој месец да се тресам дали некој ке ми избега без да ми плати . Крај краева тотално немам потреба од инаетења , тоа дома на мама и на тато нека им се инаетат ако не ти чини слободно оди си ако не ми чиниш ќе те избркам и решена работа. Фала богу у градов стално има луге кои бараат стан под кирија , па никогаш до сеа не ми бил празен без кираџии повеке од еден месец, за да морам да се натегам и да трпам извољевања.
     
    На stetoskop, eloves, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Ги добивме парите денес, мислам нејзините ги пратија на газдарицата, па ја плативме сметката. :)
    И убаво и кажавме сите, мислам дека без кавги и молење ќе ги даде и за наредната сметка.
     
    Последна измена: 25 февруари 2016
    На Umbrella22, Silver.E, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.013
    Пол:
    Женски
    Уште ќе живеете со неа? :D
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Боже Господе.
    Не, нема да живееме со неа, до сабота вечер ќе се отсели ама ќе треба да даде пари и за оваа сметка што ќе дојде.
     
    На cresa-jagoda и eloves им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.013
    Пол:
    Женски
    Заради ова помислив така :)
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel Milo mi e sto go resivte problemot, sepak kazuvanje na majka i ispadna najefektivno :D.
     
    На WarriorAngel, eloves и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.534
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel што стана, цимерката го напушти ли станот?
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас уште см зачудена за сметката за струја која поушално во лето иде 3000 ден.
     
    На crimson, macovska, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.011
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Цела зима греам на струја стан од 45м², па никогаш ми нема дојдено регуларна сметка од 3000 денари, а не пак паушал во eкот на сезона во која нема греење, ама ајде...
     
    На crimson и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.051
    Не знам зошто се чудите за сметките за струја... Цела грејна сезона се греам на струја и тоа греам 2 спални и дневна + кујна и сметката најскапата, за декември беше 3800.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се чудиме дека феминката кажа сметка за струја во лето поушално ( значи кога никој не троши) и иде 3000 ден, а во зима дека ке се радува ако и е 11 000 ден ( мислам ептен нема смисла цената)
    еве на ова се зачудив
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 се пресели цимеркава, некои работи и седат ама ќе дојдела пак да си ги земе овие денови.

    Ние четирите готвиме на струја, цела грејна сезона грееме две соби со панели што значи дека голем дел од времето панелот е уклучен, бојлерот е речиси цело време уклучен, за викенд пералната три пати ја уклучуваме и пак ни доаѓа околу 8 000, мислам дека не би можеле да потрошиме повеќе од ова освен ако не почнеме да правиме како ланските кираџии во станот. Ним им доаѓало струја во грејната сезона околу 9 000 до 10 000 бидејќи вратите нонстоп им биле отворени цел стан да се грее и си оделе по куси ракави така да не ми е толку чудно да дојде сметка од 11 000 во некоја поголема куќа каде што на пример секоја соба ќе се грее.
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Не дека од тука зачудените ми ги плаќаат сметките па да им се објаснувам ама ајде ке се обидам дилемите да им ги разрешам. Многу зависи сметката за струја дали дома покрај струјата имаш парно.,дали се грееш на панелки, колкава просторија грееш, каква изолација имаш, дали пазиш ефтина или скапа струја и сл. Ние неаме парно така да се грееме на 3 печки од 6ките најјаките за тие со се запознаени со истите или ги имаат дома. Последната сметка ми беше рамно 11 000 денари во најладниот период, тековните зимни се движат од по 6000-7000 денари зависи од месецот, летните испод 2000-3000 не биле. Би ви ги покажала ама освен ако некој нема намера да ги плати во мое име стварно не гледам зашто би ги правдала своите сметки некому. Станот ми е 87 квадрати од кои само дневната е 40 па тој простор бара топлина за да се загрее особено во ладните периоди,а од друга страна имам и други соби кои бараат загревање. Термо печките за тие што не се грееле на истите влечат струја и кога се полнат (навечер во ефтина струја) и кога дуваат преку ден.

    Во врска со паушално тарифење на ЕВН. Во летните периоди кога колегите на терен се на одмори броилата пред врата не се читаат .Не знам колку имате приметено ама јули и август секогаш без исклучок имаат иста сума на сметките ,евентуално со мала разлика од 100-200 денари. Тоа е паушално тарифење односно се зема предходната сметка , а доколку има поголема разлика во тие два месеци разликата ја наплакаат во септември со тоа што ке биде повисока сметката. Ако сакате да плаќате само улично осветлување без да ви наплакаат за струја дома треба да го извадите бушонот од броилото и на пример ако станува збор за викендиц,а во КЕЦ да пријавите дека во таа кука не се користи струја да се пријави како викендица ,броилото е исклучено па само паушално да ви стигнаат сметки за улично осветлување. Се додека саатот на броилото дома врти (бројките на дигиталните нови броила) без разлика дали нешто дома е вклучено (а секогаш е вклучено фрижидер,тв, компјутер во струја) сметката нема да биде сведена на тие 200-300 денари што се плакаат.

    И нормално пошо се зависи од тоа кој колку дреме дома ,летно време дали се пушта клима, дали се пази бојлер и сл толкава ке биде сметката.

    И @okcenzi прочитај поубаво, реков дека во најладните месеци да ми доага сметка од 6000 денари ке бидам среќна (не дека тоа е мала сума), затоа што мене во тие месеци испод 10 000 денари не ми била, а не дека ке бидам жива среќна ако ми дојде толкава сметка од 11 000 денари . Оке ?
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    I @WarriorAngel ke barate sega druga cimerka,veke imate najdeno ili pak vie tri ke ostanete vo stanot?
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Станот е добар и на убава положба е така да ќе си останеме, па еве бараме нова цимерка.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @SuperGirl24 јас имаам ист стан ( кавадратура) како твојот и клима уред за 80 м2 што во лето е по 5-6 и повеке часа вклучена. 2 фрижидера, бојлер,2 телевизори, 2 лаптопи, шпорет на струја, постојано вклучени. Повремено вклучени се машината за перење, пеглата и фенот за коса, вентилацијата, пеглата за алишта, полначи за тел итн, па никогаш во лето нема стигнато 3000 ден и кога се ова е вклучено, а влегува и уличното осветлување и влезното. А ти ЈАСНО кажа дека таа сума ти стига и кога никој не седи тамо ( кога сте цел месец на одмор). Значи бојлер не е вклучен, шпорет не, клима не, ништо не е вклучено освен фрижидерот. Мислам ти се молам, ама немаше потреба од реферати и преувеличувања.
    За зимните сметки не ти коментирам ти си знаеш, иако јас во една соба имам и термо и дополнително вклучвам греалица, но во ред нека е така може си во право,а ама само за грејна сезона.

    Небитно, да се вратиме на тема.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.