Проблемот со кучињата скитници станува сè поголем

Дискусија во 'Политика и настани' започната од CrazyGirl15, 5 ноември 2018.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    25.275
    Пол:
    Женски
    https://vecer.mk/makedonija/gostiva...padna-vo-vardar-begajkji-od-kuchinja-skitnici
    Аман веќе , кога ќе се реши проблемот со напуштените кучиња и мачиња .. Смачено ми е да ги гледам како пребаруваат во контињери во обид да најдат храна за да прежовеат ;( . На страна тоа што некој може да настрада . Кутрото девојче , сигурно се исплашило кога видело глутница гладни кучиња :( . Ист е проблемот и овде .. Колку несовесен народ сме .. Пред некој ден видов ново напуштено куче - хаски . Толку убаво куче оставено на милост и немилост . Имаше и околувратник , за жал без некакви информации за сопствениците .. Жално . И вака ќе биде се додека некој не настрада од нив , а можеби и потоа ќе остане вака .. Наместо да се спасуваат овие кучиња се фрлаат и по 1000€ за " расно " кутре ;( додека надвор се повеќе се оставаат кучиња од несовесните газди ;(:@
     
    На PaLaVa, smooch, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    ^ се' додека нема казни за сите оние кои кучињата ги оставаат на улица, ќе се случуваат и пострашни работи.

    Арно сите до едно денес да ги еутанизираме, за 6 месеци пак ќе има илјадници.

    Зошто најпозната пракса е да не ја стерилизираш кучката, да раѓа кученца кои константно ќе ги исфрлаш на улица, па тие на улица ќе се размножуваат...


    Не се криви кучињата.
    Туку овој болен и бесчувствителен народ, грам свест да се немало.


    Во дадениов момент се убедувам со комшија да не остави 4 кученца на улица, ем "не било природно" да ја стерилизира кучката, ем е идиот.

    Посакувам такви казни да им стегаат, по 10 години да не можат да ги отплатат.

    Ужасно сум револтирана, ама ужасно.

    Од кога за себе знам за ова се зборува, арно запамтете дека е 2018 и тек годинава ПРВ ПАТ има акција за бесплатно чипирање на миленици.
    Никаков ред, никаков закон, уште малку ќе почнат и деца по улици да раѓаат и да ги оставаат.

    Стока неписмена проклета.
     
    На crimson, CrazyGirl15, Ivan4e04 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    За жал починало девојчето :(
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.251
    Господ да ми прости, ама знаев :(
    Само што видов дека го барале... ме удри умот дека нема арно да заврши... :(
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Може јас сум проста, ама не ми влага во глава како може во Вардар да се удави, ако била свесна секако.
    Вардар не е ни длабок, ни брз нешто посебно.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.251
    За жал, можно е...
    Не треба многу вода.
    20см висока вода, може да однесе автомобил... не пак дете..
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.174
    Пол:
    Женски
    којзнае колку се извадила од памет. Јас денес од коњ ќе настрадав ко прв пат во живот да сум во контакт со него. Уште коски ми се тресат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ауу страшна е работава со кучињава.
    Имало секогаш, ама сега толку се намножени како глувци. По 10-15 се собираат баш таму највеќе луѓе кај што има. И по се трчаат, точаци, коли, луѓе. Како ќе им текне у моментот, па оди ако можеш одбрани се. Да ти е страв да поминеш, мора со едно око у нив да гледаш.
    Еднаш како ми заскока едно по ќесето што го носев, ме бутна у шипка од ограда па си одев со модрица колку дланкава голема.

    Жал ми е, и ги сакам, ама не заслужуваат ваков живот.
    Плус, голем дел од нив се коски и кожа. И да ги храни некој нема да постигне. Мора итно да се реши проблемот со бездомни кучиња.
     
    На Ivan4e04, blackwave, PaLaVa и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    54.727
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за девојчето, навистина. Ама настанов ми нема логика. Како прво, не е официјално дека е бркано од кучиња и како второ, зошто тие очевидците кои наводно виделе дека девојчето бега од кучиња кои трчаат по неа, не се обиделе да му помогнат? Зар сите стоеле и гледале како тоа се дави и чекале на некој друг да дојде да го спаси. Не може па ниеден од нив да не интервенира кога живот бил во прашање. Или кучињата се само додадени во настанов за да се зголемат труењата или тие што гледале не се в ред чим ништо не сториле. Не се обидувам "да ги бранам песојте" и не велам дека не е возможно кучиња да го бркале девојчето, само барам логика во настанов.

    Сега многу животни кучиња и мачки што не се ни криви ни должни за настанов ќе си го однесат, јер ова е Македонија, се "одмаздуваме" на невините.

    Нека почива во мир девојчето, и се надевам ќе добиеме појасни информации.
     
    На crimson, CrazyGirl15, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Абе 17 годишна нели е.. зборам за секој 13-14+ години, не за мали деца...
     
    На daylight и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Апсолутно!
    Ама решението не е популарно кај ни една власт, затоа што не е популарно кај граѓаните.

    Казни за нечипирани миленици (не само кучиња), казни за невакцинирани миленици, казни за нестерилизирани миленици - не може секој како ќе му текне да ги размножува.

    Најтрагично е што постои правилник за како се размножуваат расни кучиња, ама... никој не го почитува.

    Епа ако ти висат такви казни, оди биди "фраер" па нека ти раѓа кучката, или не вакцинирај или остави кучиња на улица.

    Да видиш како "магично" ќе почне да се решава проблемот. 1
     
    На crimson, LollySky, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.174
    Пол:
    Женски
    Ама и да е бркана од кучиња ..Може сега ќе им текне дека морат нешто да превземат. Тие кучиња не треба да се на улица. стационари, чипови (фала богу има сега акција за тоа), и казни за квази газдите кои напуштаат кучиња .
    јес да живееме во анусот на светот ама време е да се отворат очи. успивање не е решение. Се дур утре пак некој се ослободи од својот миленик.
     
    На PaLaVa, LollySky, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Само една кучка е доволна да произведе 10 нови кучиња годишно.
    А едно куче машко, знаеме и сами колку кучиња може да "произведе".

    Секое зло е од луѓето.
    Баш ме интересира дали било кој од овие што исфрлаат кучиња по улица, чувствуваат барем грам одговорност или грижа на совест.
     
    На ivi1987, PaLaVa, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.174
    Пол:
    Женски
    токму така. кучето не е криво. крив е тој што се откажал од него.
    свесноста кај животните никогаш нема да биде на исто ниво со свесноста кај човекот. За жал види обратна ситуација. животното се труди да се социјализира. А човекот се труди да е позаникаде од што може.
     
    На PaLaVa, LollySky, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Точно. И од нив, и од државата.

    Никако не можам да ги разберам властите, кои имаа многу решенија понудени од активисти и здруженија а ни едно не прифатија.
    Тие новите слики од Вардариште се да ги гледаш и срцето да ти се кине. Лежат на мокри бетони, после стерилизација, скелети само. Толку жално и мизерно нешто немам видено. Треба да се направи регистар на сопственици, со чипови, и да овозможуваат стерилизација по пристапни цени на луѓето.
    Земаат пари од буџет, само многу ме интересира у чив џеб завршуваат истите. Затоа што очигледно на се се трошат, само за тоа што се наменети не.

    И најинтересно, нема малечки кутриња во населба кај мене, сите се возрасни, сите имаат менѓушки. Не сум видела мало со години. Значи некој доаѓа и носи нови, најверојатно од Вардариште ги пуштаат кај ќе им текне.
    А тие кутрите и меѓу себе се борат :(

    Најново, видов хаска. Преубаво куче, меко крзно, дојде да се погали. Јас мислев дека некој ја пуштил да се шета, дека трча низ паркот сама, ама после некој ден пак беше таму. Што значи на некое говедо му здосадила па ја оставил сама да се снаоѓа.

    За чудо, на последниот протест што беше организиран имаше премногу луѓе. Можеби и ќе им текне да средат колку толку ситуација.
     
    На crimson, Ivan4e04, blackwave и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.938
    Допаѓања:
    54.727
    Пол:
    Женски
    Не знам еве кога ќе сфати македончето дека главниот проблем лежи во човекот за зголемениот број на скитници и дека може лесно да се реши ако се воведат казни за оставање миленици на улица и за нечипирање кои маваат по џеб бидејќи таму најмногу боли и се изградат стационари за хуман третман каде ќе бидат вработени љубители на животни а не гадови кои се изживуваат со нив.
     
    На Ivan4e04, blackwave, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Леле луѓе, се фрапирав. Не се нормални со кучињава веќе, за жал, мислам дека само драстични мерки се решението за сега да се намали бројката, а потоа да се контролира со чипирање. :(

    Јас имам страшна фобија веќе развиено од уличните кучиња. Забележувам дека одбегнувам да се движам каде што ги има (значи - менувам како живеам и функционирам за да не се сретнам/разминам со куче), не сакам баш сама да се движам навечер затоа што ги има на секои 100-тина метри. Од едно и не ми е толку страв колку што ми е страв од глутници. Буквално ме фаќа паника, ме облива ладна пот, тахикардија... А и со мојава здравствена состојба, уште тоа ми фали за да се углавам во болница на некоја недела. :(

    Минатата недела една другарка што е огроооомен ама огромен љубител на кучиња ја каснало улично куче. Значи дома ги чува три, ги рани сите улични пропратно и вика абе само поминав до него, се стрча накај мене и ме апна. Ни 'ржење ни ништо.

    А кога го пријавила случајот, тие ненормалните и рекле - девојче, оди врати се и барај го кучето. Кога ќе го најдеш, ѕвони да дојдеме и да го заловиме. НЕ СЕ ТАЧНИ, толку. (facepalm)
     
    На mazikeen, Ivan4e04, blackwave и 15 други им се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И јас исто мислам. Нема друг начин. Кај ќе ги стават сите? Само кај мене во населба на 2 главни автобуски има по минимум 10.
    Тоа не е ни радиус од 1 км.
    А да не зборам тие по околните улички што се движат, надвор од овој круг.

    На најпрометните места се, и деца за во школо кај што поминуваат, и сите тука се симнуваат за накај дома да си одат..
     
    На mazikeen, Someonespecial, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Дејзи, што да кажам... Скроз се согласувам, премногу се. Во мојот град има стационар што го одржуваат волонтери. И тоа не е доволно, за жал. Едноставно реалноста е дека не можат да се справат. Мора да се уреди со закон и со поддршка од соодветни институции.

    Моја блиска особа волонтира таму и кажува дека навистина веќе не можат да постигнат. Прво никој не ги есапи, второ од донации се оправаат. А да, и трето - од другите општини ги истовараат овде пошто знаат дека ќе ги згрижи некој. Пример, пријавува некој бесно куче од Кочани (пример - каснало некој), и кучето се заловува таму и се истовара овде. Ете така се справува општината.

    Според нивните броења, (имаат табели со бројки, во кој реон се движат, дали се вакцинирани, итн) во градот од каде што сум има околу 600-700 кучиња (зборувам за место помало од Скопје) плус околу 200 во стационар. Тоа е страшна бројка! Па како да сме во дивината, мајка му стара.

    Некна излегувам и две кучиња, едното беше чукнато од кола и кривеше, па некој му спука и го избрка од кај шо лежеше. Ме погледна така тажно, ама како да му помогнам кога имам уплав ама начисто уплав од нив. Сестра ми постојано спасува некое, преврзува и пријавува и ги вика овие што волонтираат ама па и тие се луѓе со ограничено време и ресурси.

    И тоа што вика Камелија - без стерилизација, ништо. Џабе, пак ќе се размножат за 1 година. :(
     
    На blackwave, PaLaVa, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    265.973
    Вардариште е посебна приказна.
    Да го спроведуваа како што треба проектот, до сега делумно ќе се намалеше бројот на кучиња скитници.
    Никаква селекција не прават.

    Знам дека здруженијата со ГОДИНИ бараат да го преземат Вардариште бесплатно, односно да не земаат плата, туку волонтерски да го работат, ама ни Коце, ни овој не им дозволува.

    А во другите градови не ни има стационари.

    Моите животни се од улица земени, кучето беше едно од 9 кученца што кучката ги роди, таа е расна, исфрлена, се породи на паркинг. Другите им најдов дом, него го задржав.

    9 од само едно раѓање. ДЕВЕТ.
    Тие девет на улица уште 20 ќе родат.
     
    На ivi1987, PaLaVa, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.