Адвокат во случајов не може да помогне затоа што нејзиното возило било нерегистрирано, таа не смееала да го вози возилото ако е нерегистрирано, а тој факт не може да се заобиколи, се' друго може да се среди, евентуално ќе и' забранат управување со моторно возило од 6 до 12 месеци, и парична глоба од 500 евра, но искрено ако роднината и' е политичар од владеачката партија може да среди да помине со опомена, адвокат најмногу што може да направи е да не и' земат возачката доколку ова и' е првпат ама глобата не може да ја намали, освен како што пишав само со јаки врски, сепак ова си е мк.
Се случило ли на некој да му свири полиција за да застане, а тој да не застане? Конкретен проблем за не носење кацига на мотор, полицијата свирна, веројатно за нас, а возачот си скршна по сокак и не застана? Постои ли казна за ова во случај да ја запишат регистрацијата? Доказ немаат може само на збор да биде од полицаецот....
Да но, само свирна колата, и не запра, не не запра полицијата, немаше ни некој со стоп палка...Дали ако ја забележале регистрацијата, ќе има основа да пратат казна? Така си викам може на секој што не им се свиѓа да праќаат казни дома дека имале прекршок.Де пратими линк од овие ставки погоре што си ги навел .
Во пуштиле ротациони за да се тргнете или да ве предупредат. Не стигаат рандом казни дома. Чим не ве застанале не ве ни казниле. Памет у глава за друг пат. Носете кациги, за ваше добро е...не ради казни.
Можам да платам казна онлајн? Дека пишува да се однеси доказ за плаќање во МВР после а ако платам онлајн не ќе можам така а попрактично е да не се бркам по банки
Најдобро е преку уплатница и обавезно фотокопија од уплатницата да направиш, понекогаш се случува да се ,,изгуби" уплатницата во МВР.
На интернет банката и на мобилната апликација на Комерцијалните банка има за превземање на уплатницата во PDF формат, можеш потоа да ја испринташ. Дали и другите банки имаат не знам.