1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем на училиште

Дискусија во 'Образование' започната од lowely, 14 декември 2009.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Средно ! Проблем !!!

    и јас го имам истиот проблем, со две 4ки сум :( едниот професор ми ја поправи пред совет, о имаме една клета професорка која може да ми пиши 5, но има преголемо его. Денес беа советите, а за некој ден ќе ги добиеме евидентните листи. после нив ако сакаш може да се жалиш и да полагаш класен испит, а оценксата е конечна кога е напишана во сведителство
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Средно ! Проблем !!!

    ПОсле совет НЕМА ШАНСИ
     
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Средно ! Проблем !!!

    После совет неможе :) Ама ако една до две оценки ти фалаат за успех, поправуваат :)
     
  4. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    Средно ! Проблем !!!

    е НЕМОЖЕ за жал :|
     
  5. PrincessSuperI

    PrincessSuperI Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Средно ! Проблем !!!

    проблемот е за поправен испит за 1 за да ти стави 2 секако додека не поминеш нема да добиеш оценка затоа прашувам дали може да смени и да не одам на испит едноставно после совет 2 да ми стави ?
     
  6. SweetHeartty

    SweetHeartty Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Помош во врска со поправен во средно школо

    Здраво срцки пред се сакам да ви се преставам нова сум овде на форумот но постојано го читам сајтот доста е интересен и забавен со информативни содржини.
    Сакам да прашам нешто јас си имам една макичка, 3 година сум средно но ме оставија на полагање поради тоа што имав единици. На полагање(поправна) сум по 2 предмети па би сакал да знам дали е тешко како оди и дополнителни информации, и да ми кажете ваши искуства.

    Позз кисче.
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Би прашала овде... Повеќе прилози може ли да има во 1 реченица?
     
  8. L.u.n.a

    L.u.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Не можам повеке

    Не знаете колку ми е тешко.Не сакам да се жалам,ама....
    Сега сум прва година,гимназија.Учам бидејки морам.Мораш ова,мораш она.Мене никој не ме прашува дали можам или сакам.Професорите само ти се дерат,а ти мораш да им ќутиш за твое добро,дома на глава ти се качуваат бидејки имаш единици.Што да правам кога одредени предмети не ми одат? Што да правам кога тоа не го можам?
    Сакам да учам,ама вака не можем.Учам само зариди моите.Не го учам тоа што го сакам.Ама морам.Повеќе ни во школо не ми се оди.Наместо да одам со желба да научам нешто,јас одам затоа што морам.
    Моите ме тераат и очекуваат од мене да имам 4 и 5.Сега кога ке ги видат оценките инфаркт ке добијат и јас дома сум готова.Татко ми ке се срами од мене.Знам дека не сака ќерка единичарка.Добро ќе биде да не ме отпише од ќерка.
    Што да правам?
     
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не можам повеке

    Да, стварно не знам колку ти е тешко и ниту пак можам да разберам од што. Реално гледано, го поминуваш истото како и добар дел од останатите на твоја возраст. Школото е hell no, дома бетер и секој ден ти е крајот на светот. Јас лично ќе ти кажам, ако од дома ти бараат добри оцени, сигурно не мислат да учиш за нив, туку те посочуваат да бидеш амбициозна, да постигнеш нешто свое, и извини, ама секој може за двојка. Така да, наместо да не речам, да се жалиш, едноставно среди си ги работите, организирај си се, и ќе видиш дека не е толку тешко како што мислиш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Не можам повеке

    Види и мене моите ме тераа да учам и цело средно го поминав мислејќи дека за нив учам, а не за себе.
    Сега сфатив дека не било така.

    И јас имав единици тука и таму но тоа лесно се поправа.

    Е сега ако ептен не сакаш гимназија кажи им на твоите, но без оглед на нивната одлука учи.
    Не од што мораш, туку затоа што ти ќе поминуваш полесно понатака, еве прво на факултет ќе лезеш полесно, со помалце пари и твоите ќе се гордеат со тебе, верувај.

    И јас после родителски сум се тресела од страв ама на крај со 5.00 завршував, сите 4 години, запнував да учам.

    Гимназија убаво школо е, горе- доле слични се предметите (сега незнам што си сакала да запишеш ти).

    Татко ти нема да се срами, не се секирај, негово чедо си. Да, ќе биде нервозен и лут, но тоа за ден два го снемува, а па уште кога ќе се пофалиш дома со 4 или петка ехеее колку ќе бидеш прво ти среќна, а потоа они.

    Моите не сакаа дури ни 4 да ми видат.
    Викање, пискање по дома имав- и така секоја година, ама на крај сведителството со 5.00 срцето ми се полнеше.

    Не се секирај, само ти учи за себе и не се нервирај :*
     
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.402
    Пол:
    Женски
    Не можам повеке

    Кукаш буквлано за ништо, просто човек да те жали. Да тешко е кога некој предмет не го свакаш, ама чисто сумњам дека се ти е тешко, затоа ке вложиш повеке труд, ке посетуваш приватни проф и сл. И мене не ми одеше мат, пекол ми беше но еднаш неделно идев кај проф по мат и извлекував 4ки со кои бев на коњ :) Наместо да се жалиш, седни загреј го столчето со два часа дневно учење сигурно ке извадиш 4 и 5. И да срамота е да си девојче единичарче, срамота е како можеш да се жалиш од средно училиште...Не е страшно да се направи кикс, но истиот да се поправи, а преку цела год имаш многу и многу шанси. Не се секирај само ги послушај твоите и учи повеке. Ке видиш колку е убаво чуството кога ке добиеш некоја висока оцена, ти срекна и задоволна,а исто и твоите. Не бараат мн од тебе, но и нормлано е така да размислуваш на сите во прва година им се им е баук, а после некое време ке се смееш и ке си мислиш колку беше лесно.

    Ехххххх...се би дала да се вратат тие најубави времиња :inlove: , чекај кога ке појдеш на факс е тогаш ке видиш што е учење и мачење, а не средно училиште лимонадка.
     
  12. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Не можам повеке



    Луна ....лесно ти е тебе ..верувај дека тоа е најубавото време ...после средно ќе ти биди тешко. А мора да учиш тоа е за твое добро, твоите родители ти го мислат најдоброто за твојата иднина ...оти денешно време се нема работа ...нема за убав живот... затоа учи труди се, имаш само една обврска да учиш и да си го завршиш средно, потоа факултет. ќе го бараш тинејџерскиот живот.
     
  13. L.u.n.a

    L.u.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Не можам повеке

    Не го учам тоа што го сакам.Никогаш не сум сакала да одам гимназија.Ама моите ми кажаа или гимназија,или економско или медицина.И немав што да бирам.Не ни имам желба за учење.Уште од мала знаев што сакам да учам,но ете не смеев тоа.
    Инку на факултет нема да одам бидејки тоа не е за мене.А и немам доволно сила за тоа.Не сум доволно паметна како сите така лесно да си поминувам во животот.Не сакам да навредам,знам на никој не му е лесно,сите си имаат проблеми кој помали,кој поголеми,ама ете јас немам среќа во животот.
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Не можам повеке

    Во денешно време несмееш да размислуваш да си без факултет.
    НЕма везе, ќе увидиш покасно за тоа.
    Доколку имаат твоите средства за факултет немој да му ја мислиш.
    Не е лесно на никого, на сите ни е тешко ама вољата да го работиш она што го сакаш е поголема.

    А може да те прашам кај си сакала да се запишеш освен во овие и во Влахов?
    За женски друго школо незнам дал има.
    Оно сите се и за женски и машки ама обично во Коце и тн. женски нема.
     
  15. L.u.n.a

    L.u.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Не можам повеке

    Нема да одам на факултет па што сака нека биде.Немам сили да се расправам.И што ако завршам факултет? Денес не секој втор туку секој завршил факултет.И што ако не сум за на факултет? Не секој е за на факултет.
    А и плус и да сакам не можам да се запишам на факултет бидејки со толку слаби оценки тешко,а и матура јас тешко да положам.
    Разочарана сум од се,а најмногу од себе.
     
  16. sim0na

    sim0na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    10
    Не можам повеке



    Сега вака зборуваш оти си нервозна... Можеби и со факултет нема работа но имаш карта за понапред во животот за разлика само со средно ( секој со среќата) За ова што го зборуваш доколку го направиш верувај ке се каеш во животот... Зошто сама си се понижуваш ???? ти треба сама да се охрабруваш ...јас можам јас сакам.... Јас така се охрабрувам ...јас се запишав на факултет и си учам редовно ама тоа што го имам постигнато сето тоа ми е создадено од психата ...Јас можам да научам зар сум глупава?? кога ќе видам некои личности што завршиле факултет па не сум толку глупава и јас да не завршам .... значи ти зборувам за фак. но тоа важи и за средното. сето тоа тебе ќе ти треба ... зар ке подклекниш кон учениците со појак успех..покажи му дека можиш. Уживај во најубавите години ,единствената обврска кон УЧЕЊЕТО
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не можам повеке

    |( Знаеш што ти фали тебе? Ај да не бидам како Цацко-даска ти фали, ама две три васпитни добро ќе ти дојдат. Се лигавиш тука по форуми, не ти се учи, леле ти не можеш да учиш немаш волја за ништо.
    Твоите сакале да те насочат во животот, виделе дека ти за ништо не се интересираш па ти дале добри идеи.
    Со ваков став тешко дека ќе влезеш во економско или медицина. Денес нема ништо со средно, па и медицинските сестри почнаа да учат факултети сега.
    А ти имаше ли некоја посебна желба за училиште?
    Ај оди таму фати книгата, учи, немој да кукаш, размазено детиште. Можеби ќе се освестиш некогаш ама касно ќе ти биде. Велиш ни со факултети немале работа ама ти ни средно нема да завршиш со тој памет.
    Па уште се жали-учам заради моите |-) , оди легни си разбистри ја главата. Не учиш ти за твоите тоа биди сигурна, туку твоите те тераат да учиш за тебе а не за нив, зашто гледаат колку си ти неупатена и несвесна за себе. Наместо да им бидеш благодарна ќе се лигавиш по форуми дека учиш за нив. Кога веќе си запишала гимназија, учи и заврши со добар успех за да можеш да продолжиш на факултет, а ако не ти се учи тоа кажи им нека фатат врски да те префрлат во економско или медицина.
    И освести дека учењето е за тебе а не за твоите родители, тие го поминале нивното и се што прават е да ти помогнат да го избереш вистинскиот пат.
    Размислувај позитивно и сакај го учењето, образувај се на секој можен начин, сакај да учиш нешто ново, не само на училиште туку еве дознавај работи преку интернет, од наука, политика, култура итн. Стекни навика да учиш и ќе ти биде полесно. А со ваков негативен став нема да стигнеш никаде во животот и што е најлошо, многу ќе се каеш.

    Колку за потсетување
     
    На LittlePinky и I.want.to.sleep им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не можам повеке

    Лесно е да се откажиш. Најлесно. Само таквите не успеваат во ништо.

    Тешко е да стегниш заби и да продолжиш. Ама вреди.

    Конкретно за тебе, прва година средна си. Имаш време додека завршиш четврта, тогаш со друг ум ќе си ти гарантирам.
    Сега си во тие години, те фаќаат кризи, депресии, пубертетот си го прави своето...
    Ама дај бе девојче, ги живееш најубавите години, опушти се малку.

    Супер што си гимназија, бидејќи си нерешителна. Учи си и терај си. За 3-4 год. ќе се думаш за на факултет.
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    89.356
    Пол:
    Женски
    Не можам повеке

    Се гледа дека размислувањето е на девојче од 14-15 години т.е прва година гимназија .(без навреда)
    Значи ти си во нова средина каде што мораш да се прилагодиш да си направиш шема како ке се движиш низ предметите и како ќе напреднуваш,органиирај се !

    Оваа ти е најубаво време, ти можеби сега си нервозна ,разочарана,лута на твоите родители, бесна, но како и другите феминки ќе кажам и јас твоите родители прават се за твое добро верувај на твоја возраст ти сеуште не си во можност да размислуваш како доволно зрела личност.

    Нема да се запишеш на факултет затоа што имаш слаби оцени ???
    Па сеуште не е поминато ниту првото тромесечје колку што знам јас , а ти се жалиш.
    Девојче размисли убаво и (помири) се со тоа што е и обрни внимание малку ,подобри се, потруди се да учиш,зближи се со некој што може да ти помогне да го совладаш материјалот посетувај приватни часови ако е тоа потребно.А сега само се нервираш , се лутиш на твоите родители им тераш инат а сетоа тоа само ти ги влошува односите со нив

    -Јас во 3та и 4та година бев решена да се запишам на приватен факултет на криминалистика. Моите на тоа реагираа бурно и не ми дозволија.Да и јас имав слаби оцени,акав да одам на приватен со пари дека таму е се многу полесно (ќе платиш и положуваш) .Кажав не одам на факултет во никој случај.
    Ќе ја цитирам мајка ми - Пробај запиши се на државен види како е , што ќе правиш дома, уте друг ден не знаеш што животот може да ти донесе
    Размислив ја послушав,се запишав на државен факултет земав година за година чистев се на време и се борев да не бидам во никој случај со многу слаби резултати.
    Па еве за 20 дена ќе дипломирам и благодарна сум им на моите , што ме насочија како да продолжам

    Ти раскажав дел од мојата приказна се надевам дека ќе послушаш некој совет не само овој што јас ти го давам туку и од другите што те коментираа.

    Верувај секој еден родител се бори за најдоброто за неговото дете
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Не можам повеке

    Епа како бе девојче да ти помогнеме кога самата си викаш не сум доволно паметна, не е факултет за мене? Ај кажи... што да те посоветуваме?
    Ти што сакаш да учиш? Има нешто што те влече, што те интересира? Јас секогаш сум била за тоа дека треба да се запишеме за тоа што не интересира, нормално дека повеќе че го учиме и полесно.. Ама ти како што кажуваш ништо не те интересира и што е најтрагично ти не си ни заинтересирана да направиш нешто во врска со тоа.. Јас стварно незнам како да ти помогнам и што совет да ти дадам.
    Еве сега не го сакаш ова што го учиш.. не дека во гимназија нешто стручно се учи има од се по нешто ама ете да речеме.. Ама факултети имаш колку сакаш за се.. плус кога ќе стигнеш до упис на факултет сама ќе си одлучуваш што сакаш, твоите нема да можат да те натераат како што викаш. Одбери го тоа што го сакаш.. Ама не, пак ќе кажам не е тоа проблемот, ти сама си кажуваш не е за мене тоа нема да одам.. Страшно..
    И мене во средно ми доаѓало на моменти да си речам е неможам веќе што сака нека биде.. И да ќе си добијам 1 ама после ќе се освестам и ќе си поправам. Што планираш ти да правиш од твојот живот понатака? Необразована да бидеш? Неписмена? Што...? И не, твоите не те тераат за учиш за да можат да се фалат дека имаат ќерка што е со сите петки во школо или што е првенец на генерација, туку те тераат за ТЕБЕ, ти да не останеш неписмена, ти да научиш нешто, ти да застанеш на твои нозе утре, да не бидеш некоја што мажот ќе ја издржува цел живот затоа што нема грам школо да се вработи ни во продавница.. Ете затоа. И прекини да се жалиш по форуми, секој може да научи за 4-5, секој, само треба да се седне 2-3 саати и готово, а не да се жалам на другите. Мислиш мобинг ти прават дома, а не да ти зборат за твое добро. Плус што немаш амбиција, јас незнам како се гледаш ти себеси, незнам каква иднина замислуваш за тебе.
    Те искарав убаво, али ствано ти треба ( иако незнам колку ќе користи).